Паневропски коридор X
Коридор Х — еден од паневропските сообраќајни коридори. Се протега помеѓу Салцбург во Австрија и Солун во Грција. Коридирот проаѓа низ Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Македонија и Грција. Има четири ограноци: Xa, Xb, Xc и Xd. ОграноциX: Салцбург - Љубљана - Загреб - Белград - Ниш - Скопје - Велес - Солун.
Огранок A (Коридор Xa)Коридорот Xa се протега од Грац, Австрија до Загреб, Хрватска проаѓајќи низ: Хрватска, Словенија и Австрија. Огранок C (Коридор Xc)Коридорот Xc се протега помеѓу Ниш - Софија - Пловдив - Одрин - Истанбул. Патот во Србија од Ниш до бугарската граница близу Димитровград во моментов е во изграбдам со цел да ги добие стандардите за автопат. Се очекува патот да биде готов во 2017. Во Бугарија некои 31 км од Калотинскиот автопат од Калотина до Софија беа дадени на тендер во 2012 г. Во моментот сообраќајот се проаѓа преку Софиската обиколница, но постои и нов заобиколен потег. Во Турција Огранок D (Коридор Xd)Коридорот Xd се протега помеѓу Велес - Прилеп - Битола - Лерин - Игуменица Патот Велес - Прилеп преку планинскиот превој Дервен ретко се користи, заради тоа што не е асфалтиран. Затоа, најчесто се користи алтернативата Велес - Росоман - Плетвар - Прилеп, преку планинскиот превој Плетвар. Во тек е изградба на експресен пат на делницата Росоман - Фаришка клисура. Потоа се оди по магистралниот пат Прилеп - Битола, па на магистралниот пат Битола - Меџитлија. Во моментов се проектира таа делница. Патот во Грција од граничниот премин Ники до Лерин е автопат. Потоа се продолжува по експресен пат до Птолемаида, каде започнува автопат. Оттаму, па сè до Кожани е автопат. Потоа, тој автопат се вклучува на автопатот Егнатиа кој води сè до Игуменица.
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia