Милан Лазаревски

Милан Лазаревски
Лични податоци
Роден(а) 9 февруари 1997(1997-02-09)(28 г.)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Спорт Ракомет
Висина 1.94 м
Позиција Пивот
Прекар Мечка
Клупски податоци
Тековен клуб Македонија Вардар 1961
Број 18
Младински клубови
Македонија Металург
Сениорски клубови
2015–2017
2017–2021
2022
2022–
Македонија Металург 2
Македонија Металург
Словенија Тримо Требње
МакедонијаВардар 1961
Репрезентација
2018– Македонија Македонија 4 (7)

Милан Лазаревски (роден на 9 февруари 1997 г.) — македонски ракометар кој игра за Вардар 1961 и за македонската репрезентација. [1]

Кариера

Клупска

Лазаревски започнал да се занимава со пливање уште на рана возраст, но на 15-годишна возраст започнал да тренира ракомет во младинските категории на Металург.[2] Од младинските категории тој заиграл за екипата на Металург 2, а по две одиграни сезони за втората екипа, тој бил прекомандуван во првата екипа на Металург за сезоната 2017/18.

Лазаревски минал три и пол сезони во дресот на Металург, а во јануари 2022 година, на полусезона, потпишал договор со словенечкиот клуб Тримо Требње, што бил негов прв интернационален предизвик.[3] Во дресот на новиот клуб, Лазаревски постигнал 22 гола до крајот на натпреварувачката сезона со процент на реализација од 73.3%[4]

Во летото 2022 година, Лазаревски се вратил во македонската супер лига, потпишувајќи договор со Вардар 1961.

Репрезентативна

Лазаревски бил дел од составот на јуниорската репрезентација на Македонија која го освоила 6. место на Светското јуниорско првенство 2017 во Алжир.

Тој се нашол на скратениот список на селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонсалес, за Светското првенство 2019 во Германија, а својот прв официјален настап за сениорската репрезентација го остварил на 20 јануари 2019 година на натпреварот од светското првенство против Чиле.[5]

Лазаревски бил именуван во официјалниот состав на македонската репрезентација за Европското првенство 2024 од страна на селекторот Кирил Лазаров, а следната година и во составот кој го освоил 15. место на Светското првенство 2025.

Успеси

Победник: 2019, 2023, 2025

Наводи

  1. 2019 World Men's Handball Championship roster
  2. Wild Tales (23 мај 2024). „МИЛАН ЛАЗАРЕВСКИ - Металург, Требње, Вардар, репрезентација на Македонија“. https://www.youtube.com/watch?v=RKRHwPVkcRw (Podcast). Занемарен непознатиот параметар |Publisher= (се препорачува |publisher=) (help); Надворешна врска во |website= (help); Отсутно или празно |url= (help)
  3. Милан Лазаревски ја стартува новата авантура во Тримо Требње gol.mk, 12 јануари 2022
  4. [1] Милан Лазаревски на мрежното место на ракометната федерација на Словенија
  5. Двојна замена на Раул: Даскалоски и Лазаревски на местата на Ристовски и Танкоскиgol.mk; 20 јануари 2019

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya