Коринос
Коринос (грчки: Κορινός) — град во Општина Катерина во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Од реформата на локалната власт од 2011 година Коринос е дел од општината Катерина, како центар на општинска единица[2]. Општинската единица има површина од 70,909 км2, додека општинската единица 30,726 км2[3]. Географија и местоположбаГрадот се наоѓа на 5 километри североисточно од градот Катерина, главниот град на Пиерија, и на 62 километри југозападно од Солун, на надморска височина од 35 метри. Автопатот 1 (Атина - Солун) се наоѓа на западно од градот. Коринос е познато по своите плажи кои се наоѓаат источно, кои го прават идеално место за туризам. ИсторијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во тогашното сѐ уште село се населиле грчки бегалци од Анадолија. ДемографијаВо 1928 година селото било мешано со 167 бегалски семејства и 627 бегалци[4], додека во 1940 година селото броело 1795 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 2247 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 2861 жител, во 1971 година имало 2758 жители, во 1981 година имало 3185 жители, додека во 1991 година имало 3705 жители[5]. Денеска, населението на селото е 3543 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia