Весна Мундишевска-Велјановска
Весна Мундишевска-Велјановска е родена на 13 ноември 1973 год. во Битола. Таа е македонски поет, поет за деца и есеистучар. БиографијаДипломирала на Техничкиот факултет во Битола, на отсекот графичко инженерство. Работи како наставник по графички стручни предмети во СОУ „Таки Даскало“ – Битола[1]. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2011 година. Член е и на Македонското научно друштво – Битола (одделение за лингвистика и литература) и на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“. Автор е на 12 книги поезија, 2 книги со критичко-есеистички текстови и соавтор на книга со песни за деца, а автор и соавтор е и на 6 стручни книги. Нејзината поезија е преведена на повеќе странски јазици. Застапувана е во антологии. Добитник е на повеќе награди меѓу кои: наградата „Караманов“ за необјавена книга поезија (Радовиш, 2007 година) за книгата „Вибрации на духот“, наградата на Друштвото на писателите на Македонија[2] за најдобра песна на манифестацијата „Празник на липите“ (Скопје, 2016 година), прва награда и јубилејна грамота на меѓународниот славјански конкурс за преводи (Русија, 2017), наградата на Македонското научно друштво – Битола за научно-образовен придонес (Битола, 2018), наградата „Бранувања“ за најдобра песна на меѓународната поетска манифестација „Струшки книжевни средби“ (Струга, 2019), наградата „Книжевен круг за книжевна критика“ (Битола, 2020) и др. Уредник е на списанието за култура – книжевност, драмска уметност, филм и издаваштво – „Современи дијалози“ чиј издавач е МНД, а била уредник на списанието за книжевност, уметност и култура „Раст“, главен и одговорен уредник на списанието „Современи дијалози“, уредник и главен уредник на книжевните билтени „Плима“ и „Изрек“, уредник на списанието за современо воспитание, образование и наука „Воспитни крстопати“, како и уредник и главен уредник на поетски книги и зборници, но и на училишни списанија и стручни билтени за наставници. Била претседател на Друштвото за литература и култура „Развиток“ – Битола и на Книжевна младина на Македонија – ОК Битола, како и секретар на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ и член на Уредувачкиот совет на МНД. Настапувала на бројни книжевни манифестации, а ја уредувала и водела радио емисијата „Поетска квечерина“ на Радио Битола. Амбасадор на мирот е во Cercle Universel Des Ambassadeurs De La Paix – Suisse/ France од 2016 г. Дела
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia