ОУ „Рајко Жинзифов“ - Горно ОризариЗа други значења на поимот, погл. ОУ „Рајко Жинзифов“.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски преродбеник Рајко Жинзифов. ИсторијаУчилиштето започнало со работа непосредно по ослободувањето, односно од 1945/46 година, како неполно основно училиште од I–IV одделение и го добило името на првоборецот Благој Кирков, роден во Велес. Со понатамошниот развој училиштето прераснало во петолетка, па во шестолетка и така опстојувало сè до 1972 година. Истата година општинското собрание донело Одлука училиштето да прерасне во осмолетка под името Рајко Жинзифов. Во минатото, наставата се одвивала во два училишни објекта и тоа во населбите во Превалец и Горно Оризари. Наставата од I–V одделение во населбата Превалец се изведувала на македонски наставен јазик, а во Горно Оризари на босански наставен јазик од I–V одделение. Од второто полугодие на учебната 2015/2016 година воспитно-образовната дејност се реализира само во училишниот објект во Горно Оризари поради одвојувањето на училишниот објект од населба Превалец и негово приклучување кон ООУ „Васил Главинов“. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia