Париз-Ница 2017
Париз-Ница 2017 — 75. издание на велосипедската етапна трка Париз-Ница, која се одржала помеѓу 5 и 12 март како шести настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2] Тим Скај ја освоил трката по петти пат во шест години, овој пат страна на Серхио Енао, кој успеал да го блокира нападот на последниот ден од возачот на Трек-Сегафредо, Алберто Контадор, за победа на трката од само две секунди.[3] Контадор имал 31 секунда доцнење, но се одвоил со возачот на Квик-Степ Флорс, Давид де ла Круз и Марк Солер од Мовистар Тим; откако освоил неколку секунди на средниот спринт, Контадор бил поразен на целта во Ница од Де ла Круз, што го чинело четири бонус секунди и победа на трката во корист на Енао. Подиумот бил заокружен од колегата на Де ла Круз, Даниел Мартин, 30 секунди зад Енао.[4] Квик-Степ Флорс го освоиле екипниот пласман, додека Жилијан Алафилип завршил во најдобрите петмина, предводејќи ја трката три дена. Алафилип го освоил пласманот за млад возач, додека со четири завршници во најдобрите пет и победа на поединечниот хронометар било доволно да го освои бодовниот пласман. Планинскиот пласман бил освоен од Директ Енержи втора година по ред, од страна на Лилијан Калмежан.[4] ЕкипиБидејќи Париз-Ница е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи.[6] Како и на изданието во 2016 година, екипата Лото-Судал одлучила да настапи под различно име од остатокот од сезоната: станале Лото-Фик ОЛ, промовирајќи го името на еден од производите на Судал, нивниот спонзор. Исто така, носеле сино-бели дресови со наместо стандардните црвено-бели.[7] Екипи од Светската турнеја на UCI Професионални континентални екипи РутаРутата за Париз-Ница 2017 била објавена на 3 јануари 2017 година.[8] Трката започнува со друмска етапа по првпат од 2014 година, со кружна трка околу Боа д’Арси. Планински хронометар бил предвиден на трката, но за разлика од претходните години, нема да биде одржан на Кол д’Ез. Бил предвиден на Мон Бруији, 3 километри долго искачување со просечен наклон од 7,7% и над 9% во завршниот километар. Мон Бруији бил предвиден како етапна завршница за 2016 година, но на крајот етапата била откажана поради снег.[9] Претпоследната етапа била означена како кралската етапа на трката, со две искачувања од прва категорија во завршните 40 километри на етапата – Кол Сен Мартен и етапната завршница на Кол де ла Кујол; завршницата била на највисока точка во историјата на трката, на 1.678 метри. Обете искачувања претходно биле возени на петнаесеттата етапа на Тур де Франс 1975.[10] Завршницата етапа завршувала долж крајбрежјето во Ница, но не на Англиското шеталиште како обично, во знак на почит за жртвите од терористичкиот напад на Денот на Бастилја во Ница во 2016 година.[11] Наместо тоа, трката завршила на Кејот на САД.
ЕтапиЕтапа 1
Етапа 2
Етапа 3
Етапа 4
Етапа 5
Етапа 6
Етапа 7
Етапа 8
Завршен пласман
ПоредокНа Париз-Ница 2017 постоеле четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист на крајот на секоја етапа. Постоеле временски бонуси за првите тројца на друмските етапи: етапниот победник добивал десет секунди, додека второпласираниот и третопласираниот добивале шест односно четири секунди, соодветно. Временски бонуси добивале и првите тројца возачи на средниве спринтови — три секунди за победникот на спринтот, две секунди за вториот и една секунда за третиот возач. Предводникот на генералниот пласман ја добивал жолтата маичка.[12] Овој пласман бил сметан за најважен на Париз-Ница 2017 и победникот на пласманот бил сметан за победник на трката.
Дополнително, постоел бодовен пласман, каде била доделувана зелената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршеле во првите десет на етапите. За разлика од бодовниот пласман на Тур де Франс, видот на етапата немало влијание на бодовите кои се добивале – секоја етапа имало подеднаков број на достапни бодови во ист сооднос. Исто така, бодови можеле да се добијат и на средниве спринтови; три бода доколку за првиот кој ќе ја помине линијата, два бода за вториот и еден за третиот.[12]
Имало и планински пласман, а предводникот во пласманот ја добивал белата маичка со црвени точки. Во планинскиот пласман, бодовите биле добивани доколку се стигне на врвот на искачувањето пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано со прва, втора или трета категорија, а бодовите биле сразмерно делени. На искачувањата од прва категорија, седум возачи освојувале бодови; на искачувањата од втора категорија пет возачи, а на искачувањата од трета категорија само тројца возачи освојувале бодови.[12] Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, обележена со белата маичка. Пласманот се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но учествувале само возачи родени на или по 1 јануари 1992 година.[12] Постоел и екипен пласман, во кој времињата биле додавани времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја етапа; водечка екипа на крајот на трката била онаа со најмало вкупно време.[12]
Белешки
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia