Милош Милоевиќ
![]() Милош С. Милоевиќ (српски: Милош С. Милојевић; 16 октомври 1840 - 24 јуни 1897) — српски историчар, политичар и писател, еден од идеолозите на српската пропаганда во Македонија и големосрпството на Балканот како целина. ЖивотописРоден е во 1840 г. во с. Црна Бара, западна Србија, во семејство на свештеник. Основното образование го стекнал во Глоговац, а учел гимназија во Белград. Потоа две години учел правни науки во Белградскиот лицеј (1859-1862). Заминал во Москва, каде три годни Историско-филозофското одделение на Филозофскиот факултет при Московскиот универзитет, но не ги звршил студиите.[1] По враќањето во Србија, стапил во судска служба, а потоа станал наставник и директор во гимназиите во Валево, Белград и Лесковац. За време на Српско-турските војни (1876 и 1878 г.) ги предводел Ибарските доброволци. Доста пропатувал низ Косово, Поморавјето и Македонија, со цел да ги осознае тие краишта и „Србите“ во Македонија, и со тоа да ја потпомогне пропагандата за српското „освестување“ на населението. По смртта на кнезот Михајло Обреновиќ (1823-1868), а на иницијативa на српскиот државник Јован Ристиќ (1831-1899) и белградскиот митрополит Милое-Михаило М. Јовановиќ (1826-1898) во август 1868 г. е создаден Одбор за училишта и учители во Стара Србија, Македонија и Босна и Херцеговина во кој Милоевиќ учествувал како активен деец.[2][3][4][5] В 1873 г. Милоевиќ со помош на Коста Шуменковиќ издал историско-етнографска карта на „српските земи“. Првата варијанта претрпела низа променети изданија низ годините со распадот на СФРЈ. Оваа карта ја потпомогнала идеологијата на големосрпската доктрина и имала значајно влијание врз многуте поколенија ученици под пропагандата за воспитување во духот на српска (или југословенска) припадност. Во 1870 г. е предложен од Матија Бан за еден од членовите на Одборот за Македонија, со пододбори низ цела Стара Србија и Македонија како во Врање, Скопје, Тетово, Куманово, Призрен, Кичево, Прилеп, Костур, Охрид итн[6]. Во 1886 г. бил еден од основачите на друштвото „Свети Сава“, кое имало за цел да го пропагира српството во Македонија.[7] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia