Список на Прцоречки градоначалници

Ова е список на Прцоречки градоначалници. Самиот поим Прцоречки „градоначалници“ може различно да се толкува. Во една статија од Јордан Хаџи Константинов-Џинот издадена во 7 март 1859 година во Цариградски весник, Џинот ги именувал т.н. „градоначалници“ на Прцорек пред неговото време. Во суштина Прцоречките „градоначалници“ можат да се сметаат како претходници на градоначалници на Велес. Според македонскиот историчар Љубен Лапе Прцоречките „градоначалници“ се водачи на црковно-училишната општина во Прцорек.[1] Доленаведниот список е според личните сеќавања на Џинот.[2]

Список

Број Име Стар правопис Забелешка
1 Петруш Шулев Петрушъ Шулевъ Подарил 3.321 унгарски форинти на Иван Шишманов.[3] Син на Мишо Шулев и дедо на Андон Шулев.[4]
2 Димко Хаџи Каменков Димко Хаджи Каменковъ Се среќава како Динко Каменков во некои дела.[5]
3 Тоше Мискинов Тошо Мискиновъ Подоцна си го сменил името во Тоше Хаџи Тасев.[4]
4 Андреј Мискинов Андрей Мискиновъ Градоначалник на Прцоречката општина после 1854 година со улогата на „главный надзирателъ школа“,[1] брат на Тоше Мискинов.[4]
5 Георги Хаџи Димов Георгій Хаджи Диновъ Се среќава како Ѓеорѓиј Хаџи Димов во некои дела.[1]
6 Костадин Кусов Костадинъ Кусовъ Познат како Косте Кусов. Брат на Андон, Јордан и Диме Кусов.[4]
7 Неде Поп Димитриев Неде Попъ Димитріевъ Син на Поп Димитрија,[4] по потекло од Рудник. Кога Турците го убиле татко му тој заедно со неговиот брат Давче се преселиле во Велес.[6]
8 Димитриј Хаџи Панов Димитрий Хаджи Пановъ Внук на Хаџи Оце Коџобашија, кој во 1837 година подарил 36.000 гроша за градбата на црквата Св. Спас.[4][7][8]
9 Панзо Хаџи Панов Панзо Хаджи Пановъ
10 Јане Георгиев Яне Георгіевъ Според Чочков, тој подоцна станал србоманска војвода.[4]
11 Андреј Георгиев Андрей Георгіевъ Син на Јане Георгиев.[2]
12 Петруш Хаџи Стојанов Петрушъ Хаджи Стояновъ Син на Хаџи Митко Хаџи Стојанов.[4]
13 Јанаки Георгиев Янакій Георгіевъ
14 Петруш Хаџи Жајбов Петрушъ Хаджи Жайбовъ Можен внук на Димитрија Џајков.[4]
15 Петруш Карамфилов Петрушъ Карамфиловъ Брат на Тевче Карамфилов.[4]

Дополнителни претставници

Во една статија Институтот на национална историја истакнува како недоставувале имињата на други заслужни членови на Прцоречката црковно-училишна општина. Меѓу нив се:[9]

Број Име Забелешка
1 Хаџи Јанко Кушев Во иницијатива заедно со Давчо Богданов ја изградиле црквата Св. Пантелејмон во 1840 година со помош од Андреја Дамјанов.[10]
2 Михаил Кушев
3 Зафир Хаџи Ангелов Подарил парични средства за испечатувањето на збирката на Петар Берон, познат преродбеник од Бугарија.
4 Арсо Коробаров Роднина на Димитар Коробаров(иќ), градоначалник на Велес меѓу 1921 и 1927 година. Брат на Георги, Ангеле и Јордан Коробаров.
5 Давче Дрндар

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Лапе, Љубен (2007). Школството, просветата и културата во Македонија во времето на Преродбата. МАНУ. стр. 190–194.
  2. 2,0 2,1 Хаџи Константинов, Јордан (7 март 1859). „Статистическо описаніе Велесъ“. Цариградски весник.
  3. Хаджипанзов, Петър (2011). Видни велешани. София: Македонски научен институт. стр. 112. ISBN 978-954-8187-83-1.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 Чочков, Христо (1929). Градъ Велесъ: Учебното дѣло до революционитѣ борби (PDF). Софија: Велешко благотворително братство „Рајко Жинзифов“. стр. 5–6.
  5. Јанев, Јован (2001). Историските и социјално-економските аспекти на еснафската организација во Македонија во времето на турското владеење. Институт за национална историја. стр. 167. ISBN 9789989624650.
  6. Данов, Љупчо (10 март 2018). „Велешкото село Рудник во кое живееле најборбени и најодлучни жители“. Дума.мк.
  7. Китевски, Марко (14 април 2024). „Закопаната црква во Велес останала под земја 4,5 века заштитена и добро сочувана од хордите“. Денешен весник.
  8. Преродба од Општина Велес
  9. Институт (1996). Гласник на Институтот за национална историја. Институт за национална историја. стр. 80.
  10. Андреевски, Стоилко (2 март 2019). „Велешките Владици и духовниот живот на Велешани“. Дума.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya