Оскар Фреир
Оскар Фреир Гомес (шпански: Óscar Freire Gómez; р. 15 февруари 1976 во Торелавега, Кантабрија) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист. Тој бил еден од врвните спринтери во друмскиот велосипедизам, кој има освоено три светски првенства, изедначувајќи се со Алфредо Бинда, Рик ван Стенберген и Еди Меркс. Во подоцнежните години на неговата кариера се насочил кон класичните велосипедски трки. Има трипати победено на велосипедскиот монумент Милано-Санремо, четири етапи на Тур де Франс и седум етапи на Вуелта а Еспања во текот на неговата успешна кариера. И покрај неговиот минијатурен раст, Фреир бил добар спринтер. Понекогаш бил критикуван поради неговиот начин на тренирање, бидејќи тренирал само половина од растојанието што другите велосипедисти го тренираат.[1] КариераВиталисио Сегурос (1998–1999)Фреир станал професионалец во 1998 со Виталисио Сегурос. Тој освоил една трка таа година, етапа на Вуелта а Кастиља и Леон. Завршил 11. на Париз-Тур. Во 1999, Фреир освоил малку до светското првенство во октомври. Заминал за Верона да се сретне со шпанската екипа. Тој ја потрошил неговата награда за лифт во станот на неговата баба. Мапеј-Квик Степ (2000–2002)Фреир му се придружил на Мапеј во 2000. Тој бил најдобро рангирана екипа од 1994. Таа година освоил 11 трки, вклучувајќи две етапи на Вуелта а Еспања. Исто така бил трети на светското првенство. Во 2001 освоил две трки и го освоил бодовниот пласман на Вуелта а Бургос, пред да стане светски првак по вторпат. Во 2002 освоил етапа на Тур де Франс. Рабобанк (2003–2011)Во 2003, Фреир се преместил во Рабобанк, каде во неговата прва сезона освоил шест трки. Во 2004, ги освоил Милано-Санремо, Трофео Луис Пуиг, етапа и второ место во генералниот пласман на Тирено-Адријатико, етапа на Вуелта а Еспања и по третпат, и вторпат во Верона, светското првенство. Ја започнал 2005 освојувајќи три етапа, бодовниот пласман и жолтата маичка на Тирено-Адријатико, како и Брабант Пајл, Трофео Алкудија и Трофео Мајорка, сите пред крајот на март. Неговата сезона била скратена поради болки од седиштето. Во 2006, Фреир повторно го освоил Брабант Пајл. Неговата победа на етапата 3 на Тирено-Адријатико му овозможила водство два дена. На Тур де Свис, тој го преживеал раното бегство со четворица возачи, со што победил сам на етапата 7. Фреир ги освоил петтата и деветтата етапа на Тур де Франс 2006 и се борел за бодовниот пласман, кога се повлекол поради болест. Во текот на етапата 12 тој бил во бегство со тројца возачи. Кариерата на Фреир била доведена во прашања со повредите и отпуштањата. Тој имал проблеми со грбот, болки од седиштето и проблеми со вратот. Кога Јарослав Попович, кој возел за Дискавери Канал, се одвезол сам за победа, се прошириле гласини дека на Фреир му било наредено од Рабобанк да не вози за победа, со цел да осигура помош од Дискавери во планината. Иако гласините биле отфрлени од обете екипи, Фреир бил вознемирен по етапата. Фреир ја продолжил неговата успешна година со освојување на Ватенфал Класик пред германскиот фаворит Ерик Забел. Фреир ги освоил половина од победите на Рабобанк во 2006. Неговата сезона била скратена поради повредите на вратот и ’рбетот, принудувајќи го да ги пропушти Вуелта а Еспања и светското првенство. Фреир повторно потпишал со Рабобанк на крајот на 2006 со крајот на 2008, одбивајќи го Соние Дувал-Продир. На Тур де Франс 2007, не освоил ниедна етапа, делумно поради тоа што Рабобанк го бранеле водството на Михаел Расмусен голем дел од трката. Но, освоил три етапи на Вуелта а Еспања. На Тур де Франс 2008, Фреир ја носел зелената маичка од етапата 8. Ја освоил и етапата 14 и бодовниот пласман. Во 2009, тој и Џулијан Дин биле застрелани од воздушна пушка во текот на 13. етапа. Тој бил застрелан во бутот и ја завршил етапата 117.[2]. Во март 2010, Фреир го освоил Милано-Санремо 2010 пред Том Бонен и Алесандро Петаки.[3] На 10 октомври 2010, Фреир станал првиот Шпанец, кој победил на Париз-Тур и со тоа станал новиот носител на Ruban Jaune во поставување најбрза просечна брзина во класична трка, поминувајќи 233 километри при просечна брзина од 47,73 километри на час.[4] Кратко пред Светското друмско првенство 2011 било објавено дека Оскар Фреир ќе се повлече на крајот на сезоната, доколку не победи на друмската трка на првенството. Фреир ги завршил преговорите да го продолжи неговиот договор со неговата екипа пред трката и забележал одредени здравствени проблеми, како на пример влошени респираторни проблеми со синусот и операцијата на носот во последните две години. Тој не можел да вози на Тур де Франс 2011 и бил принуден да се откаже од Вуелта а Еспања 2011.[5] Тим Катјуша (2012)Првично, Фреир планирал да ја заврши неговата кариера во 2012, но на крајот на сезоната 2011, одеднаш го променил мислењето. Неговата екипа Рабобанк, збунета од ситуацијата и одлуката на Оскар, не успеала да го задржи уште една години со нив, па Фреир започнал да преговара со други екипи[6]. Омега Фарма-Квик Степ, Лото-Белисол и Геокс-ТМЦ го изразиле нивниот интерес да го имаат во нивните состави за сезоната 2012, но Фреир го одбрал Тим Катјуша. Изјавил дека заминал во Катјуша, поради руската екипа веќе има голем број на други шпански возачи, како и добро организирана структура и гарантиран влез на трките од Светската турнеја[7]. До 2012, Фреир потполно се опоравил од неговите претходни здравствени проблеми и успеал да прикажи многу добри резултати на првите воведни трки. Во јануари ја освоил етапата 3 на австралиската трка Тур Даун Андер, а потоа го повторил успехот и на етапата 3 на Вуелта а Андалусија. На пролетните класици, Оскар Фреир завршил четврти на Амстел Голд Рејс и седми на Милано-Санремо, додека освои две втори места: едно на Е3 Харелбеке каде бил изедначен на целта со Том Бонен (Омега Парма-Квик Степ)[8] и другото на Брабант Пејл, каде доминирал во групата, која била зад самиот бегалец Тома Веклер од Тим Јуропкар.[9] Потоа завршил на 4. на Амстел Голд Рејс. Избегал од водечката група на 5 километри пред крајот и одржувал предност од 18 секунди на дното на последното искачување. Бил поминат во последните метри, но успеал да се одржи како четврти.[10] Во интервју на француското списание Velochrono, Фреир тврдел дека сака да учествува на Олимпијадата во Лондон, заедно со Тур де Франс и светските првенства.[11] Подоцна, Фреир признал дека размислува за пензионирање, доколку не ја освои виножито маичката и дека ќе продолжи да вози уште некоја година или две на Светското првенство UCI 2012.[12] Се повлекол од професионалниот велосипедизам на крајот на 2012, постојано одбивајќи договор со Еускалтел-Еускади, кои сакале да возат за нив за сезоната 2013 и потоа да зема улога во менаџментот.[13] Баскиската екипа била обвинета дека се обидува да дојде до важните бодови во Светската турнеја, што би им помогнало да дојдат до лиценца за Светската турнеја 2013, но раководството на екипата тоа го отфрлило.[14] Достигнувања
Резултати на класиците
СО = се откажал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia