Фабио Фелине
Фабио Фелине (италијански: Fabio Felline; р. 29 март 1990 во Торино) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лидл-Трек.[1] КариераВо 2010, Фелине настапил првпат на некоја голема трка на Тур де Франс за екипата Футон-Сервето-Фуџи. Тој бил најмладиот натпреварувач на трката во таа година.[2] Во 2012, Фелине го освоил полукласик во Италија, Џиро дел’Апенино. Бил најдобар во спринтот во група од 20 возачи.[3] По две сезони со Андрони Џокатоли-Венецуела[4], Фелине ја напуштил екипата на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Трек Фактори Рејсинг.[1] На крајот на март 2015 година, Фелине ја освоил својата прва трка со новата екипа, краток поединечен хронометар на Критериум Интернасионал.[5] Во април ја освоил втората етапа на Трката околу Баскија во масовен спринт пред Мајкл Метјус по претходната ридеста етапа.[6] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia