Портал:УметностМакедонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија Иако денес под поимот уметност обично се подразбира визуелна уметност, концептот за тоа што е уметност се има менувано постојано низ вековите. Можеби најконцизна дефиниција е најопштата - поимот уметност се однесува на сите креативни човечки дејствија, со исклучок на дејствата директно врзани за опстанок и репродукција. Од поширока перспектива, уметност е едноставно изведен поим за било кој производ на креативен импулс, од кој произлегле сите други човечки активност, како наука преку алхемија, и религија преку шаманизам. уреди
Одбрана статија![]() Албрехт Дирер (германски: Albrecht Dürer) (Нирнберг, Германија 21 мај, 1471 – 6 април, 1528) бил германски сликар, дрворезец, графичар и математичар. Тој е најпознат по неговите серијални дрворези како Апокалипса (1498), два серијала за распетието на Христа, Големата Пасија (1498-1510) и Малата Пасија (1510-1511) како и многу поединечни графики како Витез, Смртта и Ѓаволот (1513), Свети Еремија во неговата работна соба (1514) и Меланхолија I (1514). Неговото дело Четири јавачи на Апокалипсата (1497-1498), дел од серијалот Апокалипса е исто така многу познато. Од посебно значење се и неговите автопортрети. На 7 јули, 1494 Дирер се оженил, по договор во негово отсуство, со Агнеса Фреј, ќерка на локален трговец. Нивниот однос не е доволно познат, но се знае дека нејзиниот углед страдал како резултат на навреди од страна на Диреровите пријатели по нејзината смрт. Дирер не останал во Нирмберг за долго; есента 1494 тој допатувал во Италија, оставајќи ја жена си во Нирмберг. Тој отишол во Венеција, и ова го знаеме од неговите тогашни дела кои се во духот на северноиталијанскаите дела на Мантења, Антонио Полајуло, Лоренцо ди Креди и други. Во 1495 Дирер мора да се вратил во Нирмберг, каде изгледа живеел и работел во следните 10 години кога ги направил неговите најзначајни графики. уреди
Одбрана сликауреди
Дали сте знаеле...![]()
уреди
Одбрани цитати
уреди
Категорииуреди
субпортали (во фаза на конструкција)
уреди
ИзвестувањеДоколку се одлучите да напишете некоја статија поврзана со уметноста, во случај да сметате дека истата не е потполна, ставете ја предлошката {{Уметност-никулец}} на крајот на текстот. Доколку постои предлошка поврзана со темата што ја пишувате, искористете ја неа. уреди
Работи кои може да ги направиш |
Portal di Ensiklopedia Dunia