Џиро д’Италија 2012 - етапа 1 до етапа 11![]() Џиро д’Италија 2012 започнала на 5 мај, а етапата 11 се случила на 16 мај. Изданието во 2012 започнало со поединечен хронометар - каде секој член на главната група од 198 возачи се натпреварувале против часовникот – во Хернинг, Данска со додатни две етапи одржани во оваа земја пред денот за одмор на трката. Возачите потоа патувале до Италија, каде трката ќе продолжи со екипен хронометар во Верона, настан каде секоја екипа со нивните членови ќе настапат заедно за борба против часовникот. Тејлор Фини бил во водство на трката во текот на првите воведни етапи во Данска; поради освоениот поединечен хронометар, Фини ја бранел водечката маичка на следните две етапи, и покрај падот во последните метри на третата етапа, откако бил вклучен во масовниот пад. Фини ја поминал линијата во амбулантно возило, добивајќи медицинска помош пред да ја заврши самата етапа. Самиот инцидент бил започнат од Роберто Ферари, кој преминувајќи од една на друга страна го удрил Марк Кевендиш – победникот на втората етапа - предизвикувајќи Кевендиш да падне, како и остатокот од групата позади. Организаторите на трката го казниле Ферари во етапните резултати, со 30 секунди казна во генералниот пласман и одземање на 25 бода во бодовниот пласман. Ферари не бил свесен за грешката, која ја направил, па затоа подоцна се извинил на Кевендиш и на другите возачи во падот. Кога трката се вратила во Италија, {{{име на тимот-2012}}} ја освоил четвртата етапа на екипниот хронометар во Верона. Алекс Расмусен бил на третото место по данските етапи, но тој отпаднал во текот на етапата и затоа Рамунас Навардаускас, станал новиот носител на розовата маичка од Фини, станувајќи првиот возач од Литванија, кој ја носел водечката маичка на Џиро. Навардаускас ја носел маичката наредниот ден, пред Адријано Малори да го преземе водството во трката на крајот на етапата број шест. Малори бил дел од бегството на таа етапа, на која Мигел Анхел Рубијано ја остварил својата соло-победа. Маичката го променила сопственикот повторно следниот ден, откако Малори отпаднал во текот на седмата етапа, па така Рајдер Хесједал бил првиот Канаѓанец, кој успеал да ја облече розовата маичка. Ја носел маичката наредните три дена, пред да ја преземе Хоаким Родригес со победата на етапата 10, на стрмното искачување во Асизи. Родригес ја носел маичката следниот ден, одружувајќи се во генералниот пласман на трката во втората половина на Џиро, каде повеќе биле присутни планинските етапи.
Етапа 1
Трката започнала со краток поединечен хронометар, слично како на претходните изданија на Џиро во други земји – почетокот во Хернинг бил десетти пат трката да започне надвор од Италија и секако географски најсеверно[2] – како кога трката започнала со поединечен хронометар од 8,4 км во Амстердам, Холандија во 2010.[3] Самата етапа во Хернинг, 8,7 километри во должина, била релативно рамна, со висинска разлика од 8 метри од почетокот до крајот.[1] И покрај ова, била сметана за техничка поради природата на самата патека, со неколку тесни кривини од деведесет степени и калдрма на неколку делови од патеката пред крајот кај H. P. Hansensvej.[4][5] Џексон Родригес (Андрони Џокатоли-Венецуела) бил првиот возач, кој ја започнал трката во Хернинг,[6] постигнувајќи време од 11' 58" на патеката,[7] време кое на крајот во генералниот пласман било единствено добро за последните десет места. Па така, водството на Родригес било краткотрајно, кога Марко Бандиера (Омега Парма-Квик Степ), возачот на {{{име на тимот-2012}}} Јонас Аен Јоргенсен и возачот на Тим Скај Бернхард Ајзел, сите го презеле водството со нивното доаѓање на целта и Роберт Хантер од {{{име на тимот-2012}}}, кој го постигнал првото време под 11 минути, со резултат 10' 54". Времето на Хантер останало во текот на следната група возачи и неговиот колега Рамунас Навардаускас бил оној кој го презел водството; Навардаускас постигнал шест секунди подобро време,[8] и бил доволно добар да се одржи пред остатокот од групата следните два часа. Времето на Навардаускас било ставено во опасност во неколку наврати; возачот на РадиоШек-Нисан Џеси Сарџент бил побрз на почетокот на етапата - четири секунди пред Навардаускас на средната мерна точка – но на крајот бил побавен за две секунди од литванскиот возач. Малку подоцна, Брет Ланкастер отишол уште поблиску до времето на Навардаускас за новосоздадената екипа Орика-ГринЕЏ; тој бил побрз на средната мерна точка како Сарџент, но на крај заостанал една секунда зад времето на Навардаускас, откако се сретнал со неговиот колега Андреј Зејц (Астана) во последниот дел на етапата.[7] ![]() На крајот, престојот на Навардаускас на чело на водството бил завршено од страна на возачот на {{{име на тимот-2012}}} Мануеле Боаро, кој завршил во првите десет на поединечните хронометри на обете трки Тирено-Адријатико и Тур де Романди, поставувајќи го најбрзото време на средината од трката и на крајот завршил со време од 10' 41". Герајнт Томас бил следниот во редот за Тим Скај и бил шест секунди зад времето на Боаро,[7] но на крајот обајцата биле послаби од возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Тејлор Фини, светскиот првак во хронометар под 23 години во 2010. Томас ја имал предноста на средната мерна точка од една секунда, но импресивната втора половина на патеката му донела предност на Фини од девет секунди. Така Фини, кој подоцна изјавил дека било сон да ја освои маичката,[9] станувајќи само третиот Американец, кој ја облекол водечката maglia rosa по Ендру Хемпстен во 1988 и Кристијан Ванде Велде во 2008.[10] Фини и Томас биле безбедни од понатамошни предизвици, а подоцна Алекс Расмусен ({{{име на тимот-2012}}}) и возачот на Вакансолел-ДКМ Густав Ларсон влегле во првите пет, постигнувајќи времиња од 10' 39" и 10' 48" соодветно. Понатаму, возачот на Астана Роман Кројцигер го постигнал најдоброто време од кандидатите за генерален пласман, со време од 11' 02" доволно за 28. место во етапните резултати.[8] Иван Басо (Ликвигас-Канондејл) и Хоаким Родригес (Катјуша) поставиле времиња во рамките на десет секунди зад Кројцигер во нивната неомилена дисциплина; иако и двајцата добиле 20-секундна предност пред двоецот од Лампре-ИСД Дамијано Кунего и Микеле Скарпони.[8] Резултат од етапа 1 и генерален пласман по етапа 1
Етапа 2
![]() Три возачи – возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Алфредо Балони, Оливје Кесен од Лото-Белисол и возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Мигел Анхел Рубијано[12] – се одвоиле од главната група уште на почетокот на етапата; квартетот успеал да ја зголеми предноста на максимални тринаесет минути, по измината една четвртина од етапата.[13] Сите возачи имале отприлика исти времиња од првата етапа, па Тим Скај и Аксент.џобс-Вилемс Веранда останале на врвот на главната група, обидувајќи се да извлечат предност од бегството низ данските патишта долж брегот. Орика-ГринЕЏ биле исто така на чело на групата, бидејќи сакале да го заштитат нивниот главен спринтер Метју Гос. Во бегството, Балони се закитил себеси со првата maglia azzurra на трката,[14] бидејќи успеал да стигне прв на единственото категоризирано искачување во Остербјерг, пред Рубијано и Кесен. Предноста во еден момент – со преостанати 90 километри - било намалена за половина од претходното; темпото на Тим Скај на чело на групата дозволило да падне предноста на само 5 минути.[13] Како другите екипи доаѓале напред во главната група, особено Ликвигас-Канондејл и Лампре-ИСД, предноста на триото напред, продолжила да опаѓа. Било неизбежно триото напред да биде достигнато и се разбира, на само 40 километри од целта, главната група ги помина членовите на бегството. Сепак, целината на групата била краткотрајна со напаѓањето на колегата на Кесен, Ларс Бак,[12] данскиот возач давајќи им причина на домашните навивачи да навиваат; му било допуштено простор од главна група и успеал да направи разлика од околу 45 секунди на 30 километри пред целта. Останал надвор од групата уште некое време, пред да биде фатен на околу 17 километри до крајот; Астана и Рабобанк го направиле поголемиот дел од работата за да се достигне, откако другите екипи тоа не ги интересирало.[13] Возачите останале заедно до влегувањето во Хернинг на последниот циклус од 12,5 километри во и околу градот, додека воопшто немало напади од страна на некои велосипедисти и така ограничувајќи ги шансите некој да победи на етапата без масовен спринт. Кругот не поминал без драма, па така водачот во трката Тејлор Фини (Аксент.џобс-Вилемс Веранда) доживеал несреќа на третина од кругот. Откако се вратил на нозе, Фини увидел дека му паднал неговиот ланец и изгубил над 30 секунди обидувајќи се да го отстрани проблемот, но со помош од неговите колеги, вклучувајќи ги Данило Вис и Алесандро Балан, успеал да се врати до главната група до крајот.[15] Напред во групата, {{{име на тимот-2012}}} започнале да го создаваат нивниот воз за Тајлер Фарар, додека Фарнезе Вини-Селе Италија се надевале да го доведат Андреја Гвардини, победник на шестата етапа на Тур де Лангкави порано во сезоната, на место за спринт. На последното свртување во етапата, возачот на Рабобанк Тео Бос ја изгубил контролата – поткачувајќи го тркалото на неговиот колега Марк Реншо[16] – и удрил во Александер Кристоф (Катјуша),[17] и предизвикал верижен пад, што довело голем број од кандидатите за етапна победа да отпаднат; возот на {{{име на тимот-2012}}} сè уште бил на чело на групата, но Герајнт Томас го довел Марк Кевендиш до линијата на целта за актуелниот светски првак да ја постигне 31. етапна Гранд Тур победа,[18] пред Гос и возачот на ФДЖ-БигМет Жофре Суп. Фини ја задржал розовата маичка по завршувањето на етапата со главната група, додека Кевендиш го преземал водството во бодовниот пласман од Фини.[12]
Етапа 3![]() Третата етапа на трката била посветена на белгискиот велосипедист Ваутер Вејлант – победник на третата етапа во 2010 во Миделбург, Холандија[20] – кој загинал откако доживеал пад при спустот од Пасо дел Боко во текот на третата етапа на трката во 2011 и подоцна им подлегнал на повредите добиени во падот.[21] Кратката церемонија, вклучувајќи и една минута тишина била одржана од членовите на екипата РадиоШек-Нисан – поранешната екипа на Вејлант Леопард Трек – и била одржана пред етапата во Хорсенс.[22] Покрај Вејлант, градоначалникот на Хорсенс, Јан Тројборг, исто така бил споменат на церемонијата.[23] Тројборг, кој бил клучната фигура да се донесе Џиро во Данска, умрел на 6 мај по добиениот срцев удар во текот на аматерската велосипедска трка во Јитланд.[24] Шест возачи биле во бегство на етапата, вклучувајќи го и шестопласираниот Рамунас Навардаускас ({{{име на тимот-2012}}}),[25] но не можеле да постигнат повеќе од три и пол минути предност пред главната група,[26] и сите достигнат на околу 25 километри пред целта. Како што направил и претходниот ден, возачот на Лото-Белисол Ларс Бак повторно нападнал, кога групата ги стигнале членовите на бегството,[25] но бил фатен во последниот круг од 14,3 километри до должина и така сите се поставиле за масовен спринт на завршната линија. Тим Скај и {{{име на тимот-2012}}} биле на чело на групата, иако Герајнт Томас подоцна се поставил, Марк Кевендиш не бил директно зад него и со тоа Кевендиш останал без неговиот водач. Орика-ГринЕЏ ги донеле нивните луѓе напред во последниот километар; со Томас Ваиткус и Брет Ланкастер да го држат темпото за Метју Гос, тие го преместиле на чело на групата.[26] Кевендиш го зазел кормилото на возачот на {{{име на тимот-2012}}} Тајлер Фарар и тие заедно нападнале и се одвоиле на околу 200 метри пред целта. Возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Роберто Ферари се обидел да се премести од левата страна на патот на десната, но тој премногу агресивно свртел, го закачил Кевендиш, испраќајќи го светскиот првак на земја и предизвикувајќи верижна реакција позади во групаа. Меѓу другите паднати возачи биле и водачот во генералниот пласман Тејлор Фини (Аксент.џобс-Вилемс Веранда) и спринтерот од Колнаго-ЦСФ Бардијани Сака Модоло.[27] На чело на хаосот, Гос го извел спринтот за да ја земе првата Гранд Тур етапна победа за Орика-ГринЕЏ,[28] и со бонус секундите на крајот на етапата, се сместил на десеттото место во генералниот пласман, воедно преземајќи го водството во бодовниот пласман од Кевенди; возачот на {{{име на тимот-2012}}} Хуан Хосе Аедо завршил втор пред Фарар.[25] Ферари, кој ја завршил етапата деветти, бил деградиран како последен во официјалните резултати на етапата,[26] казнет и му биле додадени 30 секунди во генералниот пласман и му се одземени 25 бода во бодовниот пласман; одлука за која неговиот екипен менаџер Џани Савио изјавил дека немал сомневање дека ќе биде таква, која била одраз на постаките на Ферари.[29] Подоцна, Кевендиш напишал на Twitter, дека Ферари треба да биде „засрамен за остранувањето на носителите на розовата, црвената и светската маичка“,[30] и исто така запрашал за одлуката Ферари да продолжи со трката. Етапа 4
![]() По седми последователен пат,[32] првата етапа на Џиро на италијанска почва била одржана како хронометар; овојпат бил одржан во и околу Верона, на патека од 33,2 км. Патеката започнувата кај Базилика ди Сан Зено, одејќи напред кон општината Сан Пјетро ин Каријано, околу 10 километри надвор од Верона пред да се враќа повторно кон Верона, завршувајќи на најголемиот плоштад во градот, Пјаца Бра.[33] Како и етапите со поединечен хронометар, секоја од екипите е поставена во обратен редослед од тоа како се рангирани во генералниот пласман на крајот на претходната етапа,[34] со исклучок на Аксент.џобс-Вилемс Веранда – втор во пласманот – кој започнал по водачите во генералниот пласман {{{име на тимот-2012}}}, бидејќи Тејлор Фини ја го имал водството на трката за Аксент.џобс-Вилемс Веранда.[34] Така, Аг2р-Ла Мондијал, кои биле последни во пласманот,[25] кои заостанале за {{{име на тимот-2012}}} за две минути и 18 секунди, биле првата екипа, која поставила време на етапата.[34] Аг2р-Ла Мондијал поставила време од 38' 49" на патеката, единствено Еускалтел-Еускади – кои стартувале три минути подоцна - забележале послабо време на крај.[35] Андрони Џокатоли-Венецуела имале подобро време од Аг2р-Ла Мондијал, со што на кратко го презеле водството во табелата, пред Лампре-ИСД значително да го подобри нивното време, за над една минута, со помошта на италијанскиот национален првак Адријано Малори на чело на „возот“ на екипата, со нивните главни кандидати за генерален пласман Микеле Скарпони и Дамијано Кунего во средина.[36] Нивното биле останало до настапот на деветтата екипа на етапата, екипата на Хоаким Родригес Катјуша, кој го подобрил дополнително најдоброто време на Лампре-ИСД за половина минути, забележувајќи време од 37' 09",[35] за да му помогнат на Родригес во генералниот пласман - преместувајќи го во првите десет. Времето на екипата се задржало до втората екипа од крајот, {{{име на тимот-2012}}} бил за пет секунди побрз,[36] за нивна втора победа на екипен хронометар оваа година по победата на Трката околу Катар; резултатот и тимската работа го направиле задоволен спортскиот директор Алан Пајпер по завршувањето на етапата.[37] Престојот на Фини во maglia rosa бил завршен, бидејќи Аксент.џобс-Вилемс Веранда ја завршиле етапата со 31 секунда за времето на {{{име на тимот-2012}}}; водството на трката било преземено од Рамунас Навардаускас, откако највисоко пласираниот возач во екипата пред етапата, Алекс Расмусен,[38] задоцнил зад времето на екипата.[36] Подоцна, Фини изјавил дека неговите падови на претходните денови биле клучен фактор во загубата на водачката маичка.[35]
Етапа 5![]() Следејќи го стариот римски пат Вија Аемилија,[40] Пјер Паоло де Негри од Фарнезе Вини-Селе Италија го поттикнал бегството на денот и кратко потоа му се придружиле неколку други возачи, како возачот на Лото-Белисол Оливје Кесен – која бил дел од бегството на втората етапа - и Брајан Булгак и возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Алесандро де Марки.[41] Квартетот брзо го засилил темпото за да се издвои од главната група, предводена од екипата {{{име на тимот-2012}}} на водачот во трката Рамунас Навардаускас. Откако го поминале Форли, стигнувајќи до средината на етапата, водството на бегството било над шест минути.[41] Потоа, {{{име на тимот-2012}}} постојано ја намалувал нивната предност, со хронометарските возачи Алекс Расмусен и Себастиен Роселер, кои го контролирале темпото на чело на главната група како што наближувале сè поблиску до крајот; ФДЖ-БигМет исто така имале возачи напред, во надеж да го постават нивниот спринтер Арно Демар за крајот во Фано. Потоа, Катјуша го презела водството во главата група - намалувајќи ја нивната предност за 2' 30" – како што првата група го започнало искачувањето на првото категоризирано искачување на етапата, од четврта категорија Габиче Монте, каде Де Негри прв поминал низ целта, а Кесен отпаднал во текот на искачувањето. Главната група ја намалила нивната предност на половина, отколку што било кога биле на искачувањето.[40] Де Марки нападнал кратко по врвот на искачувањето, одржувајќи ја предноста од околу една минута пред главната група, се предводена од Ликвигас-Канондејл, кои сакале да го зачуваат двократниот победник на Џиро Иван Басо од проблеми,[40] за разлика од возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Тејлор Фини, кој доживеал несреќа четврта етапа по ред.[42] Де Негри и Булгак биле достигнати од главната група не долго по искачувањето, додека Де Марки успеал да се одржи пред групата до околу 20 километри пред крајот.[41] Во рамките на тоа растојание, имало неколку мали напади, како што бил на поранешниот италијански национален првак Џовани Висконти (Мовистар Тим) и возачот на Лото-Белисол, Адам Хансен, но сите стигнале до последниот краен спринт на завршната линија. Самиот спринт бил воден од две екипи; Орика-ГринЕЏ, екипата на водачот во бодовниот пласман Метју Гос и Тим Скај, со светскиот првак - и поранешен колега на Гос – Марк Кевендиш, кој сакал да ја постигне втората победа на Џиро. Како што било направено и на втората етапа, Герајнт Томас го донел Кевендиш до позиција за спринт на околу 200 метри и покрај најдобрите напади на Гос, Кевендиш преовладал во однос на Гос, додека Даниеле Бенати (РадиоШек-Нисан) го победил Роберт Хантер ({{{име на тимот-2012}}}) за третото место.[43] За само пет секунди разлика, Хантер ја пропуштил розовата маичка,[44] и маичката останала на Навардаускас. Гос и Кевендиш - кој бил придружен од неговата тукушто родена ќерка Делаја Грејс – обајцата се сместиле во пласманот меѓу најдобрите пет со бонус секундите, кои ги добиле на крајот на етапата.[45]
Етапа 6
![]() По изминатите искачувања од четврта категорија на минатите етапи на трката, на шестата етапа имало и искачувања од повисоко категоризирани искачувања, со три од трета категорија и едно од втора категорија Пасо дела Капела на чакал,[47] сите распоредени по 90. километар.[48] Петнаесет возачи претставувале четиринаесет екипи - само Катјуша имал повеќе од еден возач во бегството, со возачите Гатис Смукулис и Александар Кушински – придонеле за првиот потег на етапата, како забрзувале и полека се одвоиле од главната група во првите 20 километри на етапата.[49] На петнаесеттиот, четири возачи брзо отпаднале, вклучувајќи го водачот во планинскиот пласман Алфредо Балони (Фарнезе Вини-Селе Италија), а во останатите единаесет возачи, најдобар пласман имал возачот на {{{име на тимот-2012}}} Лук Робертс, кој бил 25. пред етапата.[41] Ликвигас-Канондејл, кои немале возач напред, се обиделе да го намалат јазот помеѓу групите, иако единаесетте возачи ја одржувале предноста блиску до девет минути пред првото искачување на денот, Чинголи.[49] Возачот на Омега Парма-Квик Степ Михал Голаш водел на ова искачување, додека Мигел Анхел Рубијано (Андрони Џокатоли-Венецуела) нападнал на сите три преостанати искачувања, добивајќи доволни бодови да го замени Балони како водач во планинскиот пласман на крајот на етапата.[48] Откако им дозволил на првите две искачувања да му се придружат другите членови на бегството – еден возач, велосипедистот од Мовистар Тим Пабло Ластрас, кој ја напуштил трката по несреќата со возачот на {{{име на тимот-2012}}} Џек Бауер[50] – Рубијано тоа не направил по врвот на Монтегранаро и забрзал сам до победа. Рубијано продолжил да ја зголемување неговата предност пред главната група во следните неколку километри, воедно зголемувајќи предноста и пред другите членови на бегството до максимални минута и половина,[49] додека имал три минути пред самата главна група. Рубијано продолжил до етапна победа[51] и имал околу 70 секунди предност пред групата составена од возачот на Лампре-ИСД Адријано Малори, Голаш, Александар Дјаченко од екипата Астана и Чезаре Бенедети претставувајќи ја дебитантската екипа Тим НетАп.[48] Групата била предводена од возачот на Орика-ГринЕЏ Дарил Импи со 41 секунда за втората група, но Малори остварил значајно време за да стана нов водач во генералниот пласман на трката, 15 секунди пред Голаш.[52] Рубијано се поместил на четвртото место во пласманот зад Рајдер Хесједал ({{{име на тимот-2012}}}), половина минути зад Малори.[53]
Етапа 7
Првото завршување на врв се случило на седмата етапа, со искачувањето од втора категорија во Рока ди Камбио, на надморска височина од 1.392 м.[55] Иако на етапата имало само уште едно искачување – Коле Галучио – етапата била сметана умерено планинска,[56] иако поголемиот дел од етапата се состоела од испрекинати ридови и спустови и се одржувала на надморска височина од над 500 метри, освен во првите 50 километри.[55] Првичното бегство на етапата било создадено рано на етапата, кога бранот од четири возачи се одвоил од групата.[57] Фумијуки Бепу (Орика-ГринЕЏ) бил придружен во бегството од возачот на Вакансолел-ДКМ Мирко Селваџи, како и двајца возачи претставници на континенталните екипи; Рето Холенштајн за Тим НетАп и возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Матео Работини; квартетот брзо стекнал предност пред главната група, па така по 27 километри предноста била над девет минути.[58] ![]() Групата полека ја намалувала предност, но времето на четворицата возачи напред низ искачувањето и потоа низ средниот спринт во Л’Аквила и напорите од {{{име на тимот-2012}}}, Катјуша и Лампре-ИСД донеле времето да се намали на само две и пол минути.[58] Потоа, Работини нападнал во групата напред, издвојувајќи се брзо, додека го главната група се случиле неколку мали напади, меѓу кои возачот на Колнаго-ЦСФ Бардијани Стефано Пираци, кој бил достигнат во вториот потег, додека Валерио Ањоли се обидел да го следи за Ликвигас-Канондејл.[57] Пираци го достигнал Работини, додека Хосе Ерада од Мовистар Тим и Даниеле Пјетрополи (Лампре-ИСД) го достигнал Ањоли, а подоцна Ерада стигнал со првите двајца, а возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Иван Сантаромита ја создал целосната италијанска група напред со Ањоли и Пјетрополи. Неколку возачи на Андрони Џокатоли-Венецуела нападнале на искачувањето, што само ги довело водачите напред во групата, а Работини бил достигнат, откако не успеал да го одржи темпото поставено од Ерада и Пираци.[57] Пираци се обидел да го нападнал Ерада во неколку наврати во рамките на последните 5 километри на етапата, но не можел да обезбеди доволно големо растојание од него. Потоа, Пираци ја изгубил неговата шанса за етапна победа правејќи грешка на кривина во десна во последниот километар и пол; го згрешил аголот за влез во кривината и со тоа му дал предност на Ерада да го зголеми водството, но групата била блиску до нив.[58] На крајот, Ерада бил достигнат во последните 700 метри, на најстрмиот дел од искачувањето, со наклон од 10% на некои места. Лампре-ИСД се задржал на чело на главната група, каде Пшемислав Њемјец го штител Микеле Скарпони, пред Скарпони да нападне на ридот, а возачот на Астана Паоло Тиралонго го следел; Скарпони го задржал водството до последната кривина, каде Тиралонго дошол позади него и ја освоил неговата втора етапна победа на Џиро.[59] Бидејќи колегата на Скарпони Адријано Малори отпаднал назад во групата на почетокот на искачувањето,[60] Рајдер Хесједал – петти на етапата, пет секунди зад Тиралонго – го преземал водството на трката, станувајќи првиот канадски возач, кој ја носел розовата маичка.[61] Со петнаесет секунди заостанување, Тиралонго се поместил на второто место пред возачот на Катјуша Хоаким Родригес.[62]
Етапа 8
По трет последователен ден, возачите настапувале на етапа означена како умерено планинска етапа,[64] истовремено достигнувајќи ја најјужната точка на трката со завршницата во Лачено.[65] Повторно, имало само две категоризирани искачувања; искачувањето од четврта категорија Валико ди Мачероне било обележено на 65,5 километри,[66] за потоа да има спуст и да се оди кон крајот, со второто искачување на денот – Коле Молела – на само 4,4 километри пред крајот.[66] Првичното бегство на етапата било создадено рано на етапата, кога бранот од четворица возачи – возачот на Мовистар Тим Андреј Амадор, Жилиен Берар од Аг2р-Ла Мондијал, возачот на Вакансолел-ДКМ Томаш Марчински и Мигел Мингез (Еускалтел-Еускади) – се одвоиле на 15 километри од почетокот на етапата.[67] До средина на етапата, водечкиот квартет ја одржувал предноста од над 11 минути, откако групата се определила да не лови членовите во бегството.[65][67] ![]() Амадор и Марчински се одвоиле од другите членови, откако нивната предност била намалена на четири минути на околу 65 километри до Лаго Лачено. Со поставувањето на {{{име на тимот-2012}}}, Астана и Колнаго-ЦСФ Бардијани на чело на групата, предноста на Амадор брзо се намалувала и тие биле достигнати на 17 километри пред крајот.[67] Темпото на Астана, главно наметнато од победникот на Амстел Голд Рејс Енрико Гаспарото довел бројни возачи во проблеми,[65] вклучувајќи го и етапниот победник Мигел Анхел Рубијано (Андрони Џокатоли-Венецуела), но откако Гаспарото сопрел, темпото било оставено на Аксент.џобс-Вилемс Веранда и Ликвигас-Канондејл, пред да дојде Коле Молела.[65] На 6,8 километри пред крајот, победникот на Џиро дел Трентино Доменико Поцовиво нападнал и брзо добил 30 секунди предност пред некој да направи некаков потег, кога Бењат Инчаусти (Мовистар Тим) се обидел да го следи; не можел да го достигне, па Поцовиво победил на првата етапа на Џиро со 23 секунди предност.[68][69] Инчаусти успеал да дојде до второто место, со мала група предводена од третопласираниот Хоаким Родригес од Катјуша, четири секунди зад него. Рајдер Хесједал ја задржал розовата маичка, а Родригес се поместил пред Паоло Тиралонго на второто место – девет секунди зад Хесједал[70] – додека Инчаусти и Поцовиво дошле до петтото и тринаесеттото место во генералниот пласман соодветно.[67]
Етапа 9
![]() Без категоризирани искачувања на патеката, етапата - иако со влажни коловози - била сметана како битка помеѓу спринтерите во Фрозиноне,[72] со двајцата први возачи во бодовниот пласман, возачот на Тим Скај Марк Кевендиш и возачот на Орика-ГринЕЏ Метју Гос, кои посакувале етапна победа и со Марк Реншо (Рабобанк), кој исто така сакал да ја присвои првата победа во Светската турнеја од неговите поранешни колеги во екипата ХТЦ-Хајроад.[73] Возачот на Лото-Белисол Брајан Булгак влегол во бегството по вторпат во пет етапи и подоцна му се приклучиле Мартајн Кизер од екипата Вакансолел-ДКМ и возачот на Еускалтел-Еускади Пјер Казо.[74] Триото во бегството постигнало максимално предност пред главната група по еден час од етапата, со предност од четири минути, но ниеден од трите возачи не бил во можност да се бори за преземање на розовата маичка од Рајдер Хесједал ({{{име на тимот-2012}}}), па така екипите во генералниот пласман им дозволиле да се одржат напред.[75] Со Орика-ГринЕЏ на чело на групата, предноста била намелена и со 35 преостанати километри од етапата, нивното водство било сведено под една минута. Кизер ги напуштил другите двајца возачи и започнал соло-бегство во надеж за подолг опстанок од групата до Фрозиноне.[75] Неговите надежи завршија на половина до крајот, кога бил достигнат на околу 17 километри пред крајот.[75] На малите ридови околу Фрозиноне имало неколку мали напади; двоецот од Лото-Белисол Денис Ванендерт и Гаетан БИле, Матео Работини (Фарнезе Вини-Селе Италија) и Сони Колбрели (Колнаго-ЦСФ Бардијани) биле во првиот квартет на напади, но исто така и Хоаким Родригес, втор во генералниот пласман за Катјуша, нападнал сам за освојување неколку секунди пред Хесједал.[76] Со помошта од колегата Анхел Висиосо, Родригес се обидел за подолг напад, но веднаш бил достигнат од главната група.[74] Неколку други мали напади се случиле до крајот, но групата останала целосно до последната лева кривина на 400 метри до целта. Допирот помеѓу Гос и возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Филипи Поцато довело до нивен пад, при што доживеале пад и другите возачи, вклучувајќи го и Кевендиш. Поцато го обвинил Гос за падот, додека спортскиот директор на Орика-ГринЕЏ Мат Вајт ја насочил вината кон Поцато.[77] Со намален број на спринтери на целта, возачот од РадиоШек-Нисан Џакомо Ницоло бил најдобро пласираниот за спринт, но брзиот Франсиско Вентосо од Мовистар Тим ја завршил етапата со победа, негова втора етапна победа во кариерата.[78] Вентосо бил следен на линијата од возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Фабио Фелине, Ницоло и Дамијано Карузо од Ликвигас-Канондејл, водачот во пласманот за млад возач.[79] Хесједал исто така бил во првите десет на етапата,[74] и ја одржал неговата предност во генералниот пласман.[80]
Етапа 10
Иако организаторите на трката ја обележале етапата како „умерено планинска“, само едно искачување било категоризирано на патеката,[82] со тоа што завршницата било предвидено на крајот на искачувањето во Асизи. Искачувањето било во два дела, достигнувајќи 15% на одредени места во првиот дел и потоа мал спуст, со просечен наклон од 8,5% во последните 1,2 километри со елементи на искачувањето на калдрма.[83] Возачот на Катјуша Хоаким Родригес – одеднаш на второто место, девет секунди зад водачот Рајдер Хесједал ({{{име на тимот-2012}}})[84] – бил фаворит за етапата,[85][86] има освоено бројни рки на слични стрмни завршници во претходните дванаесет месеци, вклучувајќи две етапни победи на Вуелта а Еспања 2011 и победа на априлската Флеш Валон. ![]() По неколку, дотогаш неуспешни, мали напади во првите неколку километри на етапата, конечно се создало бегство на возачи; составено од возачот на Вакансолел-ДКМ Мартајн Кајзер – втор ден по ред – како и возачот на Еускалтел-Еускади Мигел Мингез, кој исто така бил втор ден по ред во бегство на трката. Биле придружени од возачот на Аг2р-Ла Мондијал Гијом Бонафон, Матијас Брендле од Тим НетАп и возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Франческо Фаили и овој квинтет се одвоил од групата во првите 10 километри.[87] Групата успеала да ја зголеми нивната предност на максимални пет минути по изминати 50 километри; Бонафон бил најдобро пласиран од петте возачи во генералниот пласман, заостанувајќи зад Хесједал скоро 24 минути,[88] Катјуша и {{{име на тимот-2012}}} ги штителе нивните највисоко пласирани возачи, со што биле на чело на групата. Фаили се обидел да се одвои од другите членови на бегството на околу 30 километри пред крајот,[87] со што Кајзер и Брендле отпаднале од групата; возачот на Рабобанк Стеф Клемент подоцна ги достигнал овие два возача откако се одвоил од главната група.[88] Со помошта од Клемент, триото подоцна му се придружило на Бонафон, Мингез и Фаили на групата напред и одржувале предност пред, предводена од екипата на Хесједал {{{име на тимот-2012}}}, на околу една минута; нивното силно темпо на чело на групата довело разликата да се намали на околу дваесет секунди со околу 10 преостанати километри. Бегството било достигнато 2,5 километри подоцна,[88] а неколку екипи се поместиле напред за подобра позиција за искачувањето кон Асизи. Томас Ваиткус (Орика-ГринЕЏ) и Том-Јелте Слагтер (Рабобанк) се обиделе да се одвојат од групата на искачувањето, но тоа траело додека возачот на Аг2р-Ла Мондијал Џон Гадре и возачот на Тим Скај Ригоберто Уран не забрзале во главна група.[87] Даниел Морено ја водел групата, штитејќи го Родригес, но кога се повлекол, Паоло Тиралонго го повлекол потегот за Астана. Потоа Слагтер се обидел уше еднаш, но само Родригес и возачот на Тим НетАп Бартош Хузарски го следеле; Родригес се одвоил со спринт на околу 150 метри пред крајот, но тоа било доволно за етапна победа - негова прва победа на Џиро, со што тој успеал да освои етапи на сите три Гранд Тур[89] – и со бонус секундите на целта, ја преземал розовата маичка по првпат во неговата кариера.[90] Хузарски бил втор, Слагтер завршил дури седми зад Хесједал.[91]
Етапа 11
![]() Средината на трката била обележена со најдолгата етапа во целиот тек; 255 километри долгата етапа била идеална за спринтерите,[93] и покрај искачувањето Вико при крајот на етапата, на околу 11 километри пред целта во Монтекатини Терме.[94] Во првите 10 километри на етапата, шест возачи – возачот од Еускалтел-Еускади Адријан Саез, возачот на ФДЖ-БигМет Микаел Делаж, Оливје Кесен (Лото-Белисол), Мануеле Боаро од {{{име на тимот-2012}}}, возачот на Вакансолел-ДКМ Стефан Денифл и Симоне Понци од Астана – стекнале предност пред главната група,[95] и тие успеале да ја зголемат на максимални пет минути. Меѓутоа, групата ја одржувала разликата, и покрај Денифл - најдобро пласиран во групата - заостанувал зад новиот водач Хоаким Родригес (Катјуша) скоро 42 минути.[96] ![]() Со Рабобанк, Тим Скај и Катјуша на чело на групата, разлика на бегството се движела од две до четири минути; на врвот на првото од двете искачувања на етапата, Поџо ала Кроче по 100 километри, разлика на бегството - сега без Понци, кој отпаднал и се вратил во групата по првиот час од етапата – изнесувала само две минути.[96] Временската разлика брзо се намалила на околу 30 километри пред крајот, па така таа била само неколку десетици секунди. Во ова време, Боаро - добар специјалист за хронометри,[97] национален јуниорски првак и завршил втор зад Адријано Малори на италијанското првенство 2011 - ги нападнал другите членови на бегството. Боаро успеал да се одржи пред групата до последниот круг,[95] 14,4 километри во должина, кога Мовистар Тим го презел водството. Мали напади се случиле на искачувањето Вико,[96] но брзо биле неутрализирани потоа; со очекуваниот масовен спринт на крајот. Тим Скај се обидел да се подготви за крајот со Марк Кевендиш, но погрешното читање на последната кривина од првите возачи Питер Кенох и Герајнт Томас го попречило светскиот првак, дозволувајќи им на Томас Ваиткус (Орика-ГринЕЏ) и возачот на Андрони Џокатоли-Венецуела Роберто Ферари да се пробијат напред и да се борат за победа. Зад нив, спринтерот од Колнаго-ЦСФ Бардијани Сака Модоло се најде на патеката по вторпат на трката,[95] претходно вмешан во падот на етапата 3. Ферари завршил прв и ги победил другите соперници за неговата прва етапна победа на Џиро,[98] со возачот на Омега Парма-Квик Степ Франческо Кики, кој го отспринтал Ваиткус за второто место. Кевендиш несреќно завршил четвртти,[99] но успеал да го презеде водството во бодовниот пласман од колегата на Ваиткус, Метју Гос.[100] Немало никакви други промени во носителите на маичките, додека Родригес го задржал водството на трката и во втората половина на трката.[101]
Белешки
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia