Протести во Србија (2018-20)
Протестите во Србија —- претставуваат бран протести, започнати во 2018 година кои сè уште траат, познати под слоганите Стоп за крвавите кошули. Повод за протестите бил порастот на политичкото насилство од страна на власта. Првиот директен повод за протестите е физичкиот напад над опозициониот политичар Борко Стефанович. По првите протести во Белград, истите се рашириле низ повеќе градови низ Србија, како и во градови населени со српската дијаспора. Говорниците и организаторите на протестите најжестоко ја критикуваат ситуацијата во медиумите и функционирањето на институциите во државата. Реакции и поддршкаУчество на студентитеВо медиумите во повеќе наврати било најавувано организирано учество на студенти од различни факултети во Белград, вклучувајќи ги Правниот факултет, Факултетот за политички науки, Фармацевтскиот факултет, Факултетот за драмски уметности, електротехничкиот факултет и други. Исто така, најавувано е и организирано учество на студенти од Универзитетот во Ниш на протестите. По повод денот на студентите (4 април), на 6 април била организирана посебна протестна прошетка од Студентскиот град во Нов Белград до зградата на Владата на Србија каде студентите им се придружиле на останатите учесници на протестот. Учество на средношколцитеНа 18 март, група ученици од Филолошката гимназија се упатиле во правец на една од полициските станици, затоа што нивниот школски другар Павле Цвејич бил уапсен во инцидентите претходните денови. Тие на властите им дале рок од 48 часа да го пуштат на слобода, најавувајќи дека ќе ги повикаат сите ?? на заеднички собир после тоа. Веќе од наредниот ден, учениците од Економското училиште во Ковин организирале самостоен предупредувачки протест. КонтроверзииМедиумско известувањеЕдна од поголемите контроверзии поврзани со овие протести бил начинот на известување од страна на телевизијата „Студио Б“ од протестот одржан на 8 декември. Во вечерната програма, која ја води главната уредничка на оваа телевизија, Ивана Вучичевич, се вклучила младата репортерка Барбара Животич и за протестот известила:
Ова предизвикало бура од коментари на социјалните мрежи и во медиумите, репортерката наишла на критики од бројни јавни личности како Сергеј Трифуновиќ, додека поддршка и изразил Александар Вучиќ. Во меѓувреме, музичарот Милан Станович, познат под прекарот SevdahBABY направил електронски музички ремикс на нејзината репортажа, од што настанала популарна песна.[3] Реакција на властитеМедиумски реакцииОдговор на претседателот на Србија, Александар Вучиќ по повод протестите против него, ги одбил барањата на опозицијата и изјавил:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia