Портал:ИндијаМакедонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија уреди
ИНДИЈА
Индија официјално Република Индија (хинди: भारत गणराज्य Bhārat Gaṇarājya; види други индиски јазици), е држава сместена во Јужна Азија и го зафаќа поголемиот дел од индискиот потконтинент, опфаќајќи многу значајни и историски трговски рути. Со крајбрежје од преку 7,000 километри, Индија дели граници со Пакистан, Народна Република Кина, Мјанмар, Бангладеш, Непал, Бутан, и Авганистан. Шри Ланка, Малдивите и Индонезија се одделни островски нации. Индија е втора земја по број на жители во светот со 1,080,264,388 жители и седма по географска големина со 3,287,590 км2. Главен град е Њу Делхи. Прочитајте повеќе уреди
Избрана статијаЏана Гана Мана (бенгалски: জন গণ মন Jôno Gôno Mono во превод Ти си господар на свеста на сите луѓе) е државна химна на Индија. Напишана е на санскритизиран бенгалски јазик, и е прва од петте строфи на Браманската химна напишани и компонирани од страна на нобеловиот лауерат Рабиндранат Тагоре. Прв пат е испеана на сесијата на Индискиот национален конгрес на 27 декември 1911 во Калкута. Како државна химна прифатена е на уставната асамблеа како индиска химна на 24 јануари, 1950. Музиката за "сегашната верзија" е создадена од композиторот Рам Синг Такур, иако некои го оспоруваат тоа. Нормалната интерпретација на химната е од 48 до 52 секунди. Кратката верзија трае околу 20 секунди. Прочитајте повеќе уреди
Избрана сликауреди
Избрана биографија![]() Рабиндранат Тагоре (бенгалски: ⓘ) (Калкута, 7 мај 1861 – Калкута, 7 август 1941) бил бенгалски поет и философ. Меѓу неговите најпознати дела спаѓаат збирките песни „Градинар“ и „Гитанџали“, романите „Дом и свет“ и „Бродолом“, драмите „Сударшана“ и „Водопад“ и публицистичкиот труд „Национализам“. Тој ја создал и индиската државна химна „Џана Гана Мана“. За својата литературна работа во 1913 година ја доби Нобеловата награда.Прочитајте повеќе уреди
Дали сте знаеле...
уреди
Категории |
Portal di Ensiklopedia Dunia