Грифински Округ
Грифински Округ (полски: powiat gryfiński) — округ во Западнопоморското Војводство, северозападна Полска, крај полско-германската граница. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Најголем град и седиште на округот е Грифино, сместен на 20 км јужно од војвоското седиште Шчеќин. ВО округот има уште пет града: Хојна (32 км на југ), Мјешковице (52 км на југ), Тшќињско-Здруј (33 км на југ), Цедиња (45 км на југозапад) и Морињ (44 км на југ). Округот зафаќа површина од 1869,11 км2 и во 2019 г. имал 81.882 жители.[1] Уделот на градско население изнесува 45,4 %. Соседни местаПоличкиот Округ се граничи со Поличкиот Округ и градот Шчеќин на север, Старгардскиот и Пижичкиот Округ на исток, како и Мишлибушкиот Округ на југоисток. На запад се граничи со Германија (окрузите Укермарк, Барним и Меркиш-Одерланд). Административна поделбаОкругот се дели на четири општини од кои шест се градско-селски и три селски. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2016 г.[2]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia