Превалец (Велес)
Превалец — приградска населба на градот Велес која се води во статистиките од 1971 година. Географија и местоположбаПревалец е всушност населба на градот Велес на неговата периферија, сместена на превалот помеѓу градот и селото Горно Оризари. ИсторијаПревалец е формирана како перифена приградска населба на градот Велес од страна на доселеници од велешките села особено од областа Азот. Првите доселеници се населени кон крајот на шеесеттите години на минатиот век, а официјално во статистиката Превалец се води од 1971 година. Со зголемувањето на бројот на жителите и станбените објекти населбата изрши процес на конурбација со градот Велес. СтопанствоНаселбата првенствено има секундарни дејности како трговија и транспорт, а голем дел од нејзиното население е вработено во фабриките во кои се наоѓаат во Превалец („Киро Ќучук“, „Порцеланка“ и др.). Од земјоделието, во Превалец е застапено бавчанџиството, односно полјоделство во бавчи, кое пред сè има фукција за куќно снабдување со зеленчук, овошје, тутунарството итн. ДемографијаПревалец како градска населба на градот Велес бележи голем пораст на бројот на своите жители од 505 жители во 1971 година, на 2192 жители во 1994 година (од кои 2147 се Македонци и 26 Срби,). Според пописот од 2002 година во населбата Превалец живеат 2974 жители од кои:
РодовиПревелец е мешано село. Според податоците од 1967 година, родови во селото се
Сите се доселени после Втората светска војна.[2] Општествени установиООУ„ Васил Главинов“ Објект 2 Администрација и политикаКултурни и природни знаменитостиПалеонтолошко наоѓалиште кое се наоѓа на оддалеченост од 4 км југозападно од Велес. Значењето на објектот е во тоа што претставува прво откриено наоѓалиште со фосилни коски од цицачи, т.н. “пикермиска фауна” во Република Македонија. Наоѓалиштето случајно го открил германскиот истражувач Југман во 1917 година за време на Првата светска војна. Староста на фауната е одредена како долно плиоценска а детерминирани се многубројни родови и видови на фосилни цицачи и тоа: мајмуни, трипрсни коњи (хипариони), жирафи, антилопи, газели, елени, мастодонти, носорози, свињи, хиени и др. Редовни настаниСе одбележува големиот православен празник ,,Голема Богородица“ ЛичностиКултура и спорт
ИселеништвоНаводи
Надворешни врскиhttps://www.mindat.org/feature-863699.html Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia