Франсиско Консеисао
Франсиско Фернандеш да Консеисао (роден на 14 декември 2002 во Коимбра) — португалски фудбалер, напаѓач на Јувентус и на португалската репрезентација. БиографијаПознат под прекарот Чико, Франсиско е син на поранешниот фудбалер (подоцна и негов тренер во Порто) Сержо Консеисао; неговите постари браќа Сержо и Родриго се исто така фудбалери.[1] Технички карактеристикиОфанзивно десно крило, кое располага со одлична техника и брзина со топката квалитети кои со кои во комбинација се обидува да се ослободи од противниците и да навлезе во централното подрачје на теренот; токму поради оваа причина често од португалските медиуми бил спордуван со Еден Азар и Лионел Меси, толку многу што го добил и прекарот „Меси од Оливал“.[2][3][4] Клупска кариераПочетоциКонсеисао е роден во Коимбра. Својата фудбалска кариера ја започнал во Белененсеш, поради неговите браќа Моисес и Родриго кои исто така играле таму, пред да се пресели во академијата на Спортинг Лисабон во 2011 година на осумгодишна возраст, поминувајќи шест сезони во клубот.[5] Откако неговиот татко Сержо станал тренер на Порто, тој се приклучи на нивната академија и потоа бил позајмен на нивниот фидер клуб Падроенсе,[5][6] пред целосно да се приклучи на младинскиот состав на Порто во 2018 година.[5] ПортоНа 27 август 2020 година, Консеисао го потпишал својот прв професионален договор со клубот со важност до 2023 година.[7][8] Своето професионално деби го направил на 13 септември 2020 година со Порто Б, во поразот со 1-0 од Варзим во натпревар од Сегунда лига.[9] На 15 јануари 2021 година, неговиот татко го повикал Франсиско во првиот тим на Порто за првенствениот натпревар против Бенфика, но останал неискористена замена. Сепак, околу месец дена подоцна, тој го направил своето деби за првиот тим на Порто, заменувајќи го Вилсон Манафа во 77-мата минута од натпреварот од Примеира лига на домашен терен против Боавишта што завршил нерешено 2-2, на 13 февруари 2021.[5][10] Четири дена подоцна, дебитирал во европските натпреварувања влегувајќи во последните минути од победата со 2-1 над Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите, со што станал вториот најмлад играч на Порто кој настапил во ова натпреварување.[11] На крајот на месецот, тој бил трајно промовиран во играч на првиот тим.[12] Првата професионална сезона ја завршил со 20 настапи и 4 гола за Б тимот, а исто така забележал и вкупно 17 настапи за првиот тим. За време на сезоната 2021-2022, тој го постигнал својот прв гол за Порто, на 20 ноември 2021 година, погодок со кој го поставил конечниот резултат во победата со 5-1 над Феиренсе во четвртото коло од Купот на Португалија. На 8 јануари 2022 година, тој го постигнал својот прв првенствен гол, победничкиот во успехот со 2-3 на гостувањето кај Ешторил.[13][14] Сезоната ја завршил со вкупно 33 одиграни натпревари во сите натпреварувања и 3 постигнати гола, помагајќи му на својот клуб да ја освои двојната круна, откако Порто ги освоил титулите во првенството и купот на Португалија.[15] АјаксНа 21 јули 2022 година, тој потпишал петгодишен договор со Ајакс, откако холандскиот клуб ја активирал клаузулата во неговиот договор вредна 5 милиони евра.[16] Девет дена подоцна, тој бил неискористена замена во поразот со 5–3 од ПСВ Ајндховен во Суперкупот на Холандија 2022.[17] Тој го имал своето деби за резервите на 8 август, постигнувајќи гол со кој го израмнил резултатот на 1-1 во ремито на домашен терен против Телстар во Ерсте дивиси;[18] неговото деби за првиот тим дошло на 3 септември во победата на домашен терен со 4–0 над Камбур, заменувајќи го двојниот стрелец Стивен Бергвајн во 61-вата минута.[19] Набргу потоа, тренерот на Ајакс Алфред Шројдер открил дека има намера да го користи Консеисао како замена за Антони, за да се навикне на својот нов тим, но и покрај заминувањето на Антони, статусот на Консеисао во тимот не се променил и тој останал резерва, бидејќи Мохамед Кудус бил претпочитан како стартер на позицијата десно крило. Покрај тоа, Консеисао исто така се мачел во Холандија затоа што не зборувал холандски или англиски, што го натерало да игра во вториот тим за да се прилагоди на холандскиот стил на игра.[20] На 1 ноември, две минути подоцна откако го замени Бергвајн, тој го постигнал својот прв гол за клубот со кој ја заклучил победата над Ренџерс (3–1) во групната фаза на Лигата на шампионите.[21] На 30 април 2023, тој играл во финалето на Купот на Холандија против ПСВ, влегувајќи како замена повторно за Бергвајн во 75-тата минута од натпреварот кој завршил нерешено 1-1, но Ајакс на крајот загубиле по изведување на пенали.[22] Враќање во ПортоНа 1 септември 2023 година, Консеисао се вратил во Порто на едносезонска позајмица од Ајакс, земајќи си го повторно дресот со број 10, истиот број што го носел на крајот од неговиот прв престој кај „Змејовите“.[23] Зделката, наводно, вклучувала опција за откуп од 10 милиони евра, која би станала задолжителна доколку тој одиграл најмалку 45 минути на 25 натпревари.[24] Неговото враќање било критикувано од навивачите на клубот, вклучувајќи го и градоначалникот на Порто Руи Мореира, кој бил еден од лицата против неговото враќање.[25] И покрај тоа што немал потполна доверба од навивачите, Консеисао почнал да ги замолчува своите критичари, импресионирајќи во поразот на Порто со 1–0 во првенството против Ешторил на 3 ноември, заработувајќи место во стартните единаесет.[25][26] На 11 ноември, во првенствената победа со 2–1 на гостувањето кај Виторија Гимараеш, тој асистирал за првиот гол и го постигнал вториот.[27] Тој, исто така, постигнал гол и во следниот првенствен натпревар на гости кај Фамаликао за победата со 3–0.[25] Еден месец подоцна, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите за Порто, во победата на домашен терен со 5–3 над Шахтјор Донецк, во последниот натпревар од групната фаза.[28] Во јануари 2024 година, Ајакс, кој ја следел неговата формата, се обидел да го врати од позајмицата, но Порто одбил да преговара со клубот од Амстердам.[29][30] На 3 март, Консеисао импресионирал во победата на Порто од 5–0 над Бенфика во О Класико, учествувајќи во акцијата за вториот гол на Порто, кој го постигнал Галено.[25] Во текот на месецот, тој продолжил да импресионира со својата форма и се етаблирал како еден од најдобрите дриблери во светот од Меѓународниот центар за спортски студии (CIES), кој го сметал за втор најдобар зад Жереми Доку.[31] На 17 април, во реваншот од полуфиналето на Купот на Португалија, тој постигнал гол и асистирал во победата од 3–1 на гостувањето кај Виторија Гимараеш, за да му помогне на Порто да се пласира во финалето на турнирот.[25] На 23 април, Порто објавил дека повторно го потпишале Консеисао на трајна основа во трансфер вреден 10 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор со играчот. Тој, исто така, задржал 20% од идниот трансфер за себе.[32] И покрај незадоволителната сезона на Порто, во која клубот завршил на третото место во Примеира лига, на лично ниво Консеисао ја одиграл својата пробивна сезона, во која бил вклучен во 16 голови (осум гола и осум асистенции) на неговата екипа, освојувајќи го притоа со клубот и Купот на Португалија победувајќи го Спортинг со 2–1 во финалето на 26 мај.[33] Тој го пропуштил почетокот на новата сезона, поради проблеми со повреди, и покрај тоа што постоеле шпекулации дека Консеисао одбил да игра за својот нов тренер, Витор Бруно, по расправијата меѓу него и неговиот татко и претходен тренер на Порто, Сержо. И покрај тоа, што неговиот нов тренер негирал дека има проблеми меѓу нив, Консеисао побарал да замине од клубот, и набрзо постигнал вербален договор со Јувентус околу личните услови.[34][35] ЈувентусНа 27 август 2024 година, Консеисао му се приклучил на Јувентус на едногодишна позајмица за 7 милиони евра, плус 3 милиони евра бонуси.[36][37][38] Своето деби со „бјанконерите“, воедно и во италијанската Серија А, го имал на 1 септември во натпреварот на домашен терен против Рома (0-0), заменувајќи го Самуел Мбангула во второто полувреме.[39] На 28 септември, во својот втор настап, тој го постигнал својот прв гол во Серија А, последниот на Јувентус во славјето со 3-0 над Џенова;[40] четири дена подоцна, на 2 октомври, тој постигнал уште еден гол овојпат на своето деби во Лигата на шампионите со Јувентус, против РБ Лајпциг во победата со 2-3.[41] Репрезентативна кариераКонсеисао ја претставувал Португалија во неколку младински селекции, од под 16 години до под 21 година, со последната учестувајќи двапати на Европското првенство, во 2021 и 2023 година. На 15 март 2024 година, тој бил повикан за првпат во сениорската репрезентација,[42] за која дебитирал единаесет дена подоцна во поразот со 2-0 во пријателскиот натпревар против Словенија.[43] Потоа, тој бил избран од селекторот Роберто Мартинес да учествува на Европско првенство 2024 во Германија.[44] На 18 јуни 2024 година, во првиот натпревар од групната фаза против Чешка, тој го постигнал својот прв гол за репрезентацијата во 92-рата минута од натпреварот, само 2 минути подоцна откако се појавил во игра од клупата за резерви, гол со кој и донел победа на Португалија од 2-1.[45] Неговиот татко Сержо постигнал хет-трик против Германија речиси точно 24 години порано на 20 јуни 2000 година за време на Европското првенството 2024;[46][47] со тоа, тие станале вториот пар татко и син кои постигнале гол на Европско првенство, по италијанците Енрико и Федерико Кјеза.[48] Хронологија на репрезентативните настапиСтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 7 декември 2024.
Репрезентативна статистикаСтатистиката е ажурирана на 18 ноември 2024.[49]
ТитулиКлупскиПорто
РепрезентативниПортугалијаНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia