Десетти Километар
Десетти Километар (грчки: Μοσχοχώρι, Мосхохори; до 1962 г. Δέκατο Χιλιόμετρο, Декато Хилјометро[2]) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 462 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 10 км западно од градот Катерина, крај патот ЕО13 (Катерина - Еласона), на надморска височина од 110 м.[3] ИсторијаСелото е подигнато по крајот на Граѓанската војна од грчки бегалски семејства. За првпат се спомнува во пописот од 1961 г. кога е заведено со 62 жители.[3] Во 1962 година, името на селото било променето во Мосхохори (Μοσχοχώρι).[2] Во 1971 г. броело 452, во 1981 г. 511, а во 1991 г. 464 жители.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Општествени установи
Самоуправа и политикаВо 1966 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал 7 квадратни километри.[3] Општината Десетти Километар била приклучена во општината Локово во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Катерина. Селото припаѓа на општинската единица Локово со седиште во селото Долна Милја, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Десетти Километар, во кој е единствено село. Културни и природни знаменитостиЦркви Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia