Мирче Ацев (село)За други значења на поимот, погл. Мирче Ацев (појаснување).
Мирче Ацев — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп. ИсторијаПоранешното име на селото е Петрово. Тоа е колонистичка населба формирана од православни Срби доселени во 1922 година од Далмација.[2] До почетокот на Втората светска војна селото нараснало на 28 домаќинства, а имало и свое училиште. Во 1941 година бугарскиот окупатор ги иселил жителите во Србија, а на нивно место доселил жители од Локвица, Порече и од околината на Струга.[2] По завршувањето на војната само две семејства се вратиле од Србија. Географија и местоположбаСелото било рамничарско и во близина се селата Врбјани, Кадино Село, Боротино и Славеј. Население
Селото е раселено и според пописот од 2002 година нема жители.[3] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиРодови во селото биле: Шоргиќи (1 к.) и Станисављевиќи (1 к.) Срби. Доселени од Далмација; Локвичанци (20 к.) и Стружанци (6 к.) Македонци. Првите се од селото Локвица во Порече, а вторите од Струшко.[8] Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1519 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Славеј.[9] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 309 гласачи.[10] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia