Денис Закарија
Денис Леми Закарија Лако Ладо (роден на 20 ноември 1996 година, во Женева) — швајцарски фудбалер, играч од средниот ред на Монако и на швајцарската репрезентација. БиографијаЗакарија е роден во Женева од татко конгоанец (роден во тогашен Заир) и мајка од Јужен Судан.[4][5] Технички карактеристикиИграч од средниот ред,[6] кои може да се користи како мецала[6] или како плејмејкер[6] и може да игра во среден ред и со 2 и со 3 играчи.[7] Споредуван со Патрик Виера и Пол Погба,[6][7][8] се одликува со одличен атлетизам,[6] брзина,[9][10] динамика,[9] и физичка сила,[7] добар во градењето на играта,[6][7] во фазата на вршење пресинг,[6] и во враќање на поседот на топката.[6][8][9][10] Во својата кариера, тој играл и во улогата на централен дефанзивец,[8][9] но и како напаѓач.[11] Клупска кариераПочетоци, Сервет и Јанг БојсОткако израснал како фудбалер во младинските категории на Сервет, тој го направи своето деби за првиот тим на 10 ноември 2014 година против Лозана. На 18 мај 2015 година, тој го постигнал својот прв гол во професионалната кариера против Волен.[12] И покрај тоа што бил млад (на само 18 години), и имал улога од втор ред, сепак успеал да забележи 6 настапи и 2 гола за екипата од Женева. На 26 јуни 2015 година, тој се преселил во Јанг Бојс.[13] Своето деби за новиот клуб го имал во првото коло од швајцарското првенството, влегувајќи како замена во ремито 1-1 против Цирих.[14] На 28 јули, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите во поразот со 3-1 од Монако,[15] во натпревар од квалификациите. На 28 ноември го постигнал својот прв гол за клубот од Берн во натпреварот против Санкт Гален.[16] Во својата прва сезона во Јанг Бојс забележал 27 првенствени настапи и 1 гол, по што бил прогласен за дебитант на годината.[17] Втората сезона веќе се етаблирал меѓу хиерархиите на клубот, успеал да собере 23 настапи и еден гол, но во текот на сезоната пропуштил неколку натпревари поради повреди.[18] Борусија МенхенгладбахНа 6 јуни 2017 година, Закарија потпишал договор со Борусија Менхенгладбах.[19][20] Своето деби за германскиот клуб го имал на 11 август во Купот на Германија против Рот-Вајс Есен;[21] додека само неколку дена подоцна го имал своето деби во Бундеслигата против Келн.[22] Својот прв гол за Гладбах го постигнал во неговиот втор првенствен настап против Хамбургер.[23] Во текот на првата сезона со Борусија Менхенгладбах, тој успеал да собере 30 настапи и 2 гола, најчесто играјќи во пар со Кристоф Крамер на средината од теренот. Следната сезона, некои тактички промени направени од страна на тренерот Дитер Хекинг, довеле до негативни резултати за амбициите на Закарија, кој најчесто останувал на клупата.[8] Сепак во вториот дел од сезоната успева да си го врати местото како стартер во тимот. Сезоната ја завршил со 4 постигнати гола во првенството што бил негов личен рекорд. Во сезоната 2019-2020, со доаѓањето на клупата на Марко Розе тој го потврдил своето место како стартер, играјќи постојано во стартната постава во текот на сезоната.[24] Сепак, на 7 март 2020, во натпреварот на домашен терен против Борусија Дортмунд (загубен со 1-2), тој заработил тешка повреда на коленото поради која морал да оди на операција и да ја заврши сезоната предвреме.[25] Поради истата повреда, тој ги пропуштил и првите осум натпревари на својата екипа на стартот од следната сезона 2020-2021. Своето враќање на терените после повеќе од осум месеци отсуство го направил на 21 ноември 2020, во натпреварот против Аугсбург (1-1), влегувајќи како замена во 89-тата минута на местото на Флоријан Нојхаус. На 27 октомври 2021, Закарија го одиграл целиот натпревар за својот тим во незаборавната победа со 5-0 на Борусија над великанот на германскиот фудбал Бајерн Минхен во Купот на Германија. Во декември истата година, било потврдено дека Закарија нема да го продолжи договорот со Борусија и, следствено, ќе го напушти клубот на крајот на сезоната 2021-2022.[26] Закарија ја напушил Борусија Менхенгладбах во последниот ден од јануарскиот трансферен прозорец на 2022 година, после 146 настапи за клубот и 11 постигнати голови. ЈувентусНа 31 јануари 2022 година, Закарија се преселил во Јувентус за износ од 8,6 милиони евра.[27][28] На 6 февруари, го направил своето деби во црно-белиот дрес во натпреварот против Верона на домашен терен постигнувајќи притоа и гол, со кој го поставил конечниот резултат во натпреварот 2-0 за Јуве.[29] На 22 февруари, го забележал својот прв настап во Лигата на шампионите како фудбалер на Јувентус, влегувајќи како замена во последните 10-тина минути од првиот осминафинален натпревар против Виљареал (1-1) на местото на повредениот Вестон Мекени. Четири дена подоцна, во натпреварот против Емполи тој заработил повреда од низок степен на долгиот адукторен мускул на левата бутина поради што морал да паузира околу 20-тина дена.[30] На терените се вратил на 3 април, влегувајќи како замена на местото на Мануел Локатели во Дербито на Италија против Интер, кое неговата екипа го загубила со 0-1. На 11 мај против истиот противник, го започнал финалето на Купот на Италија, во кое бјанконерите и покрај водството од 2-1 на крајот биле поразени со 4-2 по продолженија.[31] ЧелсиНа 1 септември 2022, Закарија му се приклучил на Челси на заем до крајот на сезоната 2022-2023.[32] Вкупно за Челси одиграл 11 натпревари, постигнувајќи еден погодок во победата со 2-1 над Динамо Загреб во Лигата на шампионите. Во јули 2023, тој се вратил во Јувентус откако Челси одлучил да не го откупи. Репрезентативна кариераОткако играл за селекциите на Швајцарија под 19 и под 21 година,[33] бил повикан да игра за сениорската репрезентација на Европското првенство 2016 во Франција,[34] каде не одиграл ниту еден натпревар. Откако одиграл седум натпревари во квалификациите, Закарија бил повикан за Светското првенство 2018 во Русија.[35] На оваа манифестација тој забележал два настапи, појавувајќи се како замена и во двата натпревари од групната фаза кој ги одиграл. На 8 септември 2018 година, тој го постигнал својот прв репрезентативен гол во победата со 6-0 против Исланд во УЕФА Лигата на нации. На 23 март 2019, во натпреварот против Грузија во квалификациите за Европското првенство 2020, тој повторно постигнал гол за швајцарската репрезентација.[36] Потоа бил повикан за Европското првенство 2020, одржано во 2021 година, наместо во 2020 поради пандемијата од КОВИД-19.[37] Тој најчесто бил резерва на турнирот поради присуството во стартната постава на Гранит Џака и Ремо Фројлер во неговата улога,[38] но откако се нашол во стартната постава во натпреварот од четвртфиналето против Шпанија поради суспензијата на Џака,[39] тој бил автор на автогол, што бил јубилеен, десети автогол на турнирот, со што воедно бил и соборен рекордот на натпреварувањето, со оглед на тоа дека на Евро 2020 биле постигнати повеќе автоголови отколку на сите претходни изданија на турнирот заедно. Швајцарија го загубила четвртфиналето по изведување пенали, откако по регуларното време и продолженијата натпреварот завршил нерешено 1-1. Хронологија на репрезентативните настапиСтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 4 февруари 2022.
Репрезентативна статистика
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia