Марк Солер
Марк Солер Хименес (шпански: Marc Soler Gimènez; р. 22 ноември 1993) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.[1] КариераВо 2017 година, Солер завршил трет во генералниот пласман зад колегата Алехандро Валверде и Алберто Контадор на Волта а Каталуња, освојувајќи го пласманот за млад возач. Подоцна, истата година бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2017.[2] 2018![]() Во март 2018 година ја освоил етапната трка Париз-Ница.[3][4] Солер ја започнал последната етапа на трката со 37 секунди зад Јејтс на шестото место, кога нападнал на половина од етапата заедно со сонародникот Давид де ла Круз (Тим Скај); на двоецот им се приклучил Омар Фраиле (Астана) на чело на трката и тројката успеала да остане пред главната група до Ница. Бидејќи Де ла Круз и Фраиле се натпреварувале за етапата, Солер завршил трет - добивајќи уште четири бонус секунди на целта како и трите секунди претходно добиени на средниот спринт - и со 35 секунди пред Јејтс и другите фаворити, било доволно да ја прослави победата пред Јејтс за четири секунди. Во јули 2018 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс.[5] Достигнувања
Распоред на резултатите на етапните трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia