Петре Арсовски (р. 12 јуни 1945 во Мокрени, Велешко) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Животопис
Петар Арсовски дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Бил првата генерација димломирани глумци заедно со Ѓорѓи Колозов, Мајда Тушар, Гоце Влахов, Снежана Киселичка, Кирил Псалтиров, Соња Каранџуловска, Ацо Дуковски, Лилјана Велјанова и Љупчо Петрушевски.
Првата улога Петре Арсовски ја остварува во 1968 година во претставата „Венецијански близнаци“ во улога Првиот полицаец, чија премиера била одржана на 12 декември 1968 година. Во текот на својата театарска кариера, учествувал во глумење на 58 ликови на сцената на МНТ, како и 16 ликови на други сцени од други театри.
За првпат на филм се појавил во играниот филм „Македонскиот дел од пеколот“ во 1971 година. Во 1974 година се вработил во Македонскиот народен театар каде се пензионирал во 2009 година. И покрај пензионирањето, Арсовски продолжил со играњето во претстави и филмови.
Тој во својата кариера има остварено, бројни филмски улоги, играјќи во над 60 филмови и над 20 телевизиски серии. Тој е единствениот македонски глумец кој има остварено над 80 филмски и телевизиски улоги, заедно со Петре Прличко, Мето Јовановски и Илија Џувалековски. Остварил главни улоги во филмовите: Истрел, Најдолгиот пат, Пресуда, Време, води, Среќна нова '49, Тетовирање, Стапица, Трето полувреме, Златна петорка. Играл и во телевизиските серии: Волшебното самарче, Бушава азбука, На наш начин, Трст виа Скопје, Во светот на бајките, Македонски народни приказни, Заведени и Сенки над Балканот.
Во 2018 година по повод 50 години од својата глумечка кариера, Арсовски направил изложба во фоајето на Македонскиот народен театар[1].
Добитник е на повеќе награди и признанија.[2]
Живее и работи во Скопје.
Театарски претстави
- Прв полицаец - Венецијански близнаци од Карло Голдони, режисер: Вукан Диневски, МНТ 1968;
- Мустаките на Зајко Рококајко од Ристо Давчевски, режисер: Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1973;
- Сенатор - Јас Клаудиј од Џон Мортимер, режисер: Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1973;
- Нојфел - Хелдерлин од Петар Вајс, режисер: Владимир Милчин, МНТ 1973;
- Крис - Сите мои синови од Артур Молиер, режисер: Илија Милчин, Драмски театар - Скопје 1974;
- Кирилов - Бесови од Арбер Ками, режисер: Илија Милчин, МНТ 1978;
- Затвореник - Александрија од Богомил Ѓузел, режисер: Владимир Милчин, МНТ 1978;
- Ѓорѓо - Чорбаџи Теодос од Васил Иљоски, режисер: Ацо Алексов, МНТ 1978;
- Писарот Пусич - Милион маченици од Ристо Крле, режисер: Петре Прличко, МНТ 1980;
- Страхиа - Војна и мир во Груда од Вељко Радовиќ, режисер: Благора Ераковиќ, МНТ 1981;
- Мочах - Свирач на покривот од Џери Бок, режисер: Владо Штефанчиќ, МНТ 1983;
- Бугар - Среќна нова '49 од Горан Михиќ, режисер: Слободан Унковски, МНТ 1985;
- Корнулов - Рамна земја од Ташко Георгиевски, режисер: Владимир Милчин, МНТ 1985;
- Екарт - Баал од Бертолт Брехт, режисер: Владимир Милчин, МНТ 1987;
- Михаил - Аудиција под нов покрив од Вацлав Хавел, режисер: Душан Наумовски, МНТ 1988;
- Пинч - Забуни од Вилијам Шекспир, режисер: Димитрие Османли, МНТ 1989;
- Јаков - Рави од Синиша Ковачевиќ, режисер: Љубиша Георгиевски, МНТ 1989;
- Новинар - Посета на старата дама од Фидрих Диренмат, режисер: Бранко Ставрев, МНТ 1990;
- Виктор - Гнев божји од Жаклина Мирчевски, режисер: Слободан Унковски, МНТ 1990;
- Иван - Крик од Блаже Миневски, режисер: Владимир Милчин, МНТ 1991;
- Ангеле - Буре барут од Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, МНТ 1994;
- Поп Милош - Бунт во домот за старци од Венко Андоновски, режисер: Бранко Ставрев, МНТ 1994;
- Осман бег - Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински, режисер: Сашо Миленковски, МНТ 1995;
- Инспекторот - Едмонд од Дејвид Мемед, режисер: Синиша Ефтимов, МНТ, 1997;
- Луков - Црнила од Коле Чашуле, режисер: Виолета Џолева, МНТ 2001;
- Павле - Гроф Миливој од Ристо Крле, режисер: Димитрие Османли, МНТ 2001;
- Икомо - Балканот не е мртов од Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, МНТ 2001;
- Робијашот - Демони од Фјодор Достоевски, режисер: Владимир Милчин, МНТ 2001;
- Тасин - Ослободување на Скопје од Душан Јовановиќ, режисер: Срѓан Јакаќиевиќ, МНТ 2002;
- Инспекторот - Чија си од Сашко Насев, режисер: Виолета Џолева, Универзална сала – Скопје 2004;
- Ревизор од Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, МНТ 2006;
- Таткото - Луди за љубов од Шем Сепарт, режисер: Нина Николиќ, Младински културен центар 2010;
- Чичко Јакоб - Разговор во четири очи од Ингмар Бергман, режисер: Нина Николиќ, МНТ 2015;
- Петар - Галеб од Антон Павлович Чехов, режисер: Нина Николиќ, МНТ 2018;
- Мортен Кил - Народен непријател од Хенрих Ибзен, режисер: Нина Николиќ, МНТ 2022;
- Везан и Рабинот - Сите сме птици од Важди Муавад, режисер: Слободан Унковски, МНТ 2022.
Филмографија
Награди
Наводи
Надворешни врски
|