Малајски јазик
Малајски jazik (самонар. Bahasa Melayu) — важен јазик во рамките на австронезиското јазично семејство. Тој е државен јазик на Малезија (како малезиски), Индонезија (како индонезиски) и Брунеј, како и еден од четирите службени јазици на Сингапур. Како мајчин го говорат 40 милиони луѓе[4] преку Малачкиот Проток, вклучувајќи ги крајбрежните делови на Малајскиот Полуостров во Малезија, источниот брег на Суматра и островската група Ријау во Индонезија, но и на зпадниот брег на Саравак и Западен Калимантан на Борнео. Во јужен Тајланд се говори сродниот „патански малајски“. Според Ethnologue јазикот има 16 дијалекти, а неколку од нив се сметаат за посебни јазици, како на пример говорите на немалезиското население (погоре во наведени со прашалник до името). Постојат и неколку креолски јазици врз основа на класичниот малајски, како и отмакасарски малајски, кој претставува мешан јазик. ПотеклоПостојат разни претпоставки за потеклото на малајскиот јазик. Некои сметаат дека произлегол од островот Суматра поради тоа што во негова близина се најдени најастарите малајски написи (VII век). Старото кралство Малају се наоѓало во денешната покраина Џамби во источна Суматра и се споменува во разни древни текстови. Со проширувањето на трговските односи и наблегувањето на исламот, муслимнанските кралства доживеале подем, и така малајскиот станал лингва франка ширум Малајскиот Архипелаг. Малачкиот султанат го воспоставил првиот книжевен малајски јазик. По поразот од Португалија во 1511, првенство во книжевноста добил Џохорскиот султанат (Џохор-Ријау), чија варијанта е основа за денешниот стандард. Со поделбата на султанатот помеѓу на Британска Малаја (Џохор) и Холандските Источни Инди (Ријау), варијантата станала службена во обете територии и како таков се има задржано до денес со негово изгласување за уставен јазик. Индонезискиот и малезискиот зборовен фонд ги делат повеќе векови посебен развој, делумно поради влијанијата на колонијалните јазици; холандскиот во Индонезија, а англискиот во Малезија, Сингапур и Брунеј. Во 1972, Индонезија и Малезија го усогласиле правописот, и заедно со Брунеј, имаат основано заедничка јазична установа за меѓусебно ускладувањ и развој на научно-технички поими. Некои малајски дијалекти се само делумно разбирливи за литературните говорници. На пример, келантанскиот и саравачкиот изговор е тешко разбирлив за Малезијците, додека пак индонезискиот содржи многу зборови што не им се познати на малезиските говорници, поради влијанија од јаванскиот, сундскиот и другите локални јазици, како и поради локализми. ФонологијаЗа разлика од многу околни јазици како тајскиот и виетнамскиот, малајскиот јазик нема тонови. СогласкиВо јазикот има неколку фонеми што се присутни само во заемки (подолу во загради), главно од арапскиот, холандскиот и англискиот. Не сите говорници знаат да ги различат сите овие гласови.
Правописна белешка: Буквите од азбуката ги имаат истите звучни вредности како горенаведените фонетски симболи, освен следниве гласови:
Фонемите што се јавуваат само во арапски заемки обично се едначат по звучност со малајските фонеми, но се изговораат и изворно од лицата што знаат арапски.
СамогласкиМалајскиот изворно имал четири самогласки, но денес многу наречја имаат по шест. Самогласката /ə/ е обично епентетична, но во некои зборови не може да се предвиди (како на пр. enam „шест“). /e, o/ се разликуваат во англиски заемки и многу индонезиски дијалекти. Во некои говори /ai, au/ се изговараат како /e, o/.
Правописна белешка: со буквата „e“ се претставуваат гласовите /e/ и /ə/. Ова значи дека постојат извесни хомографи, па така perang може да биде /peraŋ/ („русокос“) или /pəraŋ/ („војна“). Кај автохтоните малајски зборови, [i, u] и [e, o] се алофони. Може да се разликуваат од место до место, како во случајот на bugil „слечен“ (Индонезија и северна Малаја) наспроти bogel (јужна Малаја). Кај корените со затворен последен слог, самогласката ⟨i⟩ се изговара како /e/, а ⟨u⟩ како /o/. Отворениот последен слог со самогласка ⟨a⟩ се изговара како /ə/, но се подразбира и во претходниот слог доколку првата буква во последниот слог е ⟨h⟩. Буквата е ⟨e⟩ во голем број на афикси и функционални зборови секогаш се изговара како /ə/. Низите ai, au, и oi се дифтонзи во отворени слогови. Меѓутоа кај затворените слогови, како air (вода), двете самогласни се изговараат во зев. Со други зборови, pulau „остров“ и laut „море“ имаат секој по два слога. Други самогласни низи како daerah „подрачје“ и siul „свирка“ секогаш се во зев. Во некои индонезиски дијалекти, дифтонзите /ai/ и /au/ се судираат со /e, o/. Пишаните дифтонзи ⟨ei⟩ и ⟨ey⟩ впрочем се изговараат како /e/, а истото важи и за ⟨ou⟩, што се изговара како /o/
ГраматикаМалајскиот е аглутинативен јазик, што значи дека новите зборови се создаваат на еден од три начина: со придодавање на афикси на коренот, образување на сложенки, или со повторување на зборови или нивни делови (редупликација). Основни корени можат да бидат именките и глаголите, но честопати тие се образуваат од други зборови по пат на претставки и наставки. Во јазикот нема граматички род, а само неколку збора имаат природен род; еден ист збор важи за тој и таа или негов и нејзин. Исто така не постои множина; така, orang може да значи и „човек“ и „луѓе“. Глаголите не се менуваат во склад со лицето и бројот, и нема означување за време. Времето се изразува со прилози (на пр. „вчера“) или со други показатели како sudah („веќе“) и belum „сè уште не“. Од друга страна, јазикот има сложен систем на глаголски афикси за изразување на нијанси во значењето и претставување на залог или намерен/случаен глаголски начин. Во малајскиот исто така не постои подмет како во македонскиот. Кај непреодните исажувања, именката стои пред глаголот. Кога има и вршител и предмет, тие се одделуваат со глагол (ПГВ или ВГП), а разликата се содржи во залогот на глаголот. Најчест распоред е ПГВ. ЗаемкиМалајскиот има голем број на заемки од повеќе јазици како арапскиот (претежно верски поими), санскрит, тамилскиот, персискиот, португалскиот, холандскиот, извесни кинески дијалекти, а во поново време и од англискиот (особено научни и технички поими). Основни реченици![]() Во Малезија и Индонезија речениците „Selamat pagi“ или „Selamat sejahtera“ би биле преформални како поздрав, па затоа познаниците и пријателите се поздравуваат со англиската заемка „Хај“ и се збогуваат со „Бај-бај“. Муслиманите се поздравуваат со изразот „Асаламуалајкум“. За разлика од Индонезија, во Малезија, Сингапур и Брунеј Муслиманите меѓу себе ретко ги користат изразите Selamat Pagi (Добро утро), Selamat Siang (Добро попладне), Selamat Petang/Sore (Добрa приквечерина), Selamat Malam (Добра вечер) и Selamat Tinggal/Jalan (Довидување).
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia