Уларци
Уларци — село во Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани. Потекло и значење на името![]() Името на селото првпат е забележано како Уљарци, но и како Угларци во XIV век (1378 г.). Значењето веројатно доаѓа од старословенскиот истоимен збор кој означува „пчелар“, што се споменува и во грамотата на кралот Милутин од 1303 година, кога улјари биле чувари на манастирските улишта со пчели. Тие биле ослободени од сите должности кон кралот и црквата, со одредба за нивната материјална одговорност при евентуална штета. Меѓутоа, Уларци може да се изведе и од зборот „улар“ што означува отвор (меѓу кошницата за пчели и речната утока), што ова одговара на местоположбата на селото, бидејќи се наоѓа на местото каде што Злетовска Река се влева во Брегалница.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во Кочанското Поле, во западниот дел на територијата на Општина Чешиново-Облешево, од десната страна на реката Брегалница. Атарот на селото се допира со подрачјето на Општина Карбинци.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 305 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 17 километри.[3] До селото води асфалтен пат, кој се двои од некогашниот регионален пат Кочани-Штип, како и од селото Чешиново. Во непосредна близина се наоѓа и клучката Крупиште на новиот експресен пат Штип-Кочани (А3). Во близина на селото, а на самата атарска граница со соседното Жиганци, се наоѓа железничкото стојалиште „Злетовица“. ИсторијаВо 1912 година е забележан еден жител од селото како член на македонско-одринското ополчение. На 14 октомври 1944 година германскиот окупатор во селото извршил убиство на околу 40-тина лица, во склоп на серијата масовни убиства што ги извршил во Штипско, Кочанско и Повардарието во тој период.[4] Стопанство![]() Атарот на селото зафаќа простор од 5,3 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 468 хектари, па затоа селото има полјоделска функција.[3] Во селото имало лупилница за ориз и услужни објекти.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Уларци живееле 540 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Уларци имало 208 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 90 Власи.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7] Селото е средно по големина, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 465, а во 1994 година 378 жители.[3] Според пописот од 2002 година, селото имало 366 жители, сите Македонци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 289 жители, од кои 282 Македонци, 2 Власи и 5 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Уларци било село во Штипската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Чешиново. Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Крупиште, во која покрај селото Уларци, се наоѓале и селата Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Крупиште и Пишица. Општината Крупиште постоела и во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Гуњовци, Крупиште, Новоселани, Пишица и Уларци. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0884 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 220 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 233 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia