Кирил Псалтиров (роден на 11 октомври 1941 во Кочани — починал на 8 мај 2021 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, како и поранешен советник во Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ. Кирил Псалтиров во 1974 година се вработил во Македонски народен театар во Скопје и останал сè до неговото пензионирање.[1]
Животопис
Завршил Академија за драмски уметности во Скопје во 1973 година, во првата генерација дипломирани глумци заедно со Ѓорѓи Колозов, Снежана Киселичка, Гоце Влахов, Петре Арсовски, Мајда Тушар и Соња Каранџуловска. Од 1974 година до неговото пензионирање работел како глумец при Драмата на Македонскиот народен театар и глумел во повеќе филмови. Од 2011 до 2019 година, бил вработен во Канал 5 Телевизија, каде вршел сихронизација на турски серии и бил дел глумечката екипа на Македонски приказни.[2]
Во 2012 година, Комисијата за верификација на фактите (лустрациската лустрација на Република Македонија) утврдила Псалтиров дека бил соработник на тајните служби во времето на СФРЈ,[3] на кое тој изјавил дека не бил кодош туку жртва на комунистичкиот режим.[4]
Театарски претстави
- Љупче (Писание, 2002), aвтор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Началникот (Грофот Миливој, 2001), aвтор: Ристо Крле, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Кардиналот Донатело (Еригон, 1999), aвтор: Јордан Плевнеш, режисер: Владо Цветановски , продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Бугаринот (Зора на истокот, 1991), aвтор: Гордан Михиќ, режисер: Ацо Алексов, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Свештеникот (Посета на старата дама, 1990), aвтор: Фридрих Диренмат, режија: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар
- Едвард, кралот (Ричард трети, 1990), aвтор: Вилијам Шекспир, режисер: Рахим Бурхан, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Сомот (Рекламна бајка, 1989), aвтор: Русомир Богдановски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Солин, војводата од Ефес (Забуни, 1989), aвтор: Вилијам Шекспир, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Свештеникот (Антица, 1988), aвтор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Борецот (Гуштерица, 1986), aвтор: Александар Володин, режисер: Евгениј Лазаров, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Другарот Мандулски (Рамна земја, 1985), aвтор: Ташко Георгиевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Боб Мојра (Бог, 1984), aвтор: Вуди Ален, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Дежурен иследник на Голи Оток (Македонски состојби), 1984), aвтор: Јордан Плевнеш, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- Д-р Нинковиќ (Госпоѓа министерка, 1983), aвтор: Бранислав Нушиќ, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Попот (Макавејските празници, 1983), aвтор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Тевје (Свирач на покрив, 1983), aвтор: Џери Бок, режисер: Владо Штефанчиќ, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- (По претставата, 1981), aвтор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- (Остен, 09.1981), aвтор: Бранко Ставрев, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Завиша (Војна и мир во Груда, 1981), aвтор: Вељко Радовиќ, режисер: Благота Ераковиќ , продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Прв врбувач, Прв језуит, Чиновникот, Полицаецот, Прв јаничар (Кандид, 1980), aвтор: Волтер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Анучкин (Женидба, 1979), Автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Ампо (Чорбаџи Теодос, 1978), aвтор: Васил Иљоски, режисер: Ацо Алексов, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Никифор Бриен; Затвореник 5 (Алексијада, 1978), aвтор: Богомил Ѓузел, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар – Скопје
- (Суд, 1978), aвтор: Коле Чашуле, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- ('48, 1977), автор и режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Д-р Нинковиќ, секретар во Министерство за надворешни работи, Втор жандарм (Госпоѓа министерка, 1977), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Работникот (Крчма под зеленото дрво, 1977), автор: Петар Ковачевиќ, режисер: Владимир Стрниско, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Крам (Бертолт Брехт пред комитетот за антиамериканска дејност, 1977), автор: Ерик Бентли, режисер: Наум Пановски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- (Отепвачка, 1976), автор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- (Хемиските потписи на човечките организми во воздухот, 1975), автор: Бранко Ставрев, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Вториот селанец, Гаврил (Време за пеење, 1975), автор: Петре М. Андреевски, режисер: Димитар Станковски, продукција: Македонски народен теата - Скопје
- Слуга на Фамусов (Од многу ум, 1974), автор: Александар Грибоедов, режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Оберлајтнант фон Балочански (Господа Глембаеви, 1974), автор: Мирослав Крлежа, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Работник; Жандарм, Хор (Хелдерлин, 1973), автор: Петер Вајс, режисер: Владимир Милчин , продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Водачи на разбунтуваната маса (Децата на сонцето, 1973), автор: Максим Горки, режисер: Илија Милчин, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Освалд (Крал Лир, 1972), автор: Вилијам Шекспир, Режисер: Вукан Диневски , продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Гаврил Игњатович (Фома, 1972), автор: Фјодор Михајлович Достоевски (текст: Селото Степанчиково и неговите жители), режисер: Димитар Ќостаров, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- Доброволец (Јунона и паунот, 1971), автор: Шон О’Кејси, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар - Скопје
- (Макбет, 1969), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Герет Морган,, продукција: Драмски театар - Скопје
Филмографија
Наводи
Надворешни врски
|