Тони Ромингер Ромингер на Париз-Ница 1993 |
Лични податоци |
---|
Цело име | Тони Ромингер |
---|
Роден | 27 март 1961(1961-03-27) (64 г.) Вајле, Данска |
---|
Податоци за клубот |
---|
Мом. клуб | пензиониран |
---|
Дисциплина | друмски велосипедизам |
---|
Улога | возач |
---|
Вид на возач | универзален возач |
---|
Професионални клубови |
---|
1986 1987 1988–1990 1991 1992–1993 1994 1995–1996 1997 | Чило-Ауфина Супермеркати Бријанцоли-Шато д’О Шато д’О Тошиба КЛАС-Кахастур Мапеи-КЛАС Мапеи-ГБ Кофидис |
---|
Значајни победи |
---|
|
Последна промена 8 септември 2014 |
Тони Ромингер (германски: Tony Rominger; р. 27 март 1961 во Вајле, Данска) — поранешен швајцарски професионален друмски велосипедист, кој освоил три последователни изданија на Вуелта а Еспања од 1992 до 1994 година и едно издание на Џиро д’Италија во 1995 година.
Доцна започнал со велосипедизам, наводно попречен од конкуренцијата со неговите браќа. Јаки страни на Ромингер биле хронометрите, искачувањето и заздравувањето.
Му бил соперник на Мигел Индураин на Тур де Франс, завршувајќи втор во 1993 година и освојувајќи ја точкестата маичка. Трите негови победи на Вуелта претставуваат рекорд. Во 2005 година, Роберто Ерас го срушил тој рекорд, но два месеци подоцна се покажал позитивен на тестирање на ЕПО и бил дисквалификуван.
Во 1994 година, Ромингер го срушил светскиот часовен рекорд на двапати во неколку дена. Го користел велодромот во Бордо за да извози 53,832 км, а потоа и 55,291 км, иако на нова патека.
Се повлекол во 1997 година, откако ја скршил клучната коска на тогашниот Тур де Франс.
Достигнувања
- Првак во Светскиот друмски куп (1994)
- Трка околу Баскија (1992, 1993, 1994)
- Џиро ди Ломбардија (1989, 1992)
- Тур де Романди (1991, 1995)
- Тирено-Адријатико (1989, 1990)
- Париз-Ница (1991, 1994)
- Гран при де насионс (1991 (изданието се сметало како Трофео Бараки), 1994)
- Субида а Уркиола (1993)
- ГП Еди Меркс (1994)
- Џиро дел’Емилија (1988)
- Сетмана Каталана де Сиклисме (1993)
- Часовен рекорд: 22 октомври 1994, 53,832 км
- Часовен рекорд: 5 ноември 1994, 55,291 км
Вуелта а Еспања
Џиро д’Италија
Тур де Франс
Распоред на резултатите на Гранд Тур
СО = се откажал
Награди
Наводи
Надворешни врски
|
---|
|
- 1915–18 Прва светска војна
- 1941–45 Втора светска војна
| | *На ова издание на Џиро се натпреварувале само екипи, без индивидуален пласман |
|
|
---|
| | | Ленс Армстронг ја освоил наградата во 1999, 2000, 2001, 2003 и 2004, но неговите резултати биле повлечени поради допинг-скандалот. |
|