Воѓани
Воѓани — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп. Потекло и значење на иметоСпоред народната традиција се вели дека името на селото потекнува од легендата дека околу ова место имало вода. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во крајниот југозападен дел на Прилепското Поле, а на јужната страна на Општина Кривогаштани, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Крушево.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 603 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 26 километри,[2] додека од општинското средиште Кривогаштани е оддалечено 10 километри. Селото е споено со соседното село Воѓани, но отсекогаш се сметале за посебни села.[3] Низ селото поминува регионалниот пат 2339, кој ја поврзува Пелагонија со Железник. Воѓани е рамничарско село, кое е потполно споено со соседното село Бела Црква. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Обршани на исток, Бела Црква на југ, Бучин и Пресил на запад и Крушеани на север. Во минатото, водата за пиење се добивала од бунари. Во селото нема извори.[3] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Самурје, Висои, Сува Река, Плоча, Долно Патче, Бревче, Станково Трло, Чаирски Пат, Браненица, Кара Асаница и Стари Лозја.[3] Селото има збиен тип, поделено на две маала: Долно и Горно Маало. Некои делови на маалата носат имиња на родовите кои живеат во нив.[3] Во минатото, Црна Река течела преку Воѓани и Бела Црква во Обршани. Овој крак денес е наречен Сува Река и тој порано се вливал во Блато.[3] ИсторијаСелото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името В-д-н-а-н-и и имало 50 семејства, 5 неженети и 5 вдовици, сите христијани.[4] Мештаните говорат дека селото најпрвин се наоѓало на месноста Кара Асаница, каде денес има ниви. Месноста е околу половина километар северно од денешното село. Тоа село било напуштено поради чума. По чумата останале три семејства, кои го основале селото на денешното место. Тие три рода се Ермановци, Шијаковци и Здравевци.[3] Некои мештани говорат дека на месноста Манастириште, источно од селото, некогаш постоел манастир. Материјалот од срушените ѕидови бил употребен за градење на беговските кули, како и при изградбата на црквата. Денес, на месноста има ниви.[3] СтопанствоАтарот е мал и зафаќа простор од 4,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 374,9 хектари, на пасиштата отпаѓаат 32,8 хектари, а на шумите отпаѓаат само 0,6 хектари.[2] Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото постојат продавници и угостителски објекти.[2] За време на отоманскиот период, во Воѓани имало девет чифлици, од кои шест биле битолски (Шерифов, Малик-пашин, Мамут-агин, Исмет-бегов, Мефаилов, Зеќиров) и по еден прилепски (Чакревски) и врбоечки. По 1912 година, селаните започнале да ја купуваат земјата од чифлиците. Една четвртина од земјата на крај селаните ја добиле со аграрната реформа во 1925 година.[3] Население
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 160 жители, христијани Македонци.[5] Според податоците на бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото имало 96 христијани Македонци.[6] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Воѓани се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 12 куќи.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8] Селото е средно по големина, без некои значително промени во населението. Во 1961 година селото броело 538 жители, а во 1994 година 473 жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Воѓани живееле 454 жители, од кои 452 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 349 жители, од кои 334 Македонци, 2 Албанци и 13 лица без податоци.[10] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиВоѓани е македонско село.[3] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1955 година родови во селото се:
ИселеништвоСтароседелскиот род Торневци се иселиле во Гнеотино и во Битола. Од родот Ермановци има иселеници во Белград (браќата Грозданови). Други иселеници од селото се: Новевци (12 к.), живеат во Подвис, Танушевци (17 к.) и Сидоровци (8 к.), живеат во Бела Црква, Мисковци (11 к.), Пасковци (11 к.) и Козаровци (2 к.), живеат во Обршани. Родот Воѓанци живее во Логоварди.[3] Населението во Воѓани опаѓа. Една четвртина од жителите се иселени во Австралија, Америка, Германија, Италија, но и во градовите од Македонија: Прилеп, Битола, Скопје, Кичево, Крушево и други места. Општествени установи
Самоуправа и политика![]() Во XIX век, Воѓани било село во Битолската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Кривогаштани, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Кривогаштани. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп. Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната Општина Кривогаштани. Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Бела Црква, во која покрај селото Воѓани, се наоѓале и селата Бела Црква, Бучин, Обршани, Пашино Рувци, Пресил и Света. Општината Бела Црква постоела и во периодот 1950-1952. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1513 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месна канцеларија.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 313 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 308 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настани
Личности
Култура и спортВо селото работи фудбалскиот клуб „Воѓани“, кој во минатото се викал ФК „Земјоделец“.[22] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia