Нада Богданова-Икономова

Нада Богданова - Икономова
Родена 3 август 1914
Солун, Кралство Грција
Починала 20 март 1987(1987-03-20) (возр. 72)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонка-Југословенка
Народност Македонка
Занимање правник, комунистички деец, првоборец, новинар
Татко Милан

Нада Богданова - Икономова, Нада Миланова (псев. Стојна) (3 август 1914 во Солун, егејскиот дел на Македонија20 март 1987 во Скопје, Македонија)[1]правник, комунистички деец, првоборец, новинар и носител на Партизанска споменица од 1941.

Сопруга на Ѓорѓи Икономов, македонски фармацевт и поранешен градоначалник на град Скопје.

Животопис

Партизанската споменица 1941 , чиј носител е Нада Богданова - Икономова.

Како студент во Белград, од 1937 година била кандидат,[2] а во 1940 година станала член на КПЈ. Во времето на НО-АВМ била член на МК на КПЈ во Скопје (1942), врска на ПК на КП за Македонија со партиските комитети во внатрешноста, со ЦВ на БРП(к) и со Јужна Србија и Косово.[1]

Во овој период живеела во Битола и била одговорна пред Партијата за работата со жените. Во нејзиниот дом престојувале илегалци . Пренесувала илеrгален материјал во Прилеп и Скопје.[2]

Како инструктор на ЦК на КПМ (ок. 12 јуни 1943 година), двапати била апсена од бугарската полиција во Скопје (1943), а потоа интернирана (мај 1944 година) во Симитли и Горна Џумаја. По враќањето била борец во четериесет и втората (македонска) дивизија на НОВЈ (септември 1944). По ослободувањето била член на АФЖ на Македонија, соработиник, а и потоа главен уредник на списанието „Македонка“.[3] Носител е на партизанска споменица од 1941 година.[2][4]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 80. ISBN 9989-624-46-1.
  2. 2,0 2,1 2,2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 997.
  3. Хаџиевска, Ивана; Коцевска, Јана (2022). АРХИВИ НА НЕВИДЛИВИТЕ: Македонка – Орган на АФЖ (1944-1952) Метод и пристап во истражувањето на „Македонка“ (PDF). Скопје: ЦИНИК. стр. 46. line feed character во |title= во положба 60 (help)
  4. „Македонска енциклопедија“ (PDF).

Книжевност

* БИБЛ.: Пренесување на илегален материјал Од илегалната работа на КПЈ, †Просветена жена#, XV, Скопје, 1959, 10; Сеќавање за работата во Горно Врановци, Историските денови во Горно Врановци, Скопје, 1984, 162-165; Формите и содржините на работата со жените и женската младина во Битила 1941/1942 година, Битола и Битолско во 1941 i 1042, книга прва, Битола, 1978, 517-520.ИЗВ.: Зб. НОР, т. VII, кн. 2; Извори, т. I, кн. трета; Зборник на документ за учеството на жените од Македонија во Народнослободителната војна и Револуцијата 1941-1945, Скопје, 1976. С. МЛ.

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya