Нов Трабзон (Катеринско)
Нов Трабзон (грчки: Νέα Τραπεζούντα, Неја Трапезунда) — село во Општина Катерина во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 9 километри северно од градот Катерина и на 7 километри западно од центарот на општината, Коринос. Селото се наоѓа на надморска височина од 80 метри[2]. ИсторијаСите жители на селото се бегалци од Понт, од каде доаѓа и името Нов Трапезунд, и зборуваат понтијски дијалект. Во 1930-те години во селото имало основно училиште со 76 деца. До 1951 година селото се викало Агиос Јоанис Офис. ДемографијаВо 1940 година селото броело 716 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 739 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 654 жители, во 1971 година имало 527 жители, во 1981 година имало 557 жители, додека во 1991 година имало 504 жители[3]. Денеска, населението на селото е 423 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia