Пресуда (македонски филм)
„Пресуда“ — македонски филм од 1977 година. Го режирал Трајче Попов, а сценариото го напишал Јово Камберски. Кратка содржинаПри еден судир со непријателот, во однапред изгубена битка и ризик да се умре залудно, партизанот Митко Ангелов бега од бојното поле. Се качува на воз и оди да ја види мајка си која штотуку се вратила од интернација. Кога се вратил во бригадата, Митко бил прогласен за дезертер, бил разоружен и врзан. Немајќи оружје, со други партизани, оди во патрола и акција за преземање оружје од Германците. При акцијата загинуваат сите партизани освен Митко и Ване кој е сериозно ранет. Митко мисли дека и Ване е загинат и се враќа во бригадата. Командантот не му поверувал и тој е затворен. Во меѓувреме ранетиот борец Ване доаѓа во бригадата и ја раскажува приказната за херојската борба предводена од Митко. Истовремено, воениот суд го осудува Митко на смрт заради дезертерство. Улоги
Останати улоги ▼ Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia