Николас Гонсалес
Николас Иван "Нико" Гоналес (роден на 6 април 1998 во Белен де Ескобар) — аргентински фудбалер, напаѓач на Јувентус и на аргентинската репрезентација. Технички карактеристикиЛевоног играч кој може да игра и како десно и како лево крило, а исклучително добро може да игра и како напаѓач.[3][4] Брз е, непредвидлив, вешт со топката во нозете, поседува добар дриблинг и е добар во играта во воздухот, особено кога станува збор за удари со глава, каде се снаоѓа одлично и покрај тоа што не се истакнува по својата висина.[3][5] Клупска кариераАргентинос ХуниорсИзраснат во младинските категории на Аргентинос Хуниорс,[5] Гонсалес го направил своето деби за првиот тим на 28 август 2016 година, во ремито 2-2 против Сан Мартин (Т). На крајот од првенството, „бубачките“ избориле промоција во Примера Дивисион, благодарение исто така на голот на Гонсалес против Химнасија Хухуј за победата со 1-0, со која и математички била постигната промоцијата на три кола пред крајот.[6] Тој постигнал гол и во својот прв старт во врвната дивизија во натпреварот против Белграно, завршувајќи ја сезоната со 24 настапи и 7 гола во Примера Дивисион. ШтутгартНа 10 јули 2018 година, Гонсалес се преселил во клубот од германската Бундеслига, Штутгарт,[7] за кој дебитирал на 26 август во првенствениот натпревар загубен со 1-0 од Мајнц 05, заменувајќи го во второто полувреме Даниел Дидави.[8][9] На 22 декември 2018 година, тој го постигнал својот прв гол за „швабите“, во првенствениот пораз на домашен терен од Шалке 04 со 1-3.[10] Тој го повторил ова во следното коло постигнувајќи гол во поразот од 2-3 на домашен терен против Мајнц и бил прогласен за дебитант на месецот.[11] На крајот на сезоната, клубот испаднал во 2. Бундеслига.[12] На 17 август 2019 година, го постигнал својот прв гол во Втора Бундеслига, и тоа победничкиот во 90-тата минута при успехот со 2-1 на домашен терен над Санкт Паули.[13] Во завршницата од сезоната, тој влегол во одлична форма постигнувајќи по два гола на две последователни средби во јуни 2020 година против Сандхаузен и Нирнберг.[14] Завршувајќи ја сезоната како најдобар стрелец на Штутгарт со 14 постигнати гола во првенството, тој му помогнал на клубот да избори промоција и да се врати во врвната дивизија по само една година отсуство. Назад во Првата Бундеслига, и покрај повредите кои му пречат,[15][16] тој нуди добри настапи постигнувајќи 6 гола во 15 натпревари (еден од нив и во успехот со 1-5 на гости против Борусија Дортмунд).[17][18] Во меѓувреме, тој исто така, го обновил договорот со германците на уште една сезона.[19] Вкупно за Штутгарт одиграл 79 натпревари и постигнал 23 гола. ФјорентинаНа 23 јуни 2021 година, тој бил купен од Фјорентина за 27 милиони евра,[20] со што станува најскапото засилување во историјата на клубот.[21][22] На 13 август 2021 година, тој го постигнал својот прв гол за виолетовите во натпреварот од првото коло на Купот на Италија против Козенца. Последователно, на 28 август, тој го постигнал својот прв гол во Серија А, отворајќи го резултатот во натпреварот на Артемио Франки против Торино, кој завршил со победа на Фјорентина од 2-1.[23] Во првата половина од сезоната неговото учество на теренот брзо било прекинато, прво поради дисквалификација, а потоа и поради некои здравствени проблеми.[24] Тој се вратил во стартниот состав во декември во победата на гости против Болоња.[25] Тој ја завршил сезоната на високо ниво, постигнувајќи 3 гола на последните 3 натпревари, додавајќи ги на останатите 4 постигнати во текот на годината, заедно со 6 асистенции. Следната сезона, тој го одбележал своето европско деби постигнувајќи гол за 1-0 против Твенте по само 59 секунди[26] во плејофот на Лигата на конференции. Во Серија А својот прв гол за сезоната го постигнал во натпреварот на домашен терен против Хелас Верона. Потоа, тој постигнал два гола против Хартс[27] во победата од 5-1 во рамките на групната фаза на Лигата на конференции, додека на следниот првенствен натпревар против Интер морал да го напушти теренот по само 7 минути поради повреда[28] која го принудила на долга пауза.[29] Тој се вратил во акција во натпреварот против Сасуоло на 7 јануари 2023 година, постигнувајќи гол,[30] четврти пат по ред, после 89-тата минута.[31] Тој за прв пат започна по повредата на 29 јануари кога на стадионот Олимпико во Рим постигнал гол со кој му донел бод на неговиот тим против Лацио.[32] Повторно бил одлучувачки на 4 март, кога неговиот гол од пенал го отворил патот на Фјорентина кон победата над Милан (2-1).[33] Позитивната серија ја продолжил во Европа каде погодил во Познањ против Лех, а потоа реализирал уште еден пенал за победата од 2-0 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија против Кремонезе.[34] Во првенството, својот петти гол за сезоната го постигнал во ремито 3-3 во Салерно против Салернитана, додека, на 18 мај, со два гола против Базел во Швајцарија во реванш полуфиналето на Лигата на конференции Гонсалес го одвел двомечот во продолженијата,[35] каде „виолeтовите“ постигнале уште еден гол и со победа од 1-3 стигнале до завршниот чин.[35] На 24 мај 2023 година, Гонсалес ја довел Фјорентина во водство во финалето на Купот на Италија против Интер, кое потоа било загубено со 1-2.[36] Потоа, тој погодил и во последното коло од првенството, при победата со 3-1 кај Сасуоло, затворајќи го мечот со прецизен удар со глава во 83-тата минута. Конечно, на 7 јуни, тој како стартер го започнал финалето на Лигата на конференции во кое асистирал за голот со кој Фјорентина го изедначила резултатот на 1-1, за подоцна тосканците сепак да загубат со 2-1 од Вест Хем Јунајтед.[37] И покрај поразот во финалето, тој бил награден со признание за најдобар играч на својата позиција и бил вклучен во Тимот на сезоната во УЕФА Лигата на конференции.[38] Сезоната 2022-2023, ја затворил со 14 гола и 5 асистенции во 42 настапи во сите официјални натпреварувања и бил втор најдобар стрелец на Фјорентина за сезоната зад Артур Кабрал. Во својата трета сезона со виолетовите, тој избрал да игра со дресот со број 10.[39] оставен слободен по заминувањето на Гаетано Кастровили, со натпис „Нико“ на грбот на местото на презимето.[40] Во првото коло од првенството, против Џенова тој постигнал гол во гостинската победа со 1-4. Кон крајот на месецот, неговите два гола ѝ овозможиле на Фјорентина да ја надмине негативата од првиот натпревар против Рапид Виена (загубен во Австрија со 1-0) и да го мине австрискиот претставник во плејоф рундата на Лигата на конференциите.[41] На 26 септември, тој потпишал обнова на договорот со Фјорентина до 2028 година.[42][43] Во натпреварот против Ференцварош, на 14 декември 2023 година, тој се здобил со мускулна повреда[44] што го оддалечува од терените до крајот на јануари, пропуштајќи го притоа и Суперкупот на Италија.[45][46] Тој се вратил на терените за време на домашниот натпревар против Интер, промашувајќи пенал со кој можел да изедначи на 1-1, додека на 11 февруари - во победата од 5-1 против Фрозиноне - за првпат се нашол во стартните единаесет по опоравувањето од повредата.[47] Во реванш четвртфиналето на Лигата на конференциите Гонсалес бил одлучувачки против Викторија Плзењ, постигнувајќи го првиот од двата гола,[48] за победата која ја одвела Фјорентина во полуфиналето. На 28 април 2024 година, со двата гола постигнати во победата со 5-1 против Сасуоло, тој го за првпат во својата кариера бил двоен стрелец на еден натпревар во Серија А.[49] Конечно, тој го започнал во стартната постава финалето на Лигата на конференции, како и во претходното издание, но како и тогаш Фјорентина повторно не успеала да го подигне трофејот губејќи овојпат со 1-0 од Олимпијакос. Во својата трета сезона со Фјорентина одиграл вкупно 44 натпревари, постигнувајќи 16 голови и забележувајќи 5 асистенции. Своето искуство со „виолетовите“ го завршил со вкупно 125 настапи и 38 голови.[50] ЈувентусНа 25 август 2024 година, тој се преселил во Јувентус на позајмица со обврска за откуп, за надомест од 8 милиони евра за заемот и 25 за откупот, плус можни 5 милиони во бонуси.[50][51][52] Своето деби со „бјанконерите“ го имал на 1 септември за време на домашниот натпревар против Рома (0-0) во првенството, влегувајќи во второто полувреме на местото на Душан Влаховиќ.[53] На 17 септември, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите во натпреварот на домашен терен против ПСВ добиен со 3-1, постигнувајќи го притоа третиот гол на Јувентус.[54] На 17 декември, на своето деби со Јувентус во Купот на Италија, тој постигнал прекрасен погодок лобувајќи го противничкиот голман од 20-тина метри за да ги постави конечените 4-0 во победата над Каљари во осминафиналето.[55] Пет дена подоцна, тој исто така го постигнал својот прв гол во првенството, обезбедувајќи победа од 2-1 на гостувањето кај Монца.[56] Репрезентативна кариераВо 2019 година, тој ги освоил Панамериканските игри со аргентинската репрезентација под 20 години.[57] Откако одиграл пријателски натпревар за аргентинската репрезентација под 23 години, постигнувајќи гол во истиот против врсниците од Колумбија,[58] на 13 октомври истата година, тој го направил своето деби за сениорската репрезентација, играјќи како стартер во пријателскиот натпревар против Еквадор, добиен со резултат 6-1.[59] Редовно повикуван за Аргентина, на 13 ноември 2020 година, тој го постигнал својот прв гол во дресот со државниот грб, во ремито 1-1 против Парагвај,[4] натпревар во кој играл како лев бек на местото на повредениот Николас Таљафико.[4] На 11 јуни 2021 година, тој бил вклучен во списокот со играчи повикани за Копа Америка.[60] На 11 јули, откако дал голем придонес за време на групите и нокаут фазата,[61] го освоил натпреварувањето со репрезентацијата. Потоа, на 1 јуни 2022, тој влегол во првата минута од судиското надополнување на Финалисима 2022, учествувајќи во прославата на победата на Аргентина над Италија со 3-0 на Вембли. Во ноември истата година, тој бил вклучен од селекторот Лионел Скалони во тимот што требало да учествува на Светското првенство 2022 во Катар,[62] но подоцна отпаднал поради повреда.[63][64] Во јуни 2024, Гонсалес бил вклучен меѓу 26-те играчи на Скалони за Копа Америка 2024.[65] Во финалето против Колумбија, Гонсалес влегол од клупата за резерви на местото на повредениот Лионел Меси и 18 минути подоцна постигнал гол, но истиот бил поништен.[66] На крајот, сепак, Аргентина го добила натпреварот во продолженија со што Гонсалес го освоил својот втор трофеј на Копа Америка. Хронологија на репрезентативните настапиСтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 3 јануари 2025.
Репрезентативна статистикаСтатистиката е ажурирана на 10 септември 2024.
ТитулиРепрезентативни
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia