Ошинув Долни
Ошинув Долни (полски: Osinów Dolny, германски: Niederwutzen) — село во општината Цедиња на Грифинскиот Округ во Западнопоморското Војводство, северозападна Полска. Сместено е на брегот на реката Одра, веднаш до самата граница со Германија која оди по неа.[2] Лежи околу 6 км југозападно од Цедиња, 50 км југозападно од Грифино и 70 км југозападно од војводската престолнина Шчеќин. По својата местоположба, ова е најзападното населено место во Полска. Селото има население од 205 жители (2011) [1]. Преку границата во Германија се наоѓа местото Хоенвуцен, на патот од Хојна (порано Кенигсберг во Нојмарк) за Бад Фрајенвалде во Бранденбург, Германија. Сè до 1945 г. селото ѝ припаѓало на покраината пруската покраина Бранденбург во рамките на Германија. Од 1936 до 1939 г. во местото работела хартиена фабрика, која подоцна е затворена. Денес погоните служат како затворен пазар. СтопанствоМалото стопанство Ошинув Долни ужива значаен промет од Германци кои ја преминуваат границата во набавка на поевтини производи и услуги уште од самото отворање на граничниот премин во 1993 г. Во поново време, местото шеговито се нарекува „Село на фризерите“ (Dorf der Friseure) поради тоа што преку половина од мештаните се занимаваат со фризерство, мнудејќи евтини потсрижувања за германските посетители од преку границата. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia