Ренато Веига
Ренато Палма Веига (роден на 29 јули 2003 во Лисабон) — португалски фудбалер, играч од одбраната на Јувентус, на заем од Челси, и на португалската репрезентација. БиографијаНеговиот татко Нелсон, исто така бил фудбалер, и играл за репрезентацијата на Зелен ’Рт.[1][2] Технички карактеристикиЛевоног централен дефанзивец, кој може да игра и како лев бек, а благодарение на неговите способности со топката во нозете, може да биде користен и како дефанзивен играч од средниот ред.[3] Агресивен и вешт во одземањето на топката, тој претпочита да брани излегувајќи високо и неретко да се приклучува во контранападите, поради што нема тешкотии да се одвои за да ги попречи транзициите на противникот.[3] Тој има тенденција проактивно да се стреми кон враќање на топката и сака да ја напушти својата позиција со цел да им помогне на соиграчите во удвојување на противниците, како и да креираат простор во офанзивната фаза.[3] Исто така, поради неговата големина, за да компензира за бавната брзина при вртење, тој претпочита да ја контролира топката со ѓонот за да ја држи под своето тело.[3] Клупска кариераПочетоциРенато Веига израснал во младинскиот сектор на Спортинг Лисабон,[3] играјќи за резервниот тим но без да направи настап за првиот тим, на 31 јануари 2023 година, тој бил позајмен на германскиот клуб Аугсбург до крајот на календарската година.[4] На 11 февруари, тој го имал своето деби во Бундеслигата, во поразот од 3-1 од Мајнц 05.[5] Сепак, и покрај тоа што добил многу простор за игра во неговите 13 настапи, тој не успеал да импресионира, по што Аугсбург ја прекинале неговата позајмица на 15 август 2023 година.[6] БазелНа 28 август 2023 година, Веига бил купен за 4,6 милиони евра од швајцарскиот клуб Базел, со кого потпишал четиригодишен договор.[7] Според договорот, Спортинг задржал 10% од идната продажба на играчот.[8] Своето деби со Базел, а воедно и во Суперлигата на Швајцарија го направил на 3 септември, играјќи во почетниот состав против Цирих на Сент Јакоб Парк. Во тој натпревар кој завршил нерешено 2-2, тој постигнал гол од слободен удар, сместувајќи ја топката во аголот од страната на која се наоѓал голманот.[9] Тој погодок подоцна бил избран за „Гол на сезоната на Базел“.[10] Под водство на тренерот Тимо Шулц, тој одиграл одлична сезона, забележувајќи 23 настапи и 2 гола во првенството, главно користен како дефанзивен играч од средниот ред, но исто така, повремено играл и како „стопер“ и лев бек, каде што исто понудил одлични настапи прикажувајќи се како еден од најдобрите разноврсни играчи во лигата. Челси и ЈувентусНа 12 јули 2024 година, тој бил купен од Челси за 14 милиони евра, потпишувајќи седумгодишен договор со клубот.[11][12] На 18 август, тој го имал своето деби за клубот, влегувајќи како замена, во поразот од 2–0 од Манчестер Сити во првенството. На 3 октомври, тој го постигнал својот прв гол за лондончаните во победата од 4-2 над Гент во Лигата на конференциите.[13][14] Во првата половина од сезоната, Веига не можел да ја најде доволно простор под водството на менаџерот Енцо Мареска,[3] кој главно му давал шанса во куп натпреварите;[3][15] поради следнава причина, на 27 јануари 2025 година, тој бил позајмен до крајот на сезоната во Јувентус.[16][17][18] Своето деби со „бјанконерите“ го имал на 2 февруари, играјќи како стартер во победата со 4-1 на домашен терен над Емполи во Серија А.[19] Репрезентативна кариераВеига бил младински репрезентативец на Португалија, во селекциите под 19, под 20 и под 21 година. На 30 август 2024 година, тој бил повикан за првпат во сениорската репрезентација,[20][21] за која дебитирал осум дена подоцна во гостинскиот успех во Лигата на нации против Полска (1-3).[22] Хронологија на репрезентативните настапи
СтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 25 мај 2025.
ТитулиРепрезентативниПортугалијаНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia