Кичевија
Кичевија — историско-географска област која ја опфаќа Кичевската Котлина, западна Македонија. Кон Полог граница е планината Буковик (1.518 м); кон Мијаците планината Бистра (2.100 м); кон Дебарската Котлина и Дримкол планината Стогово (2.242 м); кон Дебрца планината Голјак (1.468 м), па Беличко-пространската планина (1.500-1.600 м); кон Демир Хисар (Железник) границата е на изворот на Црна река, па на планината Лубен (1.762 м) и Стрмол (1.762 м); кон Крушево планината Венец (1.738 м); кон Прилеп планината Бушава (1.702 м); кон Порече планината Песјак (1.744 м), па Челоица (1.896 м) и Добра Вода (2.082 м). ПокраиниВо Кичевијата се распознаваат помалечки покраини кои имаат свои имиња:
Типови селаНа дното на котлината постојат населби кои се настанати од големите поседи во средновековието, турски наречени „чифлици“. Селата по речните долини и на високите предели се од типот на земјоделски и сточарски села. Се забележува дека многу села на речните долини зафаќаат неплоден крај. Овие села се повлечени од плодното земјиште за да остане што повеќе плодна земја за обработка. Селата по речните долини се тешко пристапни и скриени, а исто така се скриени и по долините и селата во Краста. Селата биле скриени од причина што селаните пробувале да се заштитат од разните војски кои го напаѓале македонскиот народ. Во врска со сточарството и земјоделството, се создавале и привремени населби, во кои се чувала стоката, сточната храна, и земјоделските алати. Тие привремени населби биле во близина на селата. Во Кичевската Котлина разликуваме разни типови на села. На дното на котлината и таму каде што биле големите поседи на агите и беговите селата се од чифлигарски тип. Тие биле збиени до кулата од агата или бегот, со високи огради и ѕидови, кои го издвојуваат имотот од соседната куќа, а измеѓу оградите имало „сокаци“ — криви селски улици. Околу куќите постоеле големи градини со овошје. Од улицата во дворот се влегувало на голема капија. Во дворот се забележувале згради за живеење, за стоката, за сено, кошеви за пченка, амбари и земјоделски алати. Единечните куќи давале изглед на мали тврдини, особено во Горно Кичево. Во дворот имало бунар и покрај него големо корито. Кога навечер ќе се затвореле капиите, пристапот бил скоро невозможен од лошите песови. Во главно од овој тип е и Кичево, како и селата; Црвивци, Србица, Арангел, Туин, Поповјани, Јагол Доленци, Зајас, Длапкин Дол, Трапчин Дол, Колибари, Србјани, Челопеци, Лисичани, Миокази, Пласница, Преглово, Вранештица и Другово. Селата од езерско потекло (Кичевската Котлина порано ја исполнувало езеро, во кое се влевале реките од планинските предели. Тоа езеро истекло создавајќи ја долината на реката Треска, кон реката Вардар) се исто така збиени, но така што терасата им останувала слободна. Над селата постоеле „шумјаци“ за стоката. Оградите на куќите најчесто биле плотови, а поретко ѕидови. Такви села се: Раштани, Осој, Ериновци, Стрелци, Шутово, Премка, Осломеј, Горно и Долно Строгомиште, Мидинци, Колари, Карбуница, Бигор Доленци, Атишта, Челопеци, Дворци, Орланци, Речани. Селата на речните долини и извори се средно збиени и скоро улица не се појавува. Селата се врзуваат со стрмни патеки и врвици, и се доста непристапни. Тие се на раб помеѓу шумата и продуктивното земјиште. Со исклучок на Зајас, овие села останале чисти во поглед на верската и етничката припадност. Такви села се: Кнежино, Лешница, Речани, Бачишта, Тајмиште, Бериково, Папрадиште, Ново Село, Крушица, Светораче, Патец, Дупјани, Рабетино, Ижишта, Ореовец, Русјаци, Латово, Кладник, Горно и Долно Добреноец, Јаворец, Лавчани, Душогубица, Ехловец, Кленовец, Иванчишта, Малкоец, Попоец, Подвис, Пополжани, Видрани, Брждани, Јудово, Белица, Козица, Цер, Мало и Големо Црско, Прострање и Велмеј. Куќа, двор и покуќница
Прозорците биле многу мали. Над огништето висел черен, неколку тешки хоризонтално поставени даски, а над черенот имало отвор за чад. Черенот служел за да ги спречува искрите, и да заштитува од појава на пожар. Се влегувало на голема врата, а се излегувало на мала која служела за поминување на луѓе, додека големата за поминување на стоката. Избата била долга 15 м. а широка 4-5 м. Во неа живеела група од 50 луѓе. Покрај избиште, се нарекува и стара куќа или куќишта.
куќа. Оваа куќа има и чардак, кој е широк, со отворени прозорци. Под подот на чардакот стоел кош за ставање на жито. Кај некои куќи до пондилата имало и одајче за на зима. Под кровот на куќата имало ател за кокошки. Кровот бил покриен со слама или плоча, а додека кај старите куќи кровот бил само сламеница. Овие куќи ги имало сè до 1903 година, кога многу села биле запалени. Денес ги има во ретки примери.
Како градители се познати мијачките ѕидари, а потоа оние од Копачка и Железнец. Материјалот во главно бил камен и кал. Во поново време се пече и цигла, а куќите се покриваат со цреп. Градби во поле и планинаСелата во Кичевско имаат и свои привремени населби. Покрај селата се т.н гумништа или племништа, каде се врши житото. За преработка на млеко, кон планините се изградени бачилишта.
Народни носии - Кичевија![]() Помеѓу регионите на Кичевијата, се согледуваат мали разлики, и затоа се обработуваат како едно исто. Носиите припаѓаат на етнографско подрачје на носии од Кичевија, Порече и Железник. Носијата е составена од следниве делови:
Стари гробиштаВо Кичевијата се распознаваат старите гробишта (од пред XIX век) од новите. Старите гробишта се најчесто напуштени. Во близина на село Туин постои гроб, т.н. Попов Гроб, кој е исто така стар. Кај него доаѓаат болни жени и неродилки на поклонување, и христијанки и муслиманки. Во Челопеци е прикажуван еден стар гроб во кој е погребан последниот член на некое семејство, кој цел имот го оставил на црквата во име на тоа за Велигден цело село да му се собере на гробот и да испие товар вино. Старите гробишта се во близина на денешните села. Тие се групирани по некогашните краеви. Најголемите стари гробишта се наоѓаат под село Тајмиште, на местото Старо Село кај Цер, на местото Голем Камен и на патот измеѓу Србица и Ново Село. Во Кичевијата се распознаваат три типа стари гробишта.
Нови гробиштаИ во Кичево христијанските гробишта биле покрај црквата. Подоцна гробиштата се иселени и уредени се нови гробишта кај местото Палатишта. Поновите гробишта ги имаат истите одлики како и старите. На новите се гледаат и натписи. Пред неколку години се уредени нови гробишта на излезот на Кичево, непосредно покрај магистралниот пат Кичево-Охрид. Муслиманските гробишта имаат општoпознати одлики. Секогаш се покрај патот, на влезот на селото или градот, или на излезот. Муслиманските гробишта во Кичево се исто така иселени. Останати се уште старите гробишта во градот, кај џамијта и теќето. ПоврзаноНаводиКористена литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia