Портал:ОпштествоМакедонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија уреди
ОПШТЕСТВО![]() Општество е група на луѓе што живеат и работат заедно во полузатворен (полуотворен) систем на меѓусебни врски и односи. уреди
Избрана статија![]() Обединетите Нации е меѓународна организација основана на 20 јуни 1945 во Сан Франциско. Сепак како ден на нејзиното основање се слави на 24 октомври секоја година. Претходник на Обединетите нации е Друштво на народите основано во 1919 год. Седиштето на ОН се наоѓа во Њујорк, САД. Во ОН моментално членуваат 192 држава. Со исклучок на Ватикан (која е единствена држава постојан набљудувач), сите меѓународно признати и независни држави се членки. Други политички ентитети, имено Република Кина (Тајван), Демократската Република на Арапска Сахара, (Западна Сахара) и Палестина, имаат де факто независност и/или одредено меѓународно дипломатско признание од одредени држави, но не се членки на ОН. Прочитајте повеќе уреди
Категорииуреди
Избрана биографија![]() Роза Луксембург (5 март 1870 - 15 јануари 1919) е познат марксистички теоретичар и политичар. Била една од главните теоретичари на Социјалдемократската партија на Германија и една од водечките личности на левото крило на социјалдемократијата во меѓународни рамки. Голем противник на Првата светска војна и на политиката на германската социјалдемократија, Роза Луксембург заедно со Карл Либкнехт го има основано т.н. „Спартаковиот сојуз“. Поради своите антивоени ставови била затворена од страна на германската влада. По избувнувањето на револуцијата во Германија во ноември 1918 била ослободена од затвор и се зафатила со обединување на левоориентираните социјалдемократски групи во Комунистичката партија на Германија. По неуспешните демонстрации од јануари 1919, Роза Луксембург заедно со Карл Либкнехт била заробена од десничарските „Слободни трупи“ и набрзо била убиена. Прочитајте повеќе уреди
Избрана сликауреди
Дали сте знаеле...
уреди
Избран цитат
—Карл Маркс, вовед на Комунистичкиот манифест уреди
Поврзани портали
|
Portal di Ensiklopedia Dunia