Е3 Харелбеке 2012
Е3 Харелбеке 2012 било 55. издание на еднодневната велосипедска трка Е3 Харелбеке.[1] Била одржана на 23 март на растојание од 203 километри и била шеста трка од сезоната 2012 на светската турнеја. Е3 Харелбеке првпат била одржана како настан на светската турнеја,[2] откако претходно била одржувана како трка од прва екстра категорија во Европска турнеја на UCI.[3] Како дел од напредувањето во Светската турнеја, трката морала да биде префрлена во петок, наместо како што се одржувала во сабота; потегот бил со цел да им даде простор на возачите пред следниот настан од Светската турнеја, Гент-Вевелгем.[4] Во масовната спринтерска завршница, трка била освоена од возачот на Омега Парма-Квик Степ Том Бонен,[5] кој со ова, станал најуспешниот возач во историјата на трката; негова петта победа – по претходно освоените четири победи во периодот помеѓу 2004 и 2007 – во Харелбеке го презел рекордот со четири победи, кој го делел со блискиот белгискиот возач Рик ван Лој.[6] Бонен завршил пред возачите на Катјуша Оскар Фреир и на Тим Скај Бернхард Ајзел, кој го комплетирал подиумот.[7] ЕкипиБидејќи Е3 Харелбеке бил настан од Светската турнеја на UCI, сите 18 UCI ProTeam екипи биле автоматски повикани и се обврзани да испратат екипа. Седум други екипи биле повикани дополнително на трката,[8] и така се создала групата од 25 екипи. Екипите кои се натпреварувале во трката се:[9] Резултати![]()
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia