Методија Зврцинов
Методија Зврцинов, познат и како Методи Зврцинов, роден Методија Илиев Зврцинов (Велес, 1929 — ?) — истакнат македонски политичар и економист од Велес. Деец во Комунистичката партија на Југославија и подоцна во Комунистичката партија на Македонија. Учесник во народната ослободителна борба и назначен за градоначалник на градот Велес меѓу 1967 и 1969 година. Пратеник во собранието на СР Македонија. Бил одбран како претседател на Административната комисија на собранието на СФРЈ и служел како пратеник во Југословенското собрание. Член во управниот одбор на стопанската банка на СР Македонија. ЖивотописРоден во 1929 година во градот Велес. Од млади години тој се приклучил во Комунистичката партија на Југославија, завршил со неговото образование во више стопанско училиште.[1] Учествува во народната ослободителна војна и се приклучува во Комунистичката партија на Македонија после војната. Политичката кариера на Зврцинов почнала во 1950-тите. Во 1963 година биле одржани избори за пратеници во президиумот на СР Македонија, за велешкиот реон бил кандидат Зврцинов и победил со 91% од гласачите.[2] Во 6 март 1964 година владата на СР Македонија формирала Комисија за испитување подрачјата на општините и околиите во Социјалистичка Република Македонија, за претседател бил избран Фируз Демир додека Зврцинов бил одобрен за член во комисијата заедно со Ќамуран Тахир.[3] Во 9 јули 1965 било донесено одлука за разрешување и именување нови членови и претседател за Управниот одбор на стопанската банка на Социјалистичка Република Македонија, за претседател бил одбран Ксенте Богоев а за потпретседател бил одбран Никола Горичан, тогашен пратеник во собранието на СР Македонија, Методија Зврцинов бил именуван како член во одборот.[4] Во 1967 година Комунистичката партија на Македонија го назначил Зврцинов како градоначалник на неговиот роден град. Тој добил краток двогодишен мандат, поради тоа неговиот придонес кон управата на Велес немало силен впечаток. За време на неговиот мандат почнал да го проширува градот и во овој период старата велешка гимназија се преместила блиску до црквата „Св. Кирил и Методиј“. Зврцинов успеал да ја развие индустријата во градот и ги современизирал нејзините фабрики. Во 1969 година неговиот мандат завршил и Александар Варналиев бил назначен за нов градоначалник. Откако заврши неговиот мандат тој учествувал во изборите за пратеник во македонското собрание. Зврцинов сакал да победи втор мандат за пратеник во комунистичкото собрание, неговите противници биле Милан Перчинков и Душан Иванов.[5] После неколку недели биле објавени резултатите и од 10.775 запишани гласачи само 9.314 гласале во изборите, 3.121 луѓе гласале за Методија Зврцинов или 33,51% од гласачите, 2.045 луѓе гласале за Милан Перчинков или 22% од гласачите, 3.330 луѓе гласале за Душан Иванов или 35,75% од гласачите додека ливчињата на 818 гласачи се сметале како неважечки, поради резултатите Зврцинов неможел да добие втор мандат и Душан Иванов станал пратеник.[6] Во 1973 година Зврцинов бил еден од потписниците на договорот „за критериумите и мерилата за усогласување на надоместокот на личен доход и на примањата на пратениците и функционерите што ги избираат или именуваат собранието, општествено-политичките организации и стопанската комора на Македонија“, во средбата бил претставен како водач на Републиканската конференција на ССРНМ.[7][1] Во 1983 година било донесено одлука за разрешување на советот на просторно планирање и нови членови биле примени, новиот претседател на советот бил Томислав Папеш, меѓу новите примени члени биле Методија Зврцинов и Ристе Ристевски, тогашниот градоначалник на градот Велес.[8] Во 1986 година со објавата на резултатите во изборите за делегати во сојузниот собор на собранието на СФРЈ Зврцинов бил примен како пратеник во југословенското собрание.[9] Во последните години на Југославија пред нејзиниот распад Зврцинов бил назначен за претседател на административната комисија на собранието на СФРЈ. За време на неговиот мандат тој поставил различни закони во Југославија и Македонија пред нејзината независност.[10][11] Починал после независноста на Македонија. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia