Кристијано Дони
Кристијано Дони (роден на 1 април 1973 година во Рим) — италијански поранешен фудбалер, играч од средниот ред. Најголемиот дел од кариерата Дони го поминал во екипата на Аталанта за која одиграл повеќе од 300 официјални натпревари и е најдобриот стрелец во историјата на клубот со постигнати 122 гола во сите натпреварувања. Покрај Аталанта, настапувал уште и за Модена, Римини, Пистоезе, Болоња, Бреша, Сампдорија и Мајорка. За италијанската репрезентација одиграл 7 натпревари и постигнал еден гол, а дебитирал во 2001 година во пријателски натпревар против Јапонија во Саитама. Тој исто така ја претставувал Италија на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја. Клупска кариераДони е роден во Рим, но израснал во Верона каде што и започнал да се занимава со играње фудбал во малиот клуб Крејзи Коломбо, за набргу потоа да се приклучи на Примавера тимот на Модена. На 18 годишна возраст го потпишал првиот професионален договор, а потоа во следните две сезони бил позајмен на Римини и Пистоезе. Во сезоната 1994-1995 Дони потпишал за Болоња која во тоа време се натпреварувала во Серија Ц1, помагајќи им да изборат промоција во Серија Б за следната сезона постигнувајќи 8 гола во 25 натпревари. Тој го направил своето деби во Серија А во сезоната 1997-1998 со екипата на Бреша во натпревар против Интер на 31 август 1997. Во текот на летото 1998, Дони пристигнува во Бергамо потпишувајќи договор Аталанта во Серија Б, со цел да му помогне на клубот да се врати во највисокот ниво на италијанскиот фудбал. Тој набрзо станува клучен дел од тимот, благодарение на неговата напорна работа и посветеност. Во сезоната 1999-2000 Аталанта успева да избори промоција во Серија А под водство на тренерот Џовани Вавасори, а Дони дал голем придонес за успехот со 14 постигнати голови на 37 натпревари во Серија Б таа сезона. И во следните три сезони во Серија А, Дони бил референтна точка на Аталанта меѓутоа ниту неговите 10 гола не му помогнале на клубот да опстане во Серија А во сезоната 2002-2003, кога со поразот од Реџина во плејаутот биле осудени на испаѓање. По испаѓањето на Аталанта, Дони и се приклучил на екипата на Сампдорија за која одиграл 44 натпревари и постигнал 6 гола во две сезони во Серија А. Откако му истекол договорот со блучерати, го имал своето прво искуство во кариерата во странство потпишувајќи за Мајорка на 32-годишна возраст. Тој одиграл само една сезона во клубот запишувајќи 24 натпревари и 2 гола во Примера Дивисион, пред да се врати назад во Аталанта во август 2006.[1] До крајот на својата кариера одиграл уште пет сезони во дресот на Аталанта, станувајќи најдобар клупски стрелец во историјата на клубот со 122 постигнати гола во сите официјални натпреварувања. Исто така станал и почесен грѓанин на градот Бергамо.[2] Сепак, кариерата ја завршува неславно бидејќи на 9 август 2011 бил осуден на 3 и пол годишна забрана од фудбалот поради негова вмешаност во скандал со наместени натпревари, поради што бил приморан да ја заврши својата играчка кариера на возраст од 39 години.[3] На 19 декември, бил уапсен заедно со уште 16 други луѓе вклучени во друга истрага за наместени натпревари, во која и самиот Дони признал дека бил вмешан.[4] Репрезентативна кариераДони одиграл седум натпревари за Италија, а првиот настап го имал на 7 ноември 2001 година, во пријателски натпревар против Јапонија во Саитама, на кој го постигнал и својот прв репрезентативен погодок.[5] Следната година тој бил избран во од селекторот Џовани Трапатони во составот на репрезентацијата за Светското првенство 2002, каде направил два настапи во првото коло од групната фаза против Еквадор[6] во победата со 2-0 и потоа во поразот со 1-2 од Хрватска во кој асистирал за голот на Кристијан Виери.[7] Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 29 мај 2011.
ТитулиКлупски
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia