Симоне Перота
Симоне Перота (роден на 17 септември 1977 во Ештон-под-Лин, Англија) — италијански поранешен фудбалер, репрезентативец, играч од средниот ред. Бил член на фудбалската репрезентација на Италија која го освоила првото место на Светското првенство во фудбал 2006. Технички одликиПерота е познат по својот прилагодлив играчки стил, луцидните проигрувања и големата претрчана километража.[1][2] Клупска кариераРана кариераИако е роден во Англија, Перота своите први фудбалски знаења ги стекнал во младинската школа на Реџина. Првиот настап во неговиот матичен клуб бил во 1995 г. во рамките на Серија Б. Оттогаш, Симоне станал важна алка во поставата на Реџина. Три години подоцна, во 1998 г. потпишал за Јувентус, но покрај фудбалските величини како Зинедин Зидан, Дидје Дешан и Антонио Конте, Перота запишал сано 10 настапи зад своето име. Во 1999 г. тимот на Бари добил 50% од правата врз Перота, како дел од договорот со Јувентус, по кој Џанлука Ѕамброта преминал во клубот од Торино. Бари освен Перота, добиле и дополнителни 1,5 милиони евра. Во јуни 2001 г. Бари за 300 илјади евра целосно го откупиле договорот на Перота, најмногу поради неговите добри партии во нивниот дрес. На почетокот на сезоната 2001/02 од Серија А, Перота прешол во редовите на Кјево. Овој тим со помошта на Перота, зимската пауза во првенството ја минал како водач во Серија А. Перота бил асистент на победничкиот гол во натпреварот против вицешампионот Интер. РомаВо 2004 г. Рома успеа да го донесе Перота во своите редови за сума од 7,2 милиони евра, притоа потпишувајќи тригодишен договор со него. Веднаш се наметнал кај тренерот Лучано Спалети, и си обезбедил постојано место во почетните 11. Тоа резултирало со нов договор во 2006 год, овојпат со времетраење од 4 години (до 2010) и поголема плата. Одлично се вклопил во поставата 4-2-3-1, играјќи како истурен играч за врска, веднаш позади шпицот во нападот. Во октомври 2009 го продолжил постојниот договор на уште една дополнителна сезона (до 2011), за намалена плата на 2,5 милиони евра годишно. По истекувањето на овој договор потпишал нов, сѐуште важечки, до 2013 г. за загарантирана плата од 2,6 милиони евра плус бонуси во зависност од настапите. Важи за еден од носителите на играта на римската волчица, заедно со Даниеле Де Роси и Франческо Тоти. Репрезентативна кариераБез разлика што е роден во Англија, Перота немал право да игра за нивната репрезентација. Со екипата на Италија под-21 го освоил пехарот на УЕФА Европско првенство до 21 година во 2000 г. но не настапил на Летните олимписките игри 2000 год. поради ситна повреда. Своето деби за репрезентацијата на Италија го имал во 2002 г. Бил пријавен и за Европското првенство во фудбал 2004, кога впрочем и постигнал гол против Бугарија во фазата по групи. Перота бил во составот на Марчело Липи за Светското првенство 2006, каде бил во почетниот тим на сите 7 натпревари за аѕурите на патот до нивниот четврт шампионски пехар.[3] Бил повикан и за Европското првенство во фудбал 2008, каде бил редовен стартер, и со Италија дотуркал до четврт-финалето каде на пенали загубиле од подоцнежниот првак Шпанија. Во 2009 г. се простил од настапите за репрезентацијата. Приватен животПерота живеел во Англија до 4-годишна возраст. Неговите родители, Франческо и Ана Марија поседувале паб близу нивниот дом, пред да се вратат во Италија, во 1982 г. Оваа брачна двојка водела потекло од Реџо Калабрија. На 22 декември 2010 г. бил поставен споменик на Перота пред стадионот на локалниот фудбалски тим од Ештон-под-Лин. Споменикот бил еден од трите на фудбалери родени во тоа место, и што притоа го освоиле Светското првенство во фудбал. СтатистикаТитули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia