ПУ „Страшо Пинџур“ - Чешиново
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Страшо Пинџур. МестоположбаУчилиштето се наоѓа во селото Чешиново. ИсторијаУчилиштето било изградено во 1969 година.[2] НаставаВо училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик. Покрај учениците од Чешиново, во него учат и учениците од околните села Уларци и Спанчево. УсловиЗа реализирање на воспитно-образовната дејност училиштето користи 10 училници, од кои еден е кабинет по англиски јазик – во кој има интерактивна табла за потребите на наставниците при примената на ИКТ во наставата, еден кабинет по информатика, како и една фискултурна сала која за жал во моментов не е оспособена за користење и два спортски терени за реализација на наставата по физичко и здравствено образование. Во склоп на училиштето работи и училишната библиотека која има задоволителен број на лектирни изданија. Во ова училиште се наоѓаат и просториите за раководниот кадар на училиштето и тоа: канцеларија на директорот, канцеларии за педагогот и секретарот на училиштето, наставничка канцеларија, како и простории за техничкиот персонал. Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia