Јоел Похјанпало
Јоел Похјанпало (роден на 13 септември 1993 година, во Хелсинки) — фински фудбалер, напаѓач на Венеција и на финската репрезентација.[1] Технички карактеристикиМобилен и моќен напаѓач, кој може да игра на ралични позиции низ целиот офанзивен фронт. Опремен е со пристојна техника, се служи со двете нозе и има одлично чувство за гол. Покрај тоа, благодарение на неговата импозантна физичка сила, тој може да биде и корисен за тимот, спуштајќи топки во и околу шеснаесеттникот и честопати знае да обезбеди и асистенции за соиграчите.[2][3] Во текот на неговата кариера тој чести бил жртва на повреди кои, исто така, силно влијаеле на неговите изведби.[4] Клупска кариераПочетоциРоден во Хелсинки, Финска, Похјанпало започнал да игра фудбал во младинскиот тим на клубот со седиште во Хелсинки, ПК-35 во 1999 година. ХЈК ХелсинкиВо 2006 година, тој се приклучил на младинскиот состав на ХЈК Хелсинки, каде ги минал сите младински категории и го забележал првиот професионален настап со резервниот тим (Клуби 04) во 2011 година, на 16-годишна возраст. Своето деби во Вејкауслигата го направил на 26 октомври 2011 година, започнувајќи во натпреварот против РоПС. За време на неговата прва сезона во финската втора дивизија со Клуби 04, тој забележал 21 настап, постигнал рекордни 33 гола во лигата и бил прогласен за играч на сезоната во дивизијата.[5] По неговите одлични настапи со резервите, Похјанпало потпишал нов договор со ХЈК на 7 декември 2011 година, задржувајќи го во клубот од главниот град на Финска до 2015 година. Похјанпало го започнал првиот првенствен натпревар на ХЈК во сезоната 2012 на 15 април 2012 година, постигнувајќи хет-трик во рок од три минути (162 секунди) против ИФК Мариехамн.[6] По тридневна проба со Ливерпул во август 2012 година, на Похјанпало му бил понуден тригодишен договор, но го одбил договорот поради недостаток на загарантирана минутажа во резервите на клубот.[7] Тој ја заврши сезоната 2012 со 19 гола во 42 натпревари за ХЈК во сите натпреварувања. Исто така, добил награда за дебитант на сезоната во Вејкауслигата.[8] Бајер Леверкузен и позајмициНа 1 септември 2013 година, Похјанпало потпишал за клубот од германската Бундеслига, Бајер Леверкузен, кој веднаш потоа го позајмил на Аален.[9] Дебитирал во Втората Бундеслига, на 18 октомври 2013, во натпреварот добиен со 3-0 против Арминија Билефелд.[10] Похјанпало започнал тринаесет натпревари за Аален и се појавил како замена во дополнителни девет, постигнувајќи пет гола.[10] ![]() На 2 јули 2014 година, тој бил повторно позајмен, овојпат на две години, во Фортуна Диселдорф, повторно во втората германска лига.[11] На 1 август, го започнал првиот првенствен натпревар на клубот за сезоната, против Ајнтрахт Брауншвајг.[12] На 21 септември, влегувајќи како замена, тој го постигнал победничкиот гол за својот тим против Хајденхајм. Потоа, тој постигнал гол во три последователни натпревари, вклучително и хет-трик против Дармштат 98.[12] Првата сезона се покажала како многу позитивна завршувајќи ја со 11 гола во 31 настап. Следната, сепак, била помалку среќна за него: постигнал само два гола (против Ајнтрахт Брауншвајг и Дуизбург) во вкупно 28 настапи. Враќајќи се назад во Леверкузен, тој бил вклучен во првиот тим со дресот со број 17. На 26 август 2016 година, тој го имал своето деби во Првата Бундеслига против Борусија Менхенгладбах; само една минута по влегувањето од клупата за резерви на местото на Чарлес Арангис, Похјанпало постигнал гол со кој го измранил резултатот на 1-1, но сепак на крајот неговата екипа загубила откако примила уште еден гол пред крајот на натпреварот.[13] На 10 септември, тој постигнал хет-трик во победата со 3-1 над Хамбургер.[14] Поради силната конкуренција во напаѓачкиот оддел на клубот, тој ја затворил својата прва сезона во црвено-црниот дрес со само 13 одиграни натпревари (2 од нив во Лигата на шампионите), но и постигнал 6 гола. На 11 август 2017 година, тој ја започнал својата втора сезона со „фармацевтите“ со гол во Купот на Германија против Карлсруе додека, на 21 октомври истата година, тој го постигнал петтиот гол во победата на гости против Борусија Менхенгладбах (1-5). На 23 март 2018 година, додека играл за финската репрезентација во пријателскиот натпревар против Македонија, тој претрпел повреда на глуждот која го принудила предвреме да ја заврши сезоната и го извадила надвор од терените точно за 437 дена.[4] ![]() Откако целосно ја пропуштил сезоната 2018-2019,[15] Похјанпало повторно бил повикан за натпреварот на Бајер Леверкузен против Аугсбург на 28 септември 2019, но останал неискористена замена. Своето долго очекувано враќање на терените го имал на 26 октомври 2019, влегувајќи во 89-тата минута од натпреварот на домашен терен против Вердер Бремен, кој завршил нерешено 2-2. Тоа бил неговиот единствен настап за фармацевтите во првата половина од сезоната.[16] На 24 јануари 2020 година, тој бил испратен на шестмесечна позајмица во Хамбургер, во втората лига.[17] На 3 февруари, го постигнал својот прв гол за клубот против Бохум. Последователно тој постигнал уште 8 гола, соодветно тресејќи ги мрежите на Хановер 96, Гројтер Фирт, Штутгарт, Веен Висбаден, Холштајн Кил (два пати), Динамо Дрезден и Хајденхајм. Сепак, ниту неговата одлична форма не била доволна за Хамбургер да може да избори промоција во Првата Бундеслига. На 30 септември 2020, тој бил позајмен на Унион Берлин, во највисоката дивизија.[18] Дебитирал за црвено-белите на 2 октмомври, постигнувајќи го притоа последниот гол на тимот во победата со 4-0 на домашен терен над Мајнц 05. На 24 април 2021 година, Похјанпало постигнал хет-трик за 17 минути, во победата со 3–1 над Вердер Бремен.[19] Тој ја завршил сезоната со 6 гола во 20 настапи, придонесувајќи за пласманот на 7-мото место во првенството, што го квалификувало клубот за првото издание на УЕФА Лигата на конференции.[20] Враќајќи се во Бајер Леверкузен во текот на летото 2021, тој повторно играл за клубот на 14 август 2021 година, влегувајќи во завршницата од натпреварот против неговиот доскорашен клуб Унион Берлин, во натпревар од Бундеслигата што завршил без победник 1-1.[21] На 5 септември 2021, Похјанпало заминал на нова едногодишна позајмица, овојпат во турскиот клуб Ризеспор.[22][23] На 3 октомври тој ги постигнал своите први два гола во поразот на домашен терен со 2-3 од Галатасарај.[24] На 18 март 2022 година, тој постигнал хет-трик откако влегол од клупата како замена во 55-тата минута, во победата со 3–2 над Трабзонспор,[25] а сите три гола ги постигнал од пенал. Сезоната во Турција ја завршил со 16 гола во 33 настапи. Откако позајмицата во Ризеспор завршила, на 30 јули 2022 година, тој повторно го облекол дресот на Бајер Леверкузен, играјќи ги последните 14 минути од натпреварот од Купот на Германија во кој фармацевтите биле поразени со 4-3 од Елверсберг. На 13 август, пак, тој влегол во игра за последните две минути од натпреварот Бундеслигата во кој неговиот тим загубил со 1-2 од Аугсбург.[26] Со оглед на тоа дека Похјанпало кон крајот на истиот месец повторно го напуштил Бајер Леверкузен, но овојпат ќе замине трајно, ова бил неговиот последен натпревар за клубот со кој бил под договор цели 8 години. Поради честите повреди и позајмиците, тој вкупно за Бајер Леверкузен забележал само 28 настапи и 8 гола. ВенецијаНа 19 август 2022 година, Похјанпало потпишал тригодишен договор со италијанската екипа Венеција, со опција за продолжување на уште две години.[27][28] Два дена подоцна, тој го имал своето деби во Серија Б, во рамките на второто коло од првенството во натпреварот добиен со 1-2 на гости кај Сидтирол.[29] На 1 октомври тој го постигнал својот прв гол по доаѓањето во Италија, израмнувајќи го резултатот на 1-1 во натпреварот на домашен терен против Каљари, кој потоа бил добиен со 4-1.[30] На 1 мај 2023 година, тој постигнал четири гола во победата со 5-0 над Модена.[31][32] Во својата прва сезона во Венеција тој постигнал 19 гола и 6 асистенции,[33] завршувајќи како втор најдобар стрелец во лигата зад Џанлука Лападула.[34] И покрај шпекулациите и гласините за трансфер,[35] на 13 септември 2023 година, на неговиот 29-ти роденден, Похјанпало ја обновил соработката со Венеција, потпишувајќи нов договор до 30 јуни 2027 година.[36] Тој, исто така, бил избран за втор капитен зад Марко Модоло. Својот прв гол за сезоната 2023-2024 го постигнал уште на отварањето на првенството во победата со 3-0 на домашен терен над Комо. На 14 јануари 2024 година, Похјанпало постигнал хет-трик во победата со 5–3 на домашен терен над Сампдорија.[37] Со 22 постигнати гола во првенството, Похјанпало бил најдобар стрелец во Серија Б за сезоната, помагајќи му притоа на клубот да избори промоција во Серија А преку плејофот.[38] По пензионирањето на Модоло во летото 2024, Похјанпало бил назначен за прв капитен на тимот. Приморан да ги пропушти првите неколку натпревари поради повреда на десната бутина,[39] на 30 август 2024 година, тој го направил своето деби во Серија А како стартер во поразот на домашен терен од Торино.[40] На 21 септември го постигнал својот прв гол во најсилната италијанската лига, постигнувајќи ги конечните 2-0 во успехот на лагунарите против Џенова, откако претходно промашил пенал во истиот натпревар.[41] Со овој погодок тој станал само вториот финец кој постигнал гол во Серија А, по Перпарим Хетемај кој тоа го сторил во 2010 година.[42] Репрезентативна кариера![]() Млади репрезентацииПохјанпало го направил своето деби за финската репрезентација под 21 година на 17-годишна возраст на 5 јуни 2012 година против Словенија.[43] Сениорска репрезентацијаПохјанпало го направил своето деби за сениорската репрезентација на 14 ноември 2012 година, во победата со 3−0 против Кипар заменувајќи го Теему Пуки во 70-тата минута.[44] Во вториот натпревар за репрезентацијата, тој бил блиску да го постигне првиот гол кога неговиот удар завршил во стативата за време на пријателскиот натпревар против Словенија; сепак, одбиената топка од стативата во мрежата ја сместил неговиот колега Каспер Хамалаинен, а Финска победила со 2-0. На следниот пријателски натпревар против Унгарија, тој го постигнал својот прв гол за Финска започнувајќи го пресвртот во успехот со 2-1. Првиот квалификациски натпревар за својата земја го одиграл на 7 септември 2014 година, во натпреварот против Фарски Острови во квалификациите за Европското првенство 2016, кога влегол како замена во 89-тата минута повторно на местото на Пуки.[45] Својот прв гол во споменатите квалификации, Похјанпало го постигнал на 4 септември 2015 година, во победата со 1-0 над Грција во Пиреа.[46] Похјанпало поради повреда пропуштил поголем дел од натпреварите од квалификациите за Европското првенство 2020, преку кои Финска за првпат се изборила за настап на некое големо натпреварување, но сепак одиграл два натпревари и постигнал еден гол при поразот со 4-1 од Босна и Херцеговина во Зеница. Во јуни 2021 година, тој се нашол во списокот од 26 играчи повикани од селекторот Марку Канерва за завршниот турнир. На 12 јуни 2021 година, Похјанпало го постигнал единствениот гол во победата со 1–0 над Данска во првиот натпревар од групната фаза, за да и го даде на својата земја првиот гол и првата победа на едно големо натпреварување.[47] Тој се воздржал од прославување на голот поради почит кон данскиот играч од средниот ред Кристијан Ериксен, кој претрпел срцев удар претходно во натпреварот.[48] Хронологија на репрезентативните настапиСтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 7 јануари 2024.
Репрезентативна статистика
Хет-трикови
ТитулиКлупскиХЈК Хелсинки
Поединечни
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia