Славица Николовска-Зафировска (р. 18 февруари 1948 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. По завршувањето на Театарската академија во Загреб, 1971 година, таа се вработила во Драмски театар - Скопје каде работела сè до нејзиното пензионирање. Нејзината глумечка игра ја одликувала лирската боја и поетско интонирани сценски толкувања.
Филмографија
Зафировска ги остварила филмските улоги:[1]
Театарски претстави
- Џон Пиплфокс од Владо Малевски, р. Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1965;
- Тројанки од Еврипид, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1966;
- Гртко од Љубиша Ѓокиќ, р. Сава Комненовиќ, Драмски театар - Скопје 1967;
- Танцот на трендафилите од Валери Петров, р. Бојан Дановски, Драмски театар - Скопје 1967;
- Зборот дупка не прави од Жарко Петан, р. Франци Крижај, Драмски театар - Скопје 1967;
- Цвета — Свадба од Васил Иљоски, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1972;
- Задржливиот подем од Бертолт Брехт, р. Мјечислав Ѓуркиевич, Драмски театар - Скопје 1972;
- Девојката — Ништо од Артур Копит, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1972;
- Мустаките на Генералот Рококајко од Ристо Давчевски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1972;
- Клара — Хајди од Јохана Шпири, р. Димитар Христов, Драмски театар - Скопје 1973;
- Џеси — Дејство на гама зраците врз сенишните невени од Поп Зиндел, р. Наум Пановски, Драмски театар - Скопје 1973;
- Вишновата градина од Антон Павлович Чехов, р. Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1973;
- Таа — Димна Јуда град градила од Душко Наневски, р. Виолета Олева, Македонски народен театар 1974;
- Евгенија — Болва в' уво од Жирж Фејдо, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1974;
- Хенрих Четврти од Луиџи Пирандело, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 1974;
- Едно срце — Брод со зелена брада од Маја Грујовиќ, р. Србољуб Станковиќ, Драмски театар - Скопје 1975;
- Настењка — Бели ноќи од Достоевски, р. Борко Зафировски, Македонски народен театар 1975;
- Готвачка — Шекспир во приказна од Чарлс, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1978;
- Стела — Трамвај наречен желба од Тенеси Вилијамс, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1979;
- Луси — Дракула од Дин Хамилтон, р. Љупчо Тозија, Драмски театар - Скопје 1979;
- Лидија — Чехон подбиена среќо моја од Леонид Маљугин, р. Сава Маркус, Драмски театар - Скопје 1980;
- Лиза — Васа Железнова од Максим Горки, р. Димитар Ќостаров, Драмски театар - Скопје 1980;
- Марица — Сомнително лице од Бранислав Нушиќ, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1981;
- Жената на Леонардо — Крвави свадби од Федерико Гарсија Лорка, р. Крум Стојанов, Драмски театар - Скопје 1981;
- Умна глава од Оливера Николова, р. Кирил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1983;
- Холи — Фоксфаер од Хјум Кронин, р. Богдан Поп Ѓорчев, Драмски театар - Скопје 1984;
- Учителката — Карамазови од Душан Јовановиќ, р. Паоло Маџели, Драмски театар - Скопје 1984;
- Цвета — Свадба од Васил Иљоски, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1986;
- Вали — Стапица од Тадеуш Рижевич, р. Богдан Хусаковски Драмски театар - Скопје 1987;
- Зорица — Сказна за времето од Љубиша Ѓокиќ, р. Љубиша Ѓокиќ, Драмски театар - Скопје 1988;
- Слугинка — Татко од Август Стримберг, р. Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1989;
- Клеопатра — Самоубиец од Едвард Бонт, р. Бранко Ставрев, Драмски театар - Скопје 1990;
- Жоржет — Балканот од Жан Жене, р. Ивица Кунчевиќ, Драмски театар - Скопје 1991;
- Шортс — Дамите од Аламо од Пол Зиндел, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 1993;
- Сосрета — Жени во народно собрание од Аристофан, р. Димитар Христов, Драмски театар - Скопје 1994;
- Убиј ме душичке од Несин Азис, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 1997;
- Баба — Чест од Васил Иљоски, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 1998;
- Платонов од Антон Павлович Чехов, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1999;
- Сопругата — Хамлет од Долго Гаштани од Иво Брешан р. Мето Јовановски, Драмски театар - Скопје 2004.
Наводи
Надворешни врски
|