Рамунас Навардаускас
Рамунас Навардаускас (литвански: Ramūnas Navardauskas; р. 30 јануари 1988) — литвански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Делко.[2] КариераПо четири години како аматер, Навардаускас станал професионалец со Гармин-Сервело во 2011 година.[3] Во текот на Џиро д’Италија 2012, Навардаускас завршил на шестото место на првата етапа, на воведниот поединечен хронометар, само 22 секунди зад победникот Тејлор Фини (Аксент.џобс-Вилемс Веранда). На четвртата етапа, на екипниот хронометар, Гармин-Баракуда биле победници и Навардаускас го презел водството на трката, станувајќи првиот Литванец кој ја облекол розовата маичка.[4] Меѓутоа, Навардаускас ја загубил маичката од Италијанецот Адријано Малори (Лампре-ИСД) на шестата етапа. Досега трипати победил на националните друмски првенства (2007, 2011, 2016) и на националното хронометарско првенство (2012, 2014, 2015).[3] Личен животРоден во Шилале, Литванија, Навардаускас сега престојува во Олива, Шпанија.[3] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia