Мигел Анхел Лопес
Мигел Анхел Лопес (шпански: Miguel Ángel López; р. 4 февруари 1994) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Астана Казахстан Тим.[2] Во 2016 година, Лопес ја освоил својата прва етапна трка во Светската турнеја на Тур де Свис.[3] и ја постигнал својата прва етапна победа на некоја голема трка следната сезона на единаесеттата етапа на Вуелта а Еспања, по што следела уште една победа на петнаесеттата етапа.[4][5] Во 2019 година ги освои трките Трка Колумбија и Волта а Каталуња. Кариера2014Лопес имал успеси во 2014 година, освојувајќи неколку етапни трки додека бил аматер. Во август ја освоил Тур де л’Авенир, најпрестижната трка за возачи под 23 години. Воедно ја освоил и Вуелта а Колумбија под 23 години. 2015По успесите во 2014 година, Лопес потпишал договор со Астана. Неговиот успех на етапните трки продолжил, завршувајќи четврти на крај и освојувајќи една етапа на Вуелта а Бургос, како и седмото место на Тур де Свис. 2016Во 2016 година, Лопес го имал својот пробив, прославувајќи победи на големи етапни трки. Завршил како четврти на Тур де Сан Луис, првата трка во неговата сезона. На трката ја освоил шестата етапа и младинскиот пласман. Еден месец подоцна, Лопес завршил трет и освоил една етапа на Тур де Лангкави, осумдневна трка во Малезија. Во јуни му се случила најголемата победа досега на Тур де Свис, кога ја освоил етапната трка пред Јон Изагире и Варан Баргиј. По овие успеси, Лопес бил еден од петте возачи кои ја претставувале Колумбија на Летните олимписки игри 2016, настапувајќи на друмската трка. Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016,[6] но ја напуштил на шестата етапа.[7] 2017Лопес бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања заедно со поранешниот победник на трката Фабио Ару. На единаесеттата етапа ја остварил својата прва етапна победа на некоја голема трка, оддалечувајќи се од фаворитите на трката Крис Фрум, Винченцо Нибали и Вилко Келдерман во последните 2 километри на искачувањето од прва категорија до опсерваторијата Калар Алто.[4] Добрата форма на Лопес во планините продолжила на четиринаесеттата етапа до Сиера де ла Пандера, каде уште еднаш се оддалечил од фаворитите, завршувајќи втор зад Рафал Мајка на првото искачување од екстра категорија на трката.[8] На следната етапа заминал сам во бегство на завршницата, остварувајќи уште една етапна победа.[9] 2018Во мај 2018 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018.[10] Трката ја завршил на третото место во генералниот пласман зад Крис Фрум и Том Димулен. 2019Лопес ја освоил четвртата етапа и генералниот пласман на Волта а Каталуња 2019 во март.[11] Лопес ја завршил Џиро д’Италија 2019 на седмото место и го освоил пласманот за млад возач втора година по ред. На етапата 20, Лопес бил вклучен во инцидент со обожавател на околу 5 километри од целта. Го удрил гледачот четири пати, фрлајќи му ја капата од главата. Иако одредбите на управното тело на велосипедизмот, Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI), повикуваат на дисквалификација на возач кој ќе нападне некој на трка, судиите на трката одлучиле да не ја применат казната за Лопес. Подоцна се извинил за инцидентот, но изјавил дека возачите треба да добиваат повеќе почит од публиката.[12] Еден ден подоцна, откако Џиро завршило, UCI објавиле дека ќе го истражуваат непостапувањето во неговиот случај.[13] Достигнувања
Распоред на резултати
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia