Горно Оризари (Велешко)
Горно Оризари (Велешко) е село кое се наоѓа во западниот дел на Општина Велес во долното сливно подрачје на реката Тополка, во околината на градот Велес. Географија и местоположбаСелото е рамничарско на надморска височина од 310 метри, а од градот Велес е оддалечено 8 километри. Селото има полјоделско-сточарски карактер меѓутоа голем дел од населението учествува во дневните индустриски миграции. Во селото има осумгодишно основно училиште, амбуланта, пошта, продавници и угостителски објекти и урбанистички план. ИсторијаВо XIX век, Горно Оризари било село во Велешката каза на Отоманското Царство. Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 750 Турци 100 Македонци.[2] Горно Оризари до 1953 година било во најголем дел (90,6 %) населено со Турци, кои масовно се иселувале во Турција, а на нивно место се доселувале Бошњаци (Муслимани) од областа Санџак во Србија. Во 1961 година селото броело 1.888 жители, од кои 394 биле Македонци, 6 Албанци, 1.363 Турци и 48 останати, додека во 1994 година бројот на населението се зголемило на 2.023 жители, од кои 25 биле Македонци, 55 Албанци, 19 Турци, 1 Ром, 20 Срби и 1.903 останати. Според пописот од 2002 година, селото има 2.262 жители и претставува една од најголемите села во Велешко. Последниве години поради големата невработеност значајна е емиграцијата на Бошњаците во Австрија, а Македонците се населуваат обично во Велес. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.723 жители, од кои 63 Македонци, 36 Албанци, 14 Турци, 1 Ром, 2 Срби, 1.474 Бошњаци, 2 останати и 131 лице без податоци.[3] На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]
Најголем дел од населението кое се определило како останати, всушност претставуваат Бошњаци, бидејќи во периодот 1961 - 1994 не постоела можност за декларирање на бошњачки народ. РодовиГорно Оризари е мешано село. Според истражувањата од 1966/67 година, родови во селото се Бошњачки
Албански
Турски
Ромски - православни
Македонски
Бугарски
Општествени установиВо Горно Оризари има прва во Македонија диспензирана Општинска канцеларија, каде што граѓаните имаат непосреден контакт за добивање на голем број прашања и информации што се однесуват на локалната власт. Во склоп на канцеларија работи и бесплатна интернет пристапна точка, каде им дава бесплатен интернет на граѓаните на Горно Оризари. Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постјат избирачкото место бр. 2209, 2210 и 2210/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6] На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни место биле запишани вкупно 2.167 гласачи.[7] Редовни настаниВо Горно Оризари секоја година на лето се одржуваа културната манифестација „Бошњачки средби“. Личности
ИселеништвоВо минатото ова село било чисто турско село, а кои се се помалубројни. По Втората светска војна во селото почнало да се населува и бошњачко население, кое население е најбројно во селото. Сепак преку ова село се имаат иселено преку 100 бошњачки семејства во Турција. Бошњачкото и турското население иселено во Турција се наоѓа во градовите Истанбул и Измир.[5] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia