Рикардо Родригес (фудбалер)
Рикардо Иван Родригес Араја (роден на 25 август 1992 година) — швајцарски фудбалер кој настапува за ФК Торино. Тој е опишан како комплетен играч од одбраната и е познат по неговите силни способности за напредок,[3] како и способност за презизни додавања.[4][5][6] Родригес бил познат и по изведувањата на пеналите во неговиот поранешен клуб Волфсбург.[7][8] Роден во Цирих од шпански татко и мајка чилеанка, Родригес ја започнал својата професионална кариера во локалниот клуб Цирих во 2010 година, каде што поминал осум години во младинскиот тим. По пробивањето во првиот тим во Цирих и неговите добри игри, Родригес бил продаден на Волфсбург во јануари 2012 година за 7,5 милиони фунти.[9] Тој одиграл 184 натпревари за бундеслигашот во сите конкуренции, и постигнал 22 гола, освојувајќи го германскиот куп и Суперкуп во 2015 година. Во јуни 2017 година тој потпишал за Милан. Родригес има настапувано во сите младински категории за швајцарската репрезентација, освојувајќи го ФИФА У-17 Светското првенство во 2009 година. За сениорскиот тим на Швајцарија настапува од 2011 година, и досега има одиграно повеќе од 40 пати за неговата земјата. Тој бил дел од швајцарскиот тим на Светско Првенство во фудбал во Бразил во 2014 година, а подоцна истата година бил прогласен за швајцарски фудбалер на годината.[10] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia