Омар Фраиле
Омар Фраиле Матаранза (шпански: Omar Fraile Matarranza; р. 17 јули 1990) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Астана Казахстан Тим. Тој е етапен победник на големите трки Тур де Франс и Џиро д’Италија и бил двократен победник на планинскиот пласман на Вуелта а Еспања. КариераКаха Рурал (2013-2015)Возел на Светското друмско првенство. На 26 април 2015 година, Фраиле го освоил Џиро дел’Апенино од мала група на возачи, претекнувајќи ги Стефано Пираци и Дамијано Кунего.[1] Оваа победа била прва професионална победа за Омар. Подоцна истата година, Фраиле ја освоил четвртата етапа на Четири дена Динкерк. Возел на Вуелта а Еспања 2015 каде го освоил планинскиот пласман,[2] со правење навремени бегства со цел да освои бодови за пласманот.[3] Тим Дименжн Дата (2016-2017)2016Подоцна, Тим Дименжн Дата објавиле дека Фраиле ќе биде дел од нивната екипа за сезоната 2016.[4] Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016,[5] но ја напуштил трката на петтата етапа.[6] Меѓутоа пред да ја напушти трката, Фраиле успеал да ја носи маичката во планинскиот пласман на третата етапа откако собрал доволно бодови на претходната етапа. Потоа, Фраиле го освоил планинскиот пласман на Вуелта а Бургос. На крајот возел на Вуелта а Еспања, каде го освоил планинскиот пласман уште еднаш.[7] 2017Една недела пред да вози на Џиро д’Италија, Фраиле завршил втор на последната етапа на Тур де Јоркшир и втор во генералниот пласман. На единаесеттата етапа на Џиро д’Италија, Фраиле направил бегство и ја освоил етапата во спринтерска завршница меѓу членовите на бегството.[8] Успеал да освои доволно бодови во планинскиот пласман поради што ја носел водечката маичка два дена, за подоцна да ја изгуби. Астана (2018-денес)2018На Париз-Ница, Фраиле завршил втор на последната етапа зад Давид де ла Крус во спринтот.[9] Меѓутоа, еден месец подоцна се одмаздил со победа на петтата етапа на Трката околу Баскија.[10] На крајот на април, Фраиле го освоил масовниот спринт на првата етапа на Тур де Романди.[11] Фраиле завршил трет на националното друмско првенство.[12] Во јули 2018 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[13] Ја освоил четиринаесеттата етапа на трката.[14] На крајот завршил на 57. место во генералниот пласман.[15] На 4 август 2018 година, Фраиле настапил на Класика де Сан Себастијан и завршил на 24. место, 52 секунди зад победникот Жилијан Алафилип.[16] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia