Мите Грозданов
Мите Грозданов (роден на 14 декември 1943 во Струмица - 25 ноември 2018 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и режисер. ЖивотописВеднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград, станал дел од Драмскиот театар во Скопје, а една година подоцна, во 1968 година го добил највисокото театарско признание во Југославија „Златен ловоров венец“ за главната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле. Во својата театарска дејност се истакнал со мошне сензибилна фактура, залагајќи се секогаш со максимална лична креативност и сценска еластичност. Своевремено, своите режисерски амбиции ги остварувал со драмските аматери на КУД „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија. Од декември 2008 година, тој станал пензионер, после деценискиот работен век во Драмскиот театар во Скопје. Еден од неговите најзначајни проекти е режирањето на претставата „Стрниште затвор за жени“, во која што главната улога ја играла глумицата Николина Василевска а во неа се појавила и доајенот на македонското глумиште Соња Каранџуловска. ФилмографијаГрозданов има остварено бројни филмски улоги:[1]
Награди
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia