Микеле Ди Грегорио
Микеле Ди Грегорио (роден на 27 јули 1997 во Милано) — италијански фудбалер, голман на Јувентус. БиографијаРоден во Милан, со потекло од Матера, тој го загубил својот татко Марчело на тринаесетгодишна возраст; во негова чест го истетовирал неговото име на подлактицата.[2] Тој има сестра по име Анџела.[3] Во 2020 година, тој и неговата партнерка Саманта го добиле нивното прво дете, синот Марчело, крстен по таткото на Ди Грегорио.[4] Неговиот прекар е Digre.[5] Клупска кариераПочетоциДи Грегорио израснал како фудбалер во младинскиот сектор на Интер,[3] со кого го освоил првенството Примавера во сезоната 2016-2017.[6] Откако бил додаден во првиот тим во првите денови од летната турнеја,[7] на 12 јули 2017 година, непосредно пред да наполни 20 години, тој бил позајмен во Ренате, клуб кој се натпреварувал во Серија Ц.[8] По завршувањето на одличната сезона со бријанцолите, тој ја добил наградата за најдобар голман во групата А на Серија Ц лигата. Новара и ПорденонеНа 4 јули 2018 година, тој бил позајмен на Авелино, исто така во Серија Ц;[9] сепак, по објавувањето на банкротот на клубот од Кампанија неколку дена подоцна, на 24 август бил проследен со истата формула на Новара Калчо, во истата лига.[10] Исто како и минатата, така и оваа година тој бил прогласен за најдобар голман во групата А, пред се благодарение на петте одбранети последователни пенали. На 10 јули 2019 година, тој бил позајмен на новопромовираниот клуб во Серија Б, Порденоне.[11] Дебитирал во втората по квалитет италијанска лига на 13 септември 2019, забележувајќи чиста мрежа во победата со 1-0 на домашен терен над Специја. Ди Грегорио одиграл одлична сезона и во Порденоне, бранејќи во 35 натпревари придонел фурланците да завршат на четвртото место и да се квалификуваат за плејофот, каде биле елиминирани од Фрозиноне во полуфиналето. МонцаНа 27 август 2020 година, тој бил позајмен на Монца, новиот член на Серија Б.[12][13] Покажувајќи се уште еднаш како сигурна опција меѓу стативите, Ди Грегорио бранел на 29 првенствени натпревари на Монца и ја сочувал својата мрежа празна 13 пати, само еднаш помалку од голманот со најмногу чисти мрежи за сезоната Вид Белец од Салернитана. Покрај тоа, тој уште еднаш се истакнал како одличен при бранење пенали, запирајќи четири од седумте удари против него од белата точка. После одличната сезона во Монца, на 29 јуни 2021, неговата позајмица со клубот била обновена за уште една сезона, со обврска Бријанцолите да го купат за 4 милиони евра во случај да изборат промоција во Серија А.[14][15] На 30 ноември, тој ја забележал својата прва асистенција во Серија Б, со фрлање на топката преку осумдесет метри за неговиот соиграч во нападот Кристијан Гјуткјер, кој го постигнал голот со кој бил поставен конечниот резултат во успехот со 4-1 над Козенца.[16] На крајот на сезоната, тој изборил промоција во Серија А за која придонел со 41 настап (37 во регуларната сезона и 4 во плејофот) и 15 чисти мрежи; како резултат на тоа, на 29 мај 2022 година, Монца ја исполнила обврската и официјално го откупила Ди Грегорио, а Интер резервирал и 10% од идната продажба на голманот.[17][18] Тој потпишал договор на три години со важност до јули 2025 година.[19] Своето деби во Серија А го направил на 13 август 2022, во поразот на домашен терен од Торино со 1-2.[20] Во својата дебитантска сезона во Серија А, Ди Грегорио забележал 37 настапи за бјанкоросите, добивајќи ја притоа и битката со интерната конкуренција претставена од новото засилување и многу поискусниот од него поранешен италијански репрезентативец Алесио Крањо.[21] Тој бил вклучен меѓу тројцата кандидати за наградата најдобар голман на првенството, која потоа му била доделена на Иван Проведел.[22][23] На 7 јули 2023 година, тој го продолжил договорот со клубот до 2027 година.[24] Во сезоната 2023-2024 ги потврдил одличните настапи од претходната сезона и бил избран за најдобар голман на првенството.[25] ЈувентусНа 5 јули 2024 година, тој се преселил во Јувентус,[26] на заем од 4,5 милиони евра плус обврска за откуп утврдена на 13,5 милиони,[27] плус максимално два милиони бонуси.[28] На 19 август, тој го направил своето деби меѓу стативите за Јувентус во домашниот натпревар против Комо, забележувајќи чиста мрежа во победата со 3-0. Статистика на кариератаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 1 септември 2024.
ТитулиКлупскиИнтер
Поединечни
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia