Карта на басенот на Рио де ла Плата, каде е означена и реката Пилкомајо како се влева во реката Парагвај во близина на Асунсион.
Карта на басенот на Рио де ла Плата, каде е означена и реката Пилкомајо како се влева во реката Парагвај во близина на Асунсион.
Пилкомајо (шпански: Pilcomayo, кечуански: Pillkumayu или Pillku Mayu, pillku „црвена“, mayu „река“,[2] , гварански: Ysyry Araguay) е река во централна Јужна Америка. Со своите 1.100 километри,[3] Пилкомајо е најдолгата западна притока на реката Парагвај. При својот тек, реката се дели на двa дела, северен и јужен, кои понатака пак се спојуваат во долниот тек на реката.[3]
Пилкомајо извира во падините на Андите во департманот Оруро, источно ов езерото Попо во Боливија. Реката Качи Мају се смета за извориште на реката Пилкомајо.[4] Реката се вика Качи Мају сè до спојот со реката Чилава, а понатака заедничното име им е Пилкомајо.[5][6] Од спојот на реките па понатака реката тече низ департманите Чукисака и Тариха во Боливија, па потоа продолжува во покраината Формоса во Аргентина и потоа преминува во Гран Чако со што се формира границата помеѓу Аргентина и Парагвај. Во близина на главниот град на Парагвај, Асунсион, реката Пилкомајо се влева во реката Парагвај.
Население
Басенот на реката е дом на околу 1.5 милиони луѓе, од кои околу 1 милион во Боливија, 300.000 во Аргентина и 200.000 во Парагвај